Рене Декарт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Рене Декарт од Франс Халс

Рене Декарт (фр. René Descartes, Хаг, 31 март 1596Стокхолм, 11 февруари 1650), истотака познат и како Картезиус, работел како философ, физичар и математичар. Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.

Неговите дела претставуваат основа на модерната философија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се „Принципи на философијата“, „Расправа за методите“,„Медитации“ и „Геометрија“.

Декарт, понекогаш нарекуван основач на модерната философија и татко на модерната математика, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици како и следните генерации на философи.

Неговата најпозната реченица е cogito ergo sum, што значи „Мислам, значи постојам“.