Доста Димовска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Доста Димовска

Во служба
27 декември 1999 – 13 мај 2001
Претседател Љубчо Георгиевски
Претходник Павле Трајанов
Наследник Љубе Бошковски

Роден(а) 17 февруари 1954
Скопje, денес Македонија
Починал(а) 4 април 2011
Софија, Бугарија
Националност Македонка
Вероисповед Православен христијанин

Доста Димовска (Скопје, 17 февруари 1954 - Софија, 4 април 2011) била македонска поетеса и политичарка. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како стручен соработник на Филозофскиот факултет.

[уреди] Биографија

Димовска е родена во Скопје на 17 февруари 1954 година, но води потекло од Лазарополе. Нејзината политичка кариера почнала 90-тите години на 20 век. Била на високи државни и партиски функции. Во 1991 била избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 била пратеник, а во тој период раководела со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година Димовска била избрана за вицепремиер во кабинетот на Љубчо Георгиевски. 27 декември 1999 до 13 мај 2001 година била Министер за внатрешни работи на Македонија. Во 2002 година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007 година Димовска била директорка на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија. Оваа функција за вршела се до март 2010, кога по претрпениот мозочен удар[1], починала во Софија на 4 април 2011 година.[2]

[уреди] Наводи

  1. „Доста Димовска претрпела мозочен удар, се наоѓа во тешка состојба“ (на македонски). Курир. Сабота, 19 март 2011 15:03. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/23099-Dosta-Dimovska-pretrpela-mozocen-udar-se-naoga-vo-teska-sostojba. проверено на 2011-03-19. 
  2. „Почина Доста Димовска“ (на македонски). press24. 4. април 2011 - 12:24. http://press24.mk/story/makedonija/pochina-dosta-dimovska. проверено на 2011-04-04. 



Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици