Викинзи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Викиншкиот брод Гокштад на изложба во Осло, Норвешка

Викинзите биле воинствени припадници на Норманите, страствени корисници на бродови, истражувачи и трговци. По потекло биле од Скандинавија, но помеѓу доцниот 8 и 11 век успешно напаѓале, освојувале и пљачкале места на бреговите на Британија, Франција и други делови од Европа. Периодот на европска историја помеѓу 793 и 1066 година често се нарекува „викиншко доба“.

Викинзите биле познати по нивните долги бродови и способности за навигација. Во рок од неколку стотина години тие успеале да ги колонизираат бреговите и реките на Европа, Шетландските Острови, Оркниските Острови, Фарските Острови, Исланд, Гренланд како и привремено (околу 1000 година), Њуфаундленд.[1]. Истовремено успеале да пљачкаат и тргуваат јужно дури до Северна Африка а источно до Русија и Константинопол. Викиншките патешествија почнале да се намалуваат откако христијанството се проширило низ Скандинавија во доцниот 10 и 11 век. Викиншкото доба се вели дека завршило со битката на мостот Стемфорд во 1066 година.

Во 18 век, зборот викинг почнал да се користи во англискиот јазик со романтични конотации. Етимолозите тврдат дека првата употреба на зборот потекнува од англо-француските писатели; тие го употребувале зборот „víkingr“ за некој што напаѓал (правел рации) и пљачкал. [2] Во модерните скандинавски јазици, поимот викинг се користи за луѓе кои оделе на викиншки експедиции, без разлика дали тие биле за воена или трговска намена. Во денешниот англиски јазик, зборот викинг најчесто се користи да опише било кои Скандинавци од викиншкото доба. Пред-христијанските скандинавци исто се нарекуваат Нормани.

Во англискиот јазик, фразата „to go a-viking“ значи да се напаѓа, да се направи рација. Самиот збор се состои од два дела: вик (залив) и инг (потекло). Со други зборови, зборот вик-инг буквално значи „тие што живеаат во заливот“.

Надворешни врски[уреди]