8 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
8 април е 98-иот ден во годината според григоријанскиот календар (99-и во престапна година). Остануваат 267 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1513 | Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за Шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас. |
| 1820 | Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер-Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“. |
| 1904 | Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји. |
| 1971 | Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите. |
| 1993 | Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“. |
| 1995 | Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
| 1784 | Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот († 1849). |
| 1870 | Анастас Лозанчев, Македонски револуционер († 1945). |
| 1909 | Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика († 1988). |
| 1911 | Емил Чоран, романски философ и есеист († 1995). |
| 1938 | Кофи Анан, седми генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001. |
Починале:
| 1848 | Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика. |
| 1973 | Пабло Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. |
| 2013 | Маргарет Тачер, прва жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“. |
Празници:
| * | Светски ден на Ромите |
| * | Роденден на Буда во Јапонија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |