Куба

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Република Куба
República de Cuba
Знаме на Куба Грб на Куба
(Знаме) (Грб)
Парола: Patria o Muerte
 официјален јазик            = шпански
Химна: El Himno de Bayamo
Локација на Куба
Официјален  јазик: {{{официјален јазик}}}
Главен град: Хавана
Претседател: Фидел Кастро
Премиер: [[]]
Површина:
 - вкупно:
 - % вода:
{{{површина ранг}}}. по големина
110 861 км km²
?%
Население:
 - вкупно (2004):
 - Густина:
73. по големина
11 308 764
102/km²
Независност: од Шпанија, 9 јули 1816 објавена Кубанска република 20 мај 1902
Валута: Кубанско песо (CUP))
Временска зона: UTC ?
Интернет домен: .cu
Повикувачки број: +53

[уреди] Природни одлики на Куба

Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е ограничена со водите на Атлантскиот Океан на исток,Мексиканскиот Залив на север, и Карпиското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.

Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Премин најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Канал до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.

Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.


[уреди] Население и стопански одлики на Куба

Населението во Куба го сочинуваат главно доселеници од Шпанија. По своето државно уредување таа е социјалистичка земја. Главен град на државата е Хавана. Главно занимање на населението е земјоделството.

Од полјоделските култури во Куба најмногу се одгледува шеќерна трска, потоа: тутун, кафе, ананас, банани, лимони, портокали и др. По производство на шеќер Куба го зазема првото место во светското производство. Во помали количини се одгледува: пченка, ориз, градинарски производи, овошје и др. Рудното богатство во Куба се состои од големи резерви на железна руда (околу 3,5 милијарди тони), потоа на: бакар, хром, манган, злато, нафта и др. На основа на рудното богатство многу индустриски гранки се во развој. Од нив најразвиени се прехранбената (производство на шеќер во повеќе од 200 фабрики), потоа тутунската, текстилната, хемиската, градежната индустрија и др. Во поново време подигнати се повеќе рафинерии на нафта и др.

Во надворешната трговија Куба извезува: шеќер, кафе, пури, ананас, банани и др. а увезува: машини, автомобили и др.

Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат се поголем број туристи.

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Други јазици