Хенри IV
| Хенри IV | |
|---|---|
| Портрет од 16 век | |
|
|
|
| Владеење | 30 септември 1399 – 20 март 1413 (13 години и 202 дена) |
| Крунисување | 13 октомври 1399 |
| Претходник | Ричард II |
| Наследник | Хенри V |
| Сопруг | Марија де Бохун 1381 - 1394 Жана де Наваро 1403 - 1413 |
| Потомци | |
| Хенри V Томас Јован Хамфри Бланка Филипа |
|
| Династија | Династија Ланкастер |
| Татко | Џон Гонт |
| Мајка | Бланш Ланкастерска |
| Раѓање | 3 април 1366[1][2] Болингбрукски замок , Врскаолншир |
| Смрт | 20 март 1413[1][2] (aged 46) Вестминстер, Лондон |
| Погреб | Кентерберска катедрала, Кент |
| Потпис | |
Хенри IV (3 мај 1367 — 20 март 1413) бил крал на Англија во периодот од 1399 до 1413 година. Тој се оженил за Марија де Бохун, која до својата смрт во 1394 година му родила 7 деца. Во 1402 година Хенри се оженил по вторпат, со Жана де Наваро.
Хенри бил основач на династија Ланкастер, која претставувала клон на династија Плантагенет. Негов татко бил Џон Гонт, третиот и најмлад преживеан син на Едвард III.
Содржина |
Прва побуна [уреди]
Хенри бил еден од лордовете кои во 1388 година биле големи приврзаници на кралот. Неговиот татко бил регент на Ричард II. И покрај големата блискост и пријателство, Хенри отишол на страната на лордовите, кога тие се побуниле против кралот Ричард. По уништувањето на конфликтот и прифаќањето на кралот на дел од барањата на лордовите и бароните, по некое време голем дел од истите биле брутално казнети, но Хенри бил помилуван.
Втора побуна [уреди]
Помеѓу Хенри и војводите од Норфолк избиле неколку спорови, па Ричард бил принуден да ги протера и двете спротиставени страни. Така, Хенри бил протеран од земјата за десет години. Кога починал Џон Гонт, таткото на Хенри, Ричард II го конфискувал неговиот имот, кој автоматски требало да припадне на Хенри. Тој имот бил толку голем што во кралството започнало да се смета дека Ричард сака да ја централизира својата власт, контролирајќи ги во целост на големите лордови.
Воен поход [уреди]
Поради ова, Хенри се вратил и најпрвин се сретнал со поранешниот и иден епископ на Кантербери, Томас Арундел, кој ги подржувал лордовите во намерата да се намалат правата на кралот, па затоа и тој се нашол во прогонство. Тие успеале да мобилизираат одереден број на армија, и заедно да тргнат кон Лондон. Тој момент бил погоден за нив бидејќи кралот се наоѓал на воен поход во Ирска.
Тие започнале со насилно одземање на земјите за оние кои не сакале да им се продружат во војната против Ричард. Самиот автократски стил на владеење на ричард, во земјата не бил многу популарен, па главно поради ова, Хенри многу бргу завладеал со југот и истокот од Англија. Кога Ричард се вратил во Велс, незадоволството веќе било проширено во цела Англија. така, во Велс бил заробен Ричард и принуден да абдицира.
Крал [уреди]
Узурпирањето на тронот од страна на Хенри го направило неговото владеење нестабилно. Хенри на англискиот престол дошол со одлука на парламентот. Бидејќи имал роднинска врска со Ричард, тој се сметал себе си за достоен наследник на тронот. Тој бил крунисан на 13 октомври 1399 година. Ова било прво обраќање на англиски јазик пред населението од страна на кралот, по норманското освојување на Англија.
Хенри IV често пати се консултирал со парламентот за некои одлуки, и често пати влегувал во спор, главно околу црковните и политичките прашања. Томас Арундел повторно станал епископ на Кантербери, и имал големо влијание врз Хенри. За прв пат во историјата на Англија биле горени еретици. Во 1400 година бил убиен Ричард II. Поддржувачите на Ричард се одрекле од новиот крал, а по ова во Велс избило востание кое траело до 1408 година. Во меѓувреме Шкотска објавила војна на Англија. Богатите семејства Перси и Мортимер (последните имале поголема претензија за тронот од Хенри) воделе војна од 1403 година до 1408 година. Ричард Скроп, архиепископот на Јорк, исто така се вклучил во 1405 година во војната против Хенри IV.
Смрт [уреди]
Хенри боледувал од епилепсија. Во текот на последните две години од својот живот, кралството било управувано од страна на неговиот син, принц на Велс. Тој починал во 1413 година во Вестминстерската катедрала. Тој не бил погребан во Вестминстер, туку во Кентербериската катедрала. Тој бил наследен од страна на неговиот син Хенри V.
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Biography of HENRY IV - Archontology.org. Retrieved 30-11-2009.
- ↑ 2,0 2,1 thePeerage.com - Person Page 10187. Retrieved 30-11-2009.
|
Хенри IV
Cadet branch of the Династија Плантагенет
Роден(а): 15 април 1366 Починал(а): 20 март 1413 |
||
| Владејачки титули | ||
|---|---|---|
| Претходник Ричард II |
Крал на Англија Владетел на Ирска 1399–1413 |
Наследник Хенри V |
| Англиско перство | ||
| Нова титула | Војвода од Херхорд 1397–1399 |
Merged in Crown |
| Претходник Џон Гонт |
Војвода од Ланкастер 1399 |
Наследник Хенри V |
| Во привремен застој
Title last held by
Хампфри де Бухон |
Ерл од Нортхемптон 1384–1399 |
Наследник Ана Глочестерска |
| Претходник Џон Гонт |
Војвода од Аквитанија 1399 |
Наследник Хенри V |
| Политички функции | ||
| Претходник Џон Гонт |
Лорд 1399 |
Наследник Томас Ланкастер |
| Претендентски титули | ||
| Претходник Ричард II |
— TITULAR — Крал на Франција 1399–1413 |
Изумрени |
|
|||||||||||||||||
- Родени на 3 мај 1367
- Родени во мај 1367
- Родени во 1367 година
- Починати на 20 март 1413
- Починати во март 1413
- Починати во 1413 година
- Родени во 1366 година
- Луѓе од Врскаолншир
- Англиски монарси
- Англичани од француско потекло
- Династија Ланкастер
- Династија Плантагенет
- Луѓе од Стогодишната војна
- Инвазии на Англија
- Претенденти за францускиот престол
- Војводи од Ланкастер
- Витези на Подвеската
- Војводи од Херфорд
- Европски монарси од 14 век
- Европски монарси од 15 век