Свети Винцент и Гренадини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Saint Vincent and the Grenadines
Свети Винцент и Гренадини
Гесло"Pax et justitia"  (Латински)
"Мир и правда"
ХимнаSt Vincent Land So Beautiful
Главен град Кингстаун
13°10′ СГШ 61°14′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Уредување Парламентарна демократија и уставна монархија
 -  Монарх Елизабета II
 -  Генерален гувернер Фредерик Балантајн
 -  Премиер Ралф Гонсалвес
Независност
 -  од Обединетото Кралство 27 октомври 1979 
Површина
 -  Вкупна 389 км2 (201-ва)
 -  Вода (%) н/п
Население
 -  проценка за 2008 120,000 (182-ра)
 -  Густина 307 жит/км2 (39-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $1.086 милијарди[1] 
 -  По жител $10,150[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $601 милиони[1] 
 -  По жител $5,615[1] 
ИЧР (2007) 0.761 (среден) (93-та)
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас (UTC-4)
Се вози на лево
НДД .vc
Повик. бр. +1-784

Свети Винцент и Гренадини, скратено СВГ, (англиски: Saint Vincent and the Grenadines) е држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 389 километри квадратни со вкупно население од 120.000 жители. Државата е составена од островот Свети Винцент и две третини од островите Гренадини, каде една третина припаѓа на Гренада.

Северно од Свети Винцент и Гренадините се наоѓа државата Света Луција, источно се наоѓа Барбадос, додека јужно од истата се наоѓа државата Гренада. Главен град на земјата е Кингстаун со официјален јазик англиски. Низ историјата, таа била колонија и на Франција и на Велика Британија.

Етимологија[уреди]

Островот Свети Винцент се стекнал со истото име уште со доаѓањето на Кристофер Колумбо на островот. Имено, тој стигнал на островот на 22 јануари 1498 година кога бил празникот на Свети Винцент од Зарагоза — покровител на Португалија. Претходно островот се викал Хаироун. Понекогаш на македонски државата и островите се именуваат ако Свети Винсент и Гренадините.

Историја[уреди]

Географија и клима[уреди]

Карта на СВГ.

Свети Винцент и Гренадини е островска држава составена од неколку острови. Државата се наоѓа во Средна Америка, поточно дел е од островите Мали Антили. Јужно од државата се наоѓа Гренада, додека северно е Света Луција. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно се наоѓа Атлантскиот Океан. Најголем остров е Свети Винцент со вкупна површина од 344 километри квадратни, додека останатите помали острови Гренадини зафаќаат површина од 45 километри квадратни, но јужните островчиња од Гренадините се под контрола на Гренада. Главен град на државата е Кингстаун и државата има вкупно население од 120.000 жители.

Острови[уреди]

бр. остров адм. центар други нас. места површина  (km²) население
1 Острови Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.8 109010
1.1 Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.7 109000
1.2 Јанг Јанг Ајланд Илја де Форт, Саут Поинт, Сансет Поинт 0.07 10
1.3 останати острови Кау и Калвс 0.03 0
2 Гренадини Порт Елизабет Довер, Дерик, Ештон,Бедно, Чарлстаун, Клифтон, Френдшип, Ловел, Олд Вол, Пеџет Фарм, Хамилтон 47.23 11000
2.1 Бекија Порт Елизабет Хамилтом, Белмон, Пеџет Фарм, Дерик 17.00 5900
2.2 Петит Невис Ејлин Кориа 0.29 0
2.3 Кватр Гранд Беј Mitchell mansion 1.52 0
2.4 Бетовија Лендинг Поинт 0.71 0
2.5 Балисо Лендинг Беј 1.29 0
2.6 Мустик Ловел Британија Беј, Довер 5.70 800
2.7 Петит Мустик 0.40 0
2.8 Саван Норт Поинт 0.11 0
2.9 Петит Кануан 0.20 0
2.10 Кануан Чарлстаун |Иненс Беј, Глоси, Тафија, Френдшип, Барбрус, Рили Беј, и др. 7.60 1200
2.11 Меро Олд Вол Ланс Бандо, Солтвисл Беј, Салин Беј, и др. 2.10 280
2.12 Тобаго Петит Бато Петит Рамо, Барадол, Петит Тобак 0.25 0
2.13 Јунион Ајланд Клифтон Ештон 9.00 2700
2.14 Мопион 0.002 0
2.15 Петит Сент Винсент Телескоп Хил Вест Енд Бич, Карибијан Бич, Винди Хил, Крос Поинт, Атлантик Бич, и др. 0.46 80
2.16 Палм Ајланд Кактус Хил Сансет Грил Бич, Норт Бич 0.54 30
2.17 останати острови Пиџн, Пилорис, Ребит, Доув, Кетолик, Пунес 0.06 0
  Свети Винцент и Гренадини Кингстаун Џорџтаун, Виара Вилиџ, Бијабу, Порт Елизабет, Шатобеле 390 120000

Политички систем[уреди]

Свети Винцент и Гренадини е уставна монархија каде шеф на државата е кралицата Елизабета II. Таа во државата е претставена од генералниот гувернер, кој моментално на таа позиција е Фредерик Балантајн.

Гувернерот има церемонијална улога. Контролата на владата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Моментален премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Државата нема формална армиска војска, но присутна се кралските полициски сили на Свети Винцент и Гренадини.

Административна поделба[уреди]

Парохии на СВГ.

Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.

парохија главен град
Шарлот Џорџтаун
Гренадини Порт Елизабет
Сент Ендру Лају
Сент Дејвид Шатобелер
Сент Џорџ Кингстаун
Сент Патрик Баруали

Економија[уреди]

Кингстаун.

Земјоделството е доминантна гранка во стопанството и производството. Покрај тоа, во државата има и сектор за услуги, кој се базира на туризмот. Владата не била многу успешна во промоција на нови индустриски гранки и има висок степен на невработеност од 22%. Туризмот во државата има голем потенцијал за развој. Бидејќи филмот Пиратите од Карибите се снимал во оваа држава, тоа резултирало зголемен туризам.

Демографија[уреди]

Бекија.

Вкупното население на Свети Винцент и Гренадини изнесува 118.149 жители според пописот од јуни 2008 година. Етнички, 66% од населението е црно, 6% се Индијци, 19% мешано население, 2% се староседелско население, 4% се бело население и 3% останато. Голем дел од населението е со африканско потекло кое било донесено на островите за работа на плантажи. Државата има голем степен на емиграција.

Официјален јазик во државата е англискиот јазик, но голем број од населението зборува Винцентски креолски јазик.[2][3][4] Англискиот се користи во образованието, религијата и останатите општествени институции.

Голем дел од населението се Христијани.

Култура[уреди]

Карта на Гренадините.

Музиката на Свети Винцент и Гренадините вклучува големи тапани, калипсо, сока и други инструменти. Популарни во државата се бендовите. Најпознат меѓународен пејач е Марлон Рудет, водечки вокал на групата Mattafix позната по хитот „Big City Life“.

Наводи[уреди]

Додатни информации[уреди]

  • Bobrow, Jill & Jinkins, Dana. 1985. St. Vincent and the Grenadines. 4th Edition Revised and Updated, Concepts Publishing Co., Waitsfield, Vermont, 1993.
  • CIA Factbook entry
  • Gonsalves, Ralph E. 1994. History and the Future: A Caribbean Perspective. Quik-Print, Kingstown, St. Vincent.
  • US Dept of State Profile
  • Williams, Eric. 1964. British Historians and the West Indies, Port-of-Spain.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Друго