Министер за одбрана на Македонија
Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Министер за одбрана на Република Македонија)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Министер за одбрана на Република Македонија е функција (министер) на чело на Министерството за одбрана на Република Македонија. Прв министер бил Трајан Гоцевски (мандат: 1992-1992), а моментален е Зоран Коњановски (мандат: 2008-). Владо Поповски и Владо Бучковски биле реизбрани на функцијата, што значи дека и двајцата служеле по два мандата. Најкратко служел првиот министер, Трајан Гоцевски, а најдолго Владо Поповски.
Следува список на досегашни министри за одбрана на Република Македонија:
| Име | Од | До | Партија |
|---|---|---|---|
| Ристо Дамјановски | 1991 | 10 јануари 1992 | независен |
| Трајан Гоцевски | 10 јануари 1992 | 4 септември 1992 | СДСМ |
| Владо Поповски (Прв пат) | 4 септември 1992 | 21 декември 1994 | ? |
| Благоја Ханџиски | 21 декември 1994 | 29 мај 1997 | СДСМ |
| Лазар Китановски | 29 мај 1997 | 1 декември 1998 | СДСМ |
| Никола Кљусев | 1 декември 1998 | 28 јули 2000 | ВМРО-ДПМНЕ |
| Љубен Пауновски | 28 јули 2000 | 13 мај 2001 | ВМРО-ДПМНЕ |
| Владо Бучковски (Прв пат) | 13 мај 2001 | 26 ноември 2001 | СДСМ |
| Владо Поповски (Втор пат) | 26 ноември 2001 | 1 ноември 2002 | ? |
| Владо Бучковски (Втор пат) | 1 ноември 2002 | 17 декември 2004 | СДСМ |
| Јован Манасиевски | 17 декември 2004 | 26 август 2006 | ЛДП |
| Лазар Еленовски | 26 август 2006 | 27 јули 2008 | НСДП |
| Зоран Коњановски | 27 јули 2008 | 28 јули 2011 | ВМРО-ДПМНЕ |
| Фатмир Бесими[1] | 28 јули 2011 | во служба | ДПА |
[уреди] Наводи
- ↑ „Избрана новата Влада на Република Македонија“. Влада на РМ. 28 јули 2011. http://www.vlada.mk/?q=node/6913. проверено на 29 јули 2011.