Премиер на Македонија
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Република Македонија |
Оваа статија е дел од серијалот: |
|
|
|
|
|
Портал „Политика“ |
Премиерот на Република Македонија е функционер што стои на чело на Владата на Македонија, како нејзин Претседател. Со Уставот од 1991 година и конституирањето на Македонија како современа држава, во Република Македонија се воспостави поинаков принцип на поделба на власта. Како носител на извршната власт беше назначена Владата на Република Македонија, а на нејзино чело претседател на владата на Македонија.
- Според Уставот на Македонија, претседателот на владата и министрите ги избира собранието на Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници (Член 90 од Уставот на РМ).
- Собранието ја бира владата по предлог на мандатарот.
- Мандатарот го добива својот мандат за состав на Владата од страна на Претседателот на Републиката во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието и треба да биде од редот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
- Претседателот на владата и министрите уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Владата.
- Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.
- Република Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 9 Претседатели на Влада
[уреди] Наводи
[уреди] Видете исто така
|
|||||||||||||||||