Кристофер Колумбо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Кристофер Колумбо
Ridolfo Ghirlandaio Columbus.jpg
Портрет на Кристофер Колумбо
Роден 1451
Џенова, Италија (иако оспоруван)
Починал 5 (1507) (возраст 55)
Валјадолид, Кастилја
Националност Џенова (иако оспорувано)
Други имиња Џеновски: Christoffa Corombo
италијански: Cristoforo Colombo
каталонски: Cristòfor Colom
шпански: Cristóbal Colón
португалски: Cristóvão Colombo
латински: Christophorus Columbus
Занимање Поморски истражувач од Кастилја
Звање Адмирал на Атлантски Океан;
Вероисповед Римокатоличка
Сопружник/ци Филипа Мониз (1476-1485)
Деца Диего
Фернандо
Роднини Џовани Пелегрино, Гиакомо и Бартоломео Колумбо (браќа)
Потпис
Columbus Signature.svg

Кристофер Колумбо (италијански: Cristoforo Colombo) (1451 - 20 мај 1506) бил истражувач и адмирал од Џенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500] и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот трет пат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лајф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбов ден) се слави во САД и наоколу во светот.

Патувањата[уреди]

Прво патување[уреди]

Првото патување
Колумбо во освојување на „Новиот Свет“, хромолитограф направен од Prang Education Company во 1893.

Вечерта на 3 август, 1492, Колумбо отпловил од Палос со три бродови, „Св. Марија“, „Ниња“, и „Пинта[1]. Бродовите биле во власништво на Хуан де ла Коса и браќата Пинзон (Мартин и Виченте Јањез), но монасите ги присилиле жителите на Палос да придонесат кон експедицијата. Колумбо најпрво допловил до Канарските Острови кои биле во власништво на Кастиља. Таму бродовите ги дополниле залихите и направиле поправки, а на 6 септември тргнале во петтонеделно патување преку Атлантскиот океан.

Според некои легенди, посадата била толку исплашена и тагувала за нивните домови да се заканила дека ќе отпловат назад кон Шпанија. И покрај тоа што вистината не се знае, сепак се верува дека морнарите се изјасниле во форма на жалби и сугестии.

По 29 денови без да видат копно, на 7 октомври, 1492 (запишано во бродскиот дневник), посадата приметила птици како летаат накај запад и веднаш го променила правецот за да ги следат птиците накај копното.

Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на 12 октомври од морнарот Родриго де Триана (исто познат како Хуан Родригез Бермехо) на бродот „Пинта“.[2] Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните Бахами), и покрај тоа што домородците го нарекувале Гуанахани. Сеуште не се знае кој од бахамските острови бил островот на којшто Колумбо се истоварил. Претпоставките се Самана Ки, Плаја Ки, или Сан Салвадор кој во 1925 бил наречен така бидејќи се верувало дека токму тој бил островот на којшто Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на кои што наишле, Лукајанците, Таините, или Араваците биле мирољубиви и пријателски расположени. Колумбо ги надгледувал домородците и како тие живееле.

Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на Куба на 28 октомври а подоцна, на 5 декември и на северниот брег на Хиспањола. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „Ла Навидад“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција.

На 5 јануари, 1493, Колумбо запловил накај дома преку Азорите. Пловел низ силни ветришта и поминал низ силна олуја. Откако го напуштил островот Св. Марија во Азорите, Колумбо се упатил кон Шпанија, но, уште една олуја го принудила да се упати кон Лисабон. Се вкотвил веднаш до патролниот брод на кралот на 4 март, 1493 каде што дознал дека 100 бродови ги снемало во олујата. Кралот на Португалија, Жуао II не бил во Лисабон, па Колумбо му напишал писмо и чекал на одговор. Кралот побарал да се најдат во Вале до Параисо (северно од Лисабон). Некои историчари тврдат дека Колумбо намерно се истоварил во Португалија.

Португалија и Кастиља не биле во најдобри односи во тоа време. Колумбо отишол да се сретне со кралот во Вале до Параисо. Откако поминал една недела во Португалија, се упатил со брод накај Шпанија. Нековото пронаоѓање на ново копно брзо се прочуло низ Европа. Колумбо стигнал во Шпанија на 15 Март.

Во Шпанија Колумбо бил пречекан како херој. Таму на кралската фамилија им прикажал киднапирани домородци, злато коешто го нашол во новите територии, како и претходно непознатите тутун, ананас, мисирки, и најголемиот хит меѓу морнарите, хамокот. Колумбо не донел никакви зачини. Во неговиот дневник, Колумбо напишал дека во новите територии има многу „аји“, тип на пипер кој е повреден од црн пипер и е многу јаден од локалното население.

Во неговото прво патување, Колумбо ги посетил Сан Салвадор во Бахамите (за кои бил убеден дека се Јапонија), Куба (која мислел дека е Кина) и Хаити (каде што нашол злато).

Второто патување[уреди]

Второто патување

На 24 септември, 1493, адмиралот Колумбо тргнал од Кадиз, Шпанија со 17 бродови и посада од 1200 луѓе со цел да го конолонизира новооткриениот регион.

Третото патување и апсењето[уреди]

Третото патување

На 30 мај, 1498, Колумбо тргнал за трет пат кон новиот свет. Овој пат зел шест бродови, а со него патувал и младиот Бартоломеј де Лас Касас. Бартоломеј подоцна ќе биде извор на делови на капетанските дневници на Колумбо.

Четвртото патување[уреди]

Четвртото патување

Колумбо патувал и по четврти пат со наводна цел да го пронајде патот до Индискиот Океан преку теснецот Малака.

Роден во 1450, Кристофер Колумбо е прикажан во единствениот државно спонзориран потрет, насликан од Алехо Фернандез помеѓу 1505 и 1536. Фотографијата е направена од историчарот Мануел Роса.

Наводи[уреди]

  1. Извори тврдат дека на бродовите никогаш официјално не им биле дадени имиња({факт})
  2. Клементс Р. Маркам, изд., Дневникот на Кристофер Колумбо (за време на Неговото Прво Патување, 1492-93), Лондон: Оптеството Хаклујт, 1893, стр. 35.