31 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< март >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

31 март е 90-иот ден во годината според григоријанскиот календар (91-и во престапна година). Остануваат 275 денови до крајот на годината.

Настани:

1492  Кралицата Изабела I од Кастилја го издала Декретот од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети.
1889  Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.
1918  Летното сметање на времето за првпат се применува во САД.
1931  Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе.
1951  Првиот комерцијален компјутер УНИВАК-I е испорачан во Бирото за попис на САД.
1979  Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од Малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата.

Родени:

1499  Папа Пиј IV, римски папа.
1519  Анри II, крал на Франција.
1596  Рене Декарт, француски философ, математичар и физичар.
1675  Папа Бенедикт XIV, римски папа.
1732  Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор.
1809  Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.
1850  Чарлс Волкот, американскиот палентолог.
1981  Никола Карчев, македонски фудбалер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември