Едвард II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Едвард II
Edward II of England
Édouard II d'Angleterre
Едвард II
Крал на Англија (повеќе...)
Владеење 7 јули 1307 – 20 јануари 1327 (&1000000000000001900000019 години, &10000000000000197000000197 дена)
Крунисување 25 февруари 1308
Претходник Едвард I
Наследник Едвард III
Сопруг Изабела Француска
Потомци
Едвард III
Јован
Елеонора Вудстокска
Јована
Династија Династија Плантагенет
Татко Едвард I
Мајка Елеонора Кастилјска
Раѓање 25 април 1284(1284-04-25)
Карнарвонска палата
Смрт 21 септември 1327 (возраст: 43 г.)?
Палата Баркли, Глостер
Погреб Глостерска катедрала,

Едвард II (25 април 128421 септември 1327) (англиски: Edward II of England; француски: Édouard II d'Angleterre) бил крал на Англија во периодот од 1307 до 1327 година, наследувајќи го својот татко Едвард I. Неговото владеење било одбележано со политичка нестабилност и завршило со негово сомнување од власта. Тој бил првиот монарх кој основал универзитет во Оксфорд и Кембриџ.

Тој бил наследен од страна на неговиот син Едвард III.

Едвард II бил првиот принц на Англија кој ја имал титулата Принц на Велс. Татко му починал во 1307 година во Камберленд, на границата со Шкотска. И покрај неговата желба, неговите коски и тело да бидат носени во Шкотска во време на идните напади, а неговото срце во Светите земји, сепак тоа не се остварило. Тој бил погребан во Вестминстерската капела[1].

По смртта на неговиот татко, тој го наследил на тронот. По карактер, Едвард многу лесно можел да биде манипулиран од страна на своите дворјани. На 25 јануари 1308 година се оженил за Изабела Француска, ќерка на францускиот крал Филип IV Убавиот. Тие немале среќен брак, но и покрај тоа од истиот се родиле два сина: Едвард (13161336), кој подоцна станал крал на Англија, и Јован Елтамски, граф на Корнвел (13161336), како и две ќерки: Елеонора и Јована. За разлика од својот татко, кој го отстранил Пирс Гејвестен од својата должност, новиот крал бил голем подржувач, кое пак придонело да се зголеми незадоволството кај бароните. Бароните организирале опозициски круг на чие чело застанал роднината на кралот, Томас Ланкастер. Во 1311 година, парламентот изгласил за затварање на Гејвестен, на кое се спротиставил кралот. Во 1312 година Гејвестен бил убиен. Самото востание на бароните довело до отварање на патот на Роберт Брус кон шкотскиот трон. Во 1314 година, во битката кај Банокберн, Брус им нанел голем пораз на силите на Едвард, осигурувајќи ја независноста на Шкотска. Освен тоа, во исто време избувнало востание и во Ирска, по кое се намалило во голема мера англиското влијание над овие територии.

По смртта на Гејвестен, негов наследник станал Хју Диспенсер, но незадоволството кај бароните продолжило. Во 1321 година, графот Херфорд, заедно со Ланкастер застанал против семејствотот на Диспенсер, и го принудил на кралот да го прогони од земјата. По ова, голем број на аристократски семејства му дале огромна подршка на кралот за да ја уништи силата на бароните. Едвард го искористил ова, па голем број на барони биле убиени, вклучувајќи го и Ланкастер. По ова, кралот и Диспенсер станале полноправни владетели на Англија. Во 1322 година бил издаден указ според кој биле поништени сите претходни ограничувања кои му биле наложени од страна на бароните. Со овој указ, кралот повеќе не бил потчинет на парламентот.

Едвард ја испратил својата сопруга Изабела кај својот брат, францускиот крал Шарл IV околу областа Гасконија. Во март 1325 година, таа повеќе од радост, ја напуштила Англија. На 31 мај 1325 година таа склучила мир со Франција. Едвард по потпишувањето на договорот го испратил својот син на гости кај францускио крал. Но, кралот направил голема грешка, бидејќи Изабела не сакала да се врати во Англија. Во Франција започнале да се шират плановите за освојување на Англија. Така, во 1326 година, Изабела заедно со Мортимер ја нападнале Англија. Едвард немал некаква голема подршка за војната, па бил принуден да побегне од Лондон. На 27 октомври Диспенсер бил егзекутиран. По само неколку недели бил заробен и самиот крал Едвард II. На 20 јануари бил обвинет од страна на парламентот за бројни дела.

По ова следувала абдикција на кралот на 24 јануари 1327 година. Тој бил наследен од страна на Едвард III. Тој бил на 14 години, па со земјата управувале Изабела и Роџер Мортимер. Едвард бил преместен во замокот Баркли. Според некои извори, се смета дека во тој замок тој таму бил брутално убиен.

Едвард II
Роден(а): 25 април 1284 Починал(а): 21 септември 1327?
Владеачки титули
Претходник
Едвард I
Крал на Англија
Војвода од Аквитанија
Владетел на Ирска

1307–1327
Наследник
Едвард III
Претходник
Елеонора and Едвард I
Графство Понтеу
1290–1327

Шаблон:S-roy

Претходник
Алфонсо, Ерл од Честер
Наследник
Томас Брадертонски
Незаземено
Title last held by
Ливелин
Принц на Велс
1301–1307
Незаземено
Следен носител на титулата
едвард Црниот

[уреди] Наводи

  1. Hudson, M.E.; Mary Clark (1978). „Crown of a Thousand Years“. Crown Publishers, Inc.. стр. 48. ISBN 0-517-534525. 

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици