Хенри VI

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри VI
King Henry VI from NPG (2).jpg
Крал на Англија
(прв пат; (more...)
На престол 31 август 1422 – 4 март 1461
Крунисување 6 ноември 1429
Претходник Хенри V
Наследник Едвард IV
Регент Јован Ланкастерски
Хамфри
Хенри Бофорт
Ричард Плантагенетски
Крал на Франција
На престол 21 октомври 1422 – октомври 19 1453
Крунисување 16 декември 1431
Претходник Шарл VI
Наследник Шарл VII
крал на Англија
(втор пат на тронот)
На престол 30 октомври 1470 – 11 април 1471
Претходник Едвард IV
Наследник Едвард IV
Придружник Маргарита де Анжу
Деца
Едвард
Династија Династија Ланкастер
Татко Хенри V
Мајка Катерина де Валоа
Почивалиште Виндзорски замок, Беркшир
Потпис

Хенри VI (6 декември 1421 - 21 мај 1471) бил крал на Англија во периодот од 31 август 1422 - 4 март 1461 година, како и во периодот од 31 октомври 1470 до 11 април 1471.

Хенри VI бил единствениот син на Хенри V и Катерина де Валоа. Тој се оженил со Маргарита де Анжу во 1445 година, и имале еден син - Едвард. Хенри на престолот се качил уште како бебе, по смртта на својот татко, и бил објавен за крал на Франција и Англија. Додека да наврши полнолетство, со кралството управувале неговите чичковци. Владеењето на Хенри било одбележано со постојани војни и задржувањето на двете круни: англиската и француската.

Војната со Франција продолжила и понатаму, но по конфликтот со Јованка Орлеанка, војната преминала на француска земја. Јованка успеала да го спаси Шарл во 1429 година, кој подоцна станал крал на Франција под името Шарл VII, а Јованка Орлеанка била изгорена на клада од страна на англиските војници. По ова, во 1449 година Англија започнала да ги губи своите територии во денешна Франција. Така, во 1449 година паднал Бретан, 1450 паднала Нормандија, и во 1453 Гасконија. Стогодишната воијна завршила со Парискиот мировен договор од 1453 година. Според овој договор, Хенри VI ги загубил своите претензии кон францускиот престол, а англиското владеење во Франција останало само во Кале.

Истата година, во 1453 година, Хенри психички се разболел, кое пак го наследил генетично од страна на својот дедо Шарл VI. По ова, земјата била управувана од страна на Ричард, војвода од Јорк, кој бил избран за лорд. По оздравувањето на кралот, тој се вратил на неговото место, но т.н. Војна на розите продолжила помеѓу династиите Ланкастер и Јорк. Во 1460 година, поданиците на Јоркската династија успеале да го заробат на кралот и го принудиле идниот крал да биде наследен од страна на нивната династија. Сепак, тој успеал да побегне, и да ги нападне позициите на Јорк, но бил поразен во 1461 година. Така, синот на Ричард, Едвард, бил прогласен за крал на Англија под името Едвард IV, а хенри и неговата сопруга побегнале во Шкотска. Во 1465 година тие повторно биле заробени, и однесени во Лондонската кула. Хенри бил убиен на 21 мај 1471 година.

Хенри VI бил последниот крал на Англија од династија Ланкастер.