Северна Ирска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за федералната единица на Обединетото Кралство. За други значења на поимот „Ирска“, видете Ирска (појаснување).
Северна Ирска во склоп на Обединетото кралство

Северна Ирска (на ирски: Tuaisceart Éireann) е регион, односно држава, во таканареченото Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Површината на Северна Ирска (13843 km²) е скоро еднаква на пола од површината на Република Македонија. Главен град е Белфаст.

Долго време веќе постој конфликт помеѓу Протестантските христијани на Северна Ирска и Католичкото малцинство. Протестанците сакаат Северна Ирска да остане во унија со Велика Британија а Католиците сакаат С. Ирска да се обедини со јужниот сосед, Република Ирска. Во минатиот век се оценува дека загинале 3.500 жители во врска со тероризмот во Северна Ирска од напади извршени од обете горноспоменати страни и со околу 50.000 повредени.


Знамето на С.Ирска


Северна Ирска во склоп на Обединетото кралство[уреди]

Северна Ирска го формира Обединетото Кралство заедно со Англија, Велс и Шкотска. Таа е единствена од четирите земји од Обединетото Кралство што не се наоѓа на островот Велика Британија туку на островот Ирска. Северна ирска има свои закони, пари и внатрешна организација. Но кога се работи за меѓународни збиднуванја е суверена земја само Велика Британија. Во Северна Ирска се зборува англиски и ирски. Главен и најголен град на Северна Ирска е Белфаст. Во Белфаст живеат околу 280.000 жители. Единствениот меѓународен аеродром од Северна Ирска се наоѓа кај главниот град Белфаст. Тој е еден од 11-те меѓународни аеродроми во Обединетото Кралство. Северна Ирска се наоѓа на Атлантскиот океан и на три мориња. Таа се граничи со Република Ирска. Број на населението во Северна Ирска изнесува 1,7 милиони жители. Густината на населението изнесува 120 жители на километар квадратен. Северна Ирска има атланска клима, на запад паѓа околу 2030 mm дожд, на југ и на југоисточниот дел паѓа околу 760-1010 mm годишно. Пролетта е најсува, а летото и зимата се најводени периоди во годината. Во зима скоро никогаш не врне снег. Просечната температура од април до септември изнесува околу 18 степени.

Административна поелба[уреди]