4 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Март 2014 4 март е 63-иот ден во годината според григоријанскиот календар (64-и во престапна година). Остануваат 302 денови до крајот на годината.

Настани:

1789  Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933  Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата „нова политика“, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1945  Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952  Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965  Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965  При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

Родени:

1188  Бланка Кастилјска — сопруга на кралот Луј VIII.
1678  Антонио Вивалди — венецијански свештеник и композитор.
1878  Пјотр Демјанович Успенски — руски философ.
1934  Александар Митевски — македонски поет.
1935  Бент Ларсен — дански шахист.
1954  Кетрин О'Хара — американска актерка.
1954  Франсоа Фијон — француски премиер.
1965  Халед Хосеини — авганистански писател и лекар.
1968  Киријакос Мицотакис — грчки политичар.
1983  Зоран Балдовалиев — македонски фудбалер.
1985  Хрвоје Чале — хрватски фудбалер.

Починале:

254  Луциј I — римски папа.
561  Пелагиј I — римски папа.
1193  Саладин — курдски државник и воен водач.
1805  Жан Батист Грез — фрацуски класицистички сликар.
1832  Жан Франсоа Шамполион — француски научник.
1852  Николај Васиљевич Гогољ — руски писател, хуморист и сатиричар.
1974  Михаил Тихонравов — советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит „Спутник 1“.
1996  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември