Свети Винцент

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења, видете ја страницата за појаснување.
Свети Винцент
Изворно име: 'Yurumei или Hairouna'
Податотека:Satellite imagery of the Island of Saint Vincent.JPG
Сателитска снимка на островот.
Географија
Местоположба

Карипско Море на запад

Атлантски Океан на исток
Координати 13°15′ СГШ 61°12′ ЗГД / 
Архипелаг Приветрени Острови
Површина 345 км2
Највисока точка Суфриер
1234 м.
Земја
Свети Винцент и Гренадини
парохии 6
гласачки места 15
Најголем град Кингстаун (нас. 25,418)
Демографија
Население 120,000 (2005)
Густина 347,83 /км2
Народности Црнци 66%, Индијци 6%, Карипци 2%, мешани 19%, Белци 4%, други 3%.

Свети Винцент (англиски: Saint Vincent) е вулкански остров во Карипското Море. Островот е дел од Карипските Острови, поточно дел од подгрупата на Приветрени Острови. Административно и политички, Свети Винцент е дел од државата Свети Винцент и Гренадини, каде е и најголем остров. Западно од островот се наоѓа Карипското Море, источно се наоѓа Атлантскиот Океан, јужно од островот е Гренада, а северно Света Луција. Островот е составен од делумно потопени вулкански планини. Доминантна географска карактеристика на Свети Винцент е вулканот Ла Суфриер, кој е сè уште активен.[1] Свети Винцент има вкупна површина од 345 километри квадратни и население од од 120.000 жители според податоците од 2005.

Островот во минатото бил под француска и британска колонијална власт. Французите и Британците имало спор за тоа чиј е островот, особено за време на 18 век. Во 1783 година островот потпаднал под британска власт, која кратко време ја изгубила власта, за да во 1783 година ја воспоставила власта повторно. Островот се стекнал со независност на 27 октомври 1979 година. Главен град на островот е Кингстаун со околу 25.418 жители. Покрај Кингстаун, на островот се наоѓаат и следниве населени места: Леју, Баруалје, Шатобле, Џорџтаун, Калика и Маријака Вели.

Етимологија[уреди]

Островот бил населен од Карипци долго време пред доаѓањето на Кристофер Колумбо во 1498 година. Карипците го нарекувале островот Хаироуна. Колумбо го именувал островот како „Свети Винцент“ бидејќи го „открил“ на 22 јануари, денот на Винцент од Сарагоса - патрон на Португалија.

Демографија[уреди]

Народот од Свети Винцент се нарекува Винценќани.Најголем дел од населението се Црнци. На островот живее и малобројно бело население, кои воглавно се Англичани и Французи кои останале уште од колонијалниот период. На Свети Винцент живее и индиска етничка заедница.

Според податоците од 2008 година, на островот имало 118.000 жители со просечен природен раст од 0.5%. Најголема религија на островот е Христијанството, од кои 47% се Англикани, 10% се Методисти, 13% се Католици, како и Протестанти и Адвентисти. На островот има и мала хинду-заедница.

Писменоста на островот според 2004 година била 88.1%. Смртноста на новороденчињата во 2006 година била 17 на 1000 новороденчиња. Животниот век за мажите е 69 години, а за жените 74 години.Активната работна снага на островот за 2006 била 57,695 жители, а невработеноста за 2004 била 12%.[2]

Географија[уреди]

Податотека:Relief Map of Saint Vincent.jpg
Топографска карта на островот.

Свети Винцент е 29 километри долг, а 18 километри широк. Островот се наоѓа на 100 милји (~120 км) од Барбадос. На островот се наоѓа вулканот Ла Суфриер, доминантна географска карактеристика. Вулканот е сè уште активен, а последен пат бил активен на 13 април 1979 година. Островот е доста планински и покриен со шума. Свети Винцент е дел од Малите Антили, поточно дел од Приветрените Острови. Свети Винцент има вкупна површина од 344 километри квадратни или 88% од вкупната површина на државата. Островот има вкупна должина на брегот од 84 километри. На островот има тропска клима со просечна температура од 18 до 31 степен.

На островот има места кои се карпести со плажи прекриени со црн песок. Црниот песок, кој е настанат од вулканската активност, е главна компонента на повеќето од плажите на островот, односно 95% од островот. Црниот песок со години се користел за градежната индустрија. Сепак, државата во последните години го ограничила ископувањето на песокот.

Острови[уреди]

бр. остров адм. центар други нас. места површина  (km²) население
1 Острови Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.8 109010
1.1 Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.7 109000
1.2 Јанг Јанг Ајланд Илја де Форт, Саут Поинт, Сансет Поинт 0.07 10
1.3 останати острови Кау и Калвс 0.03 0

Политика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ Свети Винцент и Гренадини.

Главен град на државата и островот е Кингстаун. Државата е независна парламентарна демократија која е член на Комонвелтот. Извршната власт е претставена од генералниот гувернер, премиерот и кабинетот на министри. Сегашниот премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Законодавниот дом е еднодомен. Собранието има 15 членови избрани на избори и 6 назначени сенатори.

Административна поделба[уреди]

Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.

парохија главен град
Шарлот Џорџтаун
Гренадини Порт Елизабет
Сент Ендру Лају
Сент Дејвид Шатобелер
Сент Џорџ Кингстаун
Сент Патрик Баруали

Наводи[уреди]

  1. Rogozinski, Jan (1999). „A Brief History of the Caribbean“ (Revised издание). New York: Facts on File, Inc.. стр. 358–359. ISBN 0-8160-3811-2. 
  2. „Saint Vincent and the Grenadines“. U.S. Department of State. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/2345.htm. конс. 27 јули 2009. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]