Васил Тупурковски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Васил Тупурковски (познат и под прекарот Циле) (Скопје, 8 април 1951) е професор по меѓународно право, основач и претседател на поранешната политичка партија Демократската алтернатива, долгогдишен и се уште актуелен претседател на МОК.

Дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а следната година завршил постидпломски студии по меѓународно јавно право на Мичигенскиот универзитет во САД, додека во 1976 година докторирал на меѓународно право.

Од 1983 година работи како редовен професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје. Васил Тупурковски денес е член на стручни меѓународни организации во сферата на меѓународното право и е предавач во повеќе од 60 земји.

Автор е на низа трудови од областа на меѓународното право, како и од историјата на античка Македонија. Бил претседател на ССМЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ, на Претседателството на ЦК СКЈ и на ЦК СКМ. Тупурковски е актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет, како и претседател на Асоцијацијата на балканските национални олимписки комитети и директор на Агенцијата за обнова и развој.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици