Росова Зависност
| Росова Зависност Ross Dependency |
||||
|---|---|---|---|---|
|
|
||||
| Гесло: нема | ||||
| Химна: нема |
||||
| Поважни бази | Скот (НЗ) Мекмердо (САД) |
|||
| Уредување | Нема | |||
| Новозеландска зависност | ||||
| - | Правото префрлено од Британија на Нов Зеланд | 1923 | ||
| - | Распон на исечокот | 160°И - 150° З | ||
| Површина | ||||
| - | Вкупна | 450.000 км2 | ||
| Население | ||||
| - | проценка за Сезонска | 10 - 801 200 - 1.0002 85 - 2003 0 - 904 |
||
| Валута | Новозеландски долар (NZD) |
|||
| Часовен појас | NZST (UTC+12) | |||
| - | (ЛСВ) | NZDT (UTC+13) | ||
| (сеп. до апр.) | ||||
| НИД | .nz, .aq | |||
| Повик. бр. | 64 2409 | |||
| 1 Скот 2 Мекмердо 3 Амундсен-Скот 4 Цукели |
||||
Росовата Зависност (англ. Ross Dependency) е територија на Антарктикот (и други копнени маси во Јужниот Океан) под управа на Нов Зеланд, кој воедно и полага право на неа. Подрачјето има облик на исечок кој започнува во Јужниот пол, минувајќи низ географска должина 160° ИГД до 150° ЗГД, и завршува на географска ширина од 60° ЈГШ. Зависноста е со големина на Шведска и го сочинува најголемиот дел од Кралството Нов Зеланд. Го носи името на истражувачот Џејмс Кларк Рос, кој го открил Росовото Море.
Зависноста е дел од регионот Викториина Земја, и речиси сета Росов Ледник. Кон Росовата Зависност припаѓаат и Росовиот Остров, Балените и малиот Скотов Остров, како и зармзнатиот Рузвелтов Остров.
Населеност [уреди]
Единствените постојани живеалишта во зависноста се научните бази Скот (Нов Зеланд) и Мекмердо (САД), ако не се брои базата Амундсен-Скот на самиот раб на територијата. Зависноста има една снежна писта на Вилијамс Филд, и зависно од условите и годишното време, две ледени писти. Ова ја гарантира пристапноста на авиони со тркала и скии во текот на целата година.
Секое лето Италија врши научни истражувања во нивната база Цукели во заливот Тера Нова, а од 1969 до 1995 Нов Зеланд имал летна база наречена Ванда во сувата долина на територија на зависноста.
Од 1987 до 1992 во Росовата Зависност организацијата Гринпис имала своја станица наречена World Park Base, која била сместена на Росовиот Остров. Бидејќи оваа база била невладина, земјите не смееле да пружаат поддршка и помош од било каков вид.
-
Топографска карта на Росовиот Остров
Белешки [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Нов Зеланд, Антарктикот и Јужниот Океан — Министерство за надворешни работи и трговија. Преглед на новозеландските активности (англиски)
- Антарктика Нов Зеланд — Владина установа задолжена за управа, развој и раководство со Росовата Зависност (англиски)
- 50-годишнина на поларната база Скот (англиски)
- Историја - Кантербериски универзитет (англиски)
- Веб-страница посветена на Јужниот пол (англиски)
|
|
|||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Наднационално ниво | Кралство Нов Зеланд | ||||||||||
| Национално ниво | Нов Зеланд | Токелау | Кукови Острови | Ниуе | Росова Зависност | ||||||
| Региони | 12 неунитарни региони | 4 унитарни региони | Четемски Острови | Кермадек | Субантарктички острови | ||||||
| Територијални единици | 16 градови и 57 окрузи | ||||||||||
| Белешки | Некои окрузи се протегаат низ повеќе од еден регион | Тука регионалните и територијалните единици се споени во едно | Специјална територијална единица | Места вон регионалните единици; овие, плус Четемските Острови и Соландеровите Острови, од Оддалечените новозеландски острови | Земји под управа на Нов Зеланд | Држави во слободно здружение со Нов Зеланд | Нов Зеланд се повикува на правото на оваа територија, но разрешувањето е замрзнато со Антарктичкиот договор | ||||
|
|||||
|
|||||||||||||

