Хенри Младиот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри Младиот
Henry the Young King.jpg
На престол 1170–1183
Крунисување 14 јуни 1170
27 август 1172
Ко-крал Хенри II
Придружник Маргарита
Деца
Вилијам
Династија Династија Плантагенет
Татко Хенри II
Мајка Елеонора

Хенри Младиот (28 февруари 1155 - 28 јуни 1183) бил крал на Англија во време на владеењето на неговиот татко Хенри II. Бидејќи починал пред неговиот татко, во списокот на англиски монарси не се вбројал како Хенри III, туку како Хенри Младиот.

Хенри бил вториот по големина син на англискиот крал Хенри II и неговата сопруга Елеонора, но најстар кој го доживеал своето полнолетство. Татко му, по примерот од Франција, решил да го прогласи за свој ко-владар, со кое би ја намалил борбата за можно ривалство околу неговиот трон по неговата смрт. Сепак, за разлика од своите браќа, тој не покажувал никаква заинтересираност за политика или војската, и покрај тоа што бил многу повеќе популаеен од нив.

Во 1160 година неговиот татко и францускиот крал Луј VII се договориле за брак помеѓу Хенри Младиот и ќерката на францускиот крал, Маргарита . Така, нивниот брак бил склопен на 27 август 1172 година, помирувајќи ги Франција и Англија во нивните постојани војни. Маргарита родила син Вилијам, кое починало многу скоро по неговото раѓање.

Односите помеѓу кралот и Хенри се заладиле кога Хенри II не му дал доволно земја за самостојно да управува. Поради ова, тој дигнал бунт. На страната на неговиот татко застанал идниот Ричард I, а на страната на синот Хенри неговата мајка Елеонора. Во текот на една битка, тој се заразил и по неколку дена починал.