20 март
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | март | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | ||||||
20 март е 79-иот ден во годината според григоријанскиот календар (80-и во престапна година). Остануваат 286 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1602 | Создадена е Холандиската источноиндиска компанија |
| 1616 | Волтер Роли бил ослободен од Лондон тауер по 13 години затвор |
| 1760 | Избувнал голем пожар во Бостон. |
| 1792 | Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување |
| 1815 | Наполеон Бонапарта со 140.000 војска влегува во Париз |
| 1848 | Германска револуија (1848): баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот |
| 1861 | Голем земјотрес го зафатил градот Мендоза, Аргентина |
| 1933 | Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор. |
| 1956 | Франција ја призна независноста на Тунис. |
| 1991 | Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш. |
| 1991 | По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев. |
| 1992 | Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски. |
| 1996 | Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство. |
| 1996 | Излезе првиот број на весникот „Дневник“. |
Родени:
| 1497 | Атахуалпа, последен владетел на Тавантинсују. |
| 1725 | Абдул Хамид I, отомански султан. |
| 1811 | Наполеон II, француски император. |
| 1828 | Хенрик Ибзен, норвешки писател. |
| 1875 | Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја. |
| 1952 | Сами Шаќири, поранешен член на ОНА. |
| 1955 | Перихан Ејупи - Туна, македонска актерка. |
| 1955 | Васо Николовски, македонски поет. |
| 1987 | Емилија Атијас, аргентински модел. |
Починале:
| 1191 | Папа Климент III, римски папа. |
| 1413 | Хенри IV, англиски крал. |
| 1727 | Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. |
| 1894 | Лајош Кошут, претедател на Кралството Унгарија. |
| 1980 | Волче Наумчески, македонски писател. |
| 2001 | Хајредин Арифи, поранешен член на ОНА. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |