Јованка Орлеанка
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc) (6 јануари 1412 - 30 мај 1431) е народна хероина на Франција и Светец на Католичката Црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката Црква на почетокот од 20 век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.
[уреди] Надворешни врски
- Јованка Орлеанка мрежно место на француски, германски и англиски јазик