Хенрик Ибзен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Хенрик Ибзен

Ибзен во 1900 година
Занимање Драматург, поет, театарски режисер
Националност Норвежанец
Жанрови натурализам
реализам
Значајни дела Peer Gynt (1867)
A Doll's House (1879)
Духови (1881)
Непријател на народот (1882)
Грдото пајче (1884)
Хеда Габлер (1890)



Потпис

Хенрик Ибзен (20 март 1828 - Осло, 23 мај 1906) e познат норвешки писател и драматург. Во своите дела го критикуваше современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се „Нора“, „Комедија на љубовта“, „Привидение“ и „Непријател на народот“.

За ликовите во неговото творештво [уреди]

Ниче ја дал теоретската основа на погледите на современата „госпоѓа“, ја открил психата на аристократскиот дух, а Ибзен во живи ликови ја претставил трагедијата на тој дух. Јунакот на Ибзен е секогаш и секаде ист. Бранд, Боркман, Солнес и Стокман, сè се тоа ученици на Заратустра.

Тие го усвоиле основниот принцип на неговото учење за тоа дека остварувањето на својата сопствена личност е единствената цел во животот на човекот, која го води кон исполнување на највозвишените мисии на човештвото, кон подобрување и оплеменување на човечкиот род. Таа идеја им давала гигантска сила и лавовска волја. Таа им помогнала во омразата од народот да ја гледаат најголемата награда, во патилата - возвишено блаженство, во смртта - круна на своето дело. Таа ги научила да бидат сурови кон човекот во име на љубовта кон човештвото. Тие луѓе се глуви за она што е околу нив, бидејќи фанатично веруваат дека живеат за нешто што е далеку од нив.

Еден осамен и несфатен јунак се појавува пред нас од сите драми на Ибзен. Ибзен покажал современ надчовек во разни ситуации, кој е доследен секаде само на самиот себе. Сам ги создава своите морални вредности.

Жената кај Ибзен е робинка, често извонредно убава, храбра, и по умот и по духот посилна од својот господар, но сепак е робинка. И покрај разновидните женски ликови кај Ибзен, кај него нема јунакиња која си поставила цел пред себе, а да не е во врска со некој маж. Поетскиот лик на Нора би изгубил од својот шарм ако нејзините ум и лукавство се надвор од волјата и желбите на мажот. Мажите може да се градители, проповедници, научници, но жените се само поддршка или одмор за мажите. Така зборувал Заратустра, а Ибзен само ги олицетворил тие идеи за жената.

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: