Англосаксонска Англија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Англосаксонски период од историјата на Англија го опфаќа периодот на средновековна Англија (раниот среден век), односно од крајот на римското владеење на Британија и создавањето на англосаксонските кралства до Норманското освојување на Англија во 1066 година. Во историјата на Англија, 5 век и 6 век се познати како темни векови. Кон крајот на 8 век, во Англија и териториите на Британија пристигнале Викинзите, кое довело до промена на културниот свет на островот. По номадската инвазија, Вилијам Освојувачот го дал почетокот на периодот на Кралство Англија.