Араваци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аравачанка од Џон Гејбриел Стедман

Араваците („Аравак“, од ару, лукајскиот збор за брашно од маниока) — народ на Карибите едни од првите доселеници од Западните Инди. Групата припаѓа на аравачкото јазично семејство. Тие биле луѓето што Кристофер Колумбо ги сретнал кога првпат стапнал во Америка во 1492. Шпанците ги опишале како мирен примитивен народ.[1]

Арава луѓето ги вклучуваат и Таинците, кои ги населиле Големите Антили и Бахамите, Непоја и Супоја од Тринидад, и Ињери кои се претпоставува дека биде претходници на Карибјаните од Малите Антили, кои живееле на источниот брег на Јужна Америка, до Бразил.

Прва средба со Европејците[уреди | уреди извор]

Се верува дека првото племе што Кристофер Колумбо го сретнал кога пристигнал на островот кој тој го нарекол Св. Марија на зачнувањето (Santa María de la Concepcion) биле индијанците Араваци. Колумбо забележал во својот бродски дневник:

„сабота, 13 октомври 1492: ... Тие ни донесоа топки памук и папагали и други ситни работи кои би било досадно да ги наведувам, и разменија сè со сè што им понудивме. Ги држев очите отворени да откријам дали има злато, и видов дека некои од нив носеа мало делче закачено за дупка во носовите. Од нивните мимики сфатив дека ако одиш јужно или околу јужниот дел на островот, таму има крал со големи грниња полни со тоа, огромни количини. Се обидов да ги убедам да дојдат таму со нас, но видов дека идејата не им се допадна... недела, 14 октомври 1492:...овие луѓе малку знаат за војување, како што Вашето Височество ќе може да забележи од седумтемина што ги заробив да дојдат со нас, за да ги научиме да го зборуваат нашиот јазик и да ги вратиме, освен ако наредбите на Вашето Височество не се сите тие да бидат однесени во Шпанија или пак чувани како заробеници на самиот остров, бидејќи со 50 луѓе можеме да ги натераме да прават што сакаме.“ [2]

На 17 февруари 1627, капетанот Хенри Пауел од бродот "Olive Blossom" (кој станал првиот англиски гувернер на островот Барбадос) почнал да го населува островот. По некое време тој донес околу 30 Араваци од Гвајана да работат.[3]

До 1739 Диариум фон Пилгерхут и неговиот германски (моравски) сопатници стигнале на упориштето Форт Насау на реката Бербис. Од Хеинрик Бутел можеме да научиме нешто за селанците што ги сретнал:

Навикнати од топлината од прашумите, Араваците живеат без облека. Мажите никогаш не работеле во градината или пак дома. Тие само ловеле, и оставале жените да го сработат остатокот. Дури и бремените жени, или оние кои чувале малечки бебиња работеле додека мажите лежеле на лежалките под сенка. Кога ги прашавме дали сакаат стапат во брак, одговорија дека не им се брза. Индијанците биле почисти од Европејците. Верувајќи дека потта го ослабува телото, се бањале често во текот на денот. Во нивните куќи – сламени засолништа без ѕидови – седеле на чист песок, и се однесувале еден кон друг многу учтиво. Младите ги нарекувале своите родители или постарите – почитуваните. Постарите луѓе ги викале младите момчиња – згодните и им требало некое време додека ги сфатат европските звања за жени, девојчиња и деца и да почнат да ги употребуваат. Иако Аравак луѓето немале збор за понизност, сепак веднаш се препознавало однесувањето. Никој не смеел да гледа во лицето на тој што зборува, како куче. Туку требало да стане а другите да седнат. Кај Араваците, гостопримството секогаш подразбира заедничко јадење и пиење, дури пиење на ферментирана маниока, одржување на љубовни веселби и борење на фестивалите.

Собир на Араваци во Махајкони (1844).

Селаните покажале интерес за учење па наскоро двајца научиле да читаат па потоа им држеле часови на останатите и исто така им помогнале на патувачите да преведуваат песни од Германија. Араваците, сепак немале концепт што е добро или лошо според европските норми, па едвај ги разбирале концептите како величање и верба, но знаеле што значело непочит. Тие живееле според строги етики. Наскоро колибата на патувачот со своите дневни, час и половина долги, состаноци (месечно целодневни состаноци) привлекувала до 150 селани. За време на бербата на маниока, или кога имало труење на рибата во рекие, тие пееле германски и аравачки песни. Ретко, за време на вечерните состаноци, верниците забележувале нови лица помеѓу толпата – не Араваци, туку Карибјани и Њарауси држејќи долги копја. Во 1748 година, првата аравачка свадба во „европски стил“ била одржана во Пилгерхат.[4][5]

Пред 1881, кога Чарлс Даниел Денс напишал во својата книга: Поглавја од долгата Гвајанска книга, забележал дека „Децата зборуваа на холандски дијалект покрај нивниот аравачки јазик; и заедно со холандски професор не беше тешко да се открие начинот на кој тие ги читаат англиските ччетива.“[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

На островите во Карипската област, Таинците многу лесно одгледувале житни растенија во конуко – големи купови од земја кои им служеле како место за одгледување на зеленчук. Тие го покривале конукото со лисја за да обезбедат храна за почвата како и спречување на нејзина ерозија. Саделе и разновидни житни растенија за да се осигураат дека некои од нив ќе пораснат и ги собирале без разлика кое годишно време било. Јука (маниока) била главната хранаа. Растението расте со малку грижа во тропска клима. Таинците одгледувале и пченка, невообичаено за Карипските островјани. Тие употребувале големи, стабилни силави кога тргувале со средноамериканските цивилизации и интеростровското патување но употребувале помали, побрзи но понестабилни чунови за внатрешноостровска трговија. Таинските жени се занимавале со земјоделство и околу домот, додека мажите најчесто биле воини.

Култура[уреди | уреди извор]

Таинците изработувале разни предмети и играле игри. Една од тие игри наречена Арито (вклучувала религиозни церемонии како и игра слична на фудбалот) била играна во Батеи (игралиште во вид на арена со големи стоечки столбови исцртани со слики од таинската религија). Таинците ја посветиле нивната енергија кон креативни активности како поезија, плетење на кошници, изработување дури и на камени скулптури. Мажите и жените ги боеле своите тела и носеле накит направен од злато, каме, коски и школки. Тие исто така учествувале во неформални слави и танци. Таинците пиеле алкохол од ферментирана пченка и употребувале тутун за верски обреди.

Таинците ја измислиле лежалка меѓу две дрва и Шпанците ги откриле први овие лежалки на островот што подоцна ќе го наречат Хиспаниола. Лежалките биле присвоени како соодветни средства со што се зглемувал и бројот на екипаж на бродовите и ги подобрил санитарните услови во одделите за спиење (креветите им биле направени од стара слама- која порано била многу често употребувана, но бргу гниела и ја напаѓале паразити во пренаселените оддели за екипажот). Лежалките направени од памучен материјал можеле лесно да се исперат ако се извалкале и биле силни и издржливи.

Роберт Гордон Латам, во своите предавање во февруари 1851 на етнологијата на Индијанците од Британска Гвајана напишал:

„Pe-i-man е нивниот шаман. Тој им дава имиња на децата – по размислување. Ако не успее, новороденчето нема да биде крстено а со тоа се смета дека ќе биде подложно на секакви несреќи. Измамата била наследна, и кога синот на маѓесникот ќе влезел во својата 12 година, на неговото десно уво му ставале пирс, требало да носи прстен, и му биле доверувани тајните на занаетот".[7]

Намалување на населението[уреди | уреди извор]

Епидемијата предизвикана од сипаници и други болести од Европа, комбинирани со строгите политики на Шпанија во врска со робството, повторното населување и одделувањето од семејствата, резултирале со драстичен пад на Таинците за неколку децении од првиот контакт.[8] Нападите од карипските племиња и лошиот третман од Европејците го забрзале процесот. Иако таинското општеството доживеало уништување од европската експанзија, а некои со нивна крв сè уште постојат помеѓу новите доселеници од африканските племиња.

Фредерик Албион Обер, по своето прво патување во јули 1898 до Западните Инди рекол:

„... варварски факт. Кога античките Карибјани дошле тука од југот, тие дошле како освојувачи, и ги убивале сите мажи кои им паѓале во рацете. Но ги оставале жените и децата..."[9]

Преживеани[уреди | уреди извор]

Додека само Карибјаните преживеале покрај сите изворни антилски населенија како Кибоните, Таинците и Карибјаните, Араваците преживеале во Јужна Америка. Неколку стотици илјади живеат во Венецуела, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана, и околу 300.000 вајкуански Араваци живеат во Колумбија со 150.000 Вајуанци во соседната област на Венецуела.

Мнозинството на населенија од Аруба, Порторико, во Хиспаниола, Доминиканската Република и дел од населението на Хаити, влечат корени делумно од Араваци, Таинци-во случајот на Доминиканската Репулбика и Порторико а до помал степен Кибони-во Хаити. Кибоните претставуваат една рана предаравачка група што била најдена низ Карибите. Тие биле избркани од помалите островчиња на Малите Антили и до запад сè до Хиспаниола, кај Таинците. Таинскиот/аравачкиот јазик се зборува во Јамајка, Хаити, Домениканската Република, Куба, Бахамите, Санта Луција, Гренада и Доминика од неколку лица во денешно време.

Скорешните ДНК студии[10] покажале дека мнозинството луѓе во Порторико ги имаат за предци Таинците/Араваците луѓето. Оваа студија, спроведена под таинскиот проект за геном започнат во 1999 потпомогнат од Националната научна фондација, ги тестирала митохондриите на луѓето од островот и било заклучено дека 62% од порториканците денес се потомци на Америндијанците.

Во Куба, пак, Гванајатабеите (изворно име на Кибоните) продолжиле да го говорат својот јазил. Преведувачот на Колумбо (бил Таинец) не можел да ги разбере кога тие стигнале на Куба. Името Кибони им било дадено од Таинците што живееле на Хиспаниола. Таинците луѓето ги користеле остатокот од Кибони населението како робови. Постојат исто така преживеани аравачки населенија во Санта Луција и во други области во Карибите. Постојат и чистокрвни Араваци во Куба, Доминиканската Република, Тринидад, Хаити, Јамајка, Порторико, Бахамите и Гренада. Но има и неколку изолирани заедници во Амазонскиот Басен во Гвајана, Бразил и Венецуела.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Skull Wars" Thomas, David Hurst. Pp 5-6
  2. Cummins, John (1992). The Voyage of Christopher Columbus. New York: St. Martin's Press. стр. 241. ISBN 0312078803.
  3. JBMHS (1970). „Petition of Captain Henry Powell“. The Journal of the Barbados Museum and Historical Society. 1. Barbados: Museum and Historical Society. 33: 111–136.
  4. The Christian Observer (јан 1833), Том 3 бр. 1. Piccadilly, London: J. Hatchard and Sons. стр. 145
  5. Германецот Теофил Шуман посветува доста време изучувајќи го јазикот на Араваците со цел да преведе делови од Библијата на овој јазик. За Араваците пишува во едно писмо испратено до Лудвиг фон Цинцердорф на 27 декември 1748. (See Hoover, Peter (1990). Behold The Lamb: The Story of the Moravian Church. Unknown. стр. 177–178.
  6. Dance, C. D., (1881). Chapters from a Guianese log-book, Royal Gazette.
  7. Latham, Robert Gordon,(1851). The ethnology of the British colonies and dependencies - Indians of British Guiana, London: John van Voorst, pp.259
  8. Sauer, Carl Ortwin (1966). The Early Spanish Main. Berkeley: University of California Press.
  9. Ober, F. A., (1900). The storied West Indies, D. Appleton and Company, pp.68
  10. Veran, Cristina (22 September 2003). Born Puerto Rican, born (again) Taino?.... Colorlines Magazine. Huntingdon Valley, PA: www.thefreelibrary.com. Посетено на 22 September 2003.