Македонски парламентарни избори (2024)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски парламентарни избори (2024)
Македонија
2020 ←
8 мај 2024 → 2028
→ Список на пратеници избрани на македонските парламентарни избори (2024)

120 места во Собранието
61 места за мнозинство
 
Христијан Мицкоски во 2019 година.jpg
Dimitar Kovachevski 02.11.2023 (cropped).jpg
Ali Ahmeti.jpg
Водач Христијан Мицкоски Димитар Ковачевски Али Ахмети
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ
Припадност Твоја Македонија За европска иднина Европски Фронт
Водач од 2017 2021 2002
Последни избори 44 места 46 места 15 места

 
Димитар Апасиев.jpg
Bilal Kasami (cropped).jpg
Максим Димитриевски2024.jpg
Водач Димитар Апасиев Биљал Касами Максим Димитриевски
Партија Левица Беса/АА/А/ДД ЗНАМ
Припадност Вреди
Водач од 2020 2023 2023
Последни избори 2 места 7 места нова


Теков. премиер

Талат Џафери
ДУИ



Македонски парламентарни избори (2024)единаесетти по ред парламентарни избори во Македонија. Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај 2024 година заедно со вториот круг на Претседателските избори.[1]

Заднина[уреди | уреди извор]

На Македонските парламентарни избори во 2020 година победила коалицијата „Можеме“, формирана околу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето Беса. Ова било првпат од 2002 година социјалдемократите да излезат на врвот на ваков тип на избори. Овој настап сепак е оквалификуван како тесна победа поради малата разлика во гласовите и местата што ја делат коалицијата од онаа на „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на вторите, сепак, на меѓународно ниво бил дочекан со олеснување, при што економските и дипломатските кругови стравувале дека нивното доаѓање на власт би предизвикало нова тензија во регионот и би го довело во прашање почетокот на пристапните преговори со Европската унија, поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија.[2][3]

Бидејќи ниту една партија немала апсолутно мнозинство, требало да се преговара за формирање на коалициска влада. Демократската унија за интеграција, која се наоѓала на третото место, се нашла на позицијата на креатор на владата, а со тоа туркала да го потврди своето барање во кампањата за добивање на функцијата претседател на владата или „Албанец премиер“, нешто што и Зоран Заев и Христијан Мицкоски го оцениле како неприфатливо.[2]

Првата седница на новиот законодавен дом заседавала на 4 август, со примена на бројни конкретни здравствени мерки поради пандемијата на Ковид-19. Оваа прва собраниска седница отворила дваесетдневен период на кој лидерот на победничката партија на изборите, Зоран Заев, преговарал за добивање на апсолутното мнозинство пратеници. По овој рок задачата да ги води овие преговори би паднела на Христијан Мицкоски.

СДСМ и ДУИ биле блиску до договор за коалиција, претседателот Стево Пендаровски го задолжил Зоран Заев да формира влада.[4][5] Конечно на 18 август бил постигнат договор меѓу двете партии за повторно именување на Зоран Заев за шеф на владата. На тој начин, ДУИ се откажувал од своето изборно ветување дека ќе назначи претседател на владата од албанското малцинство, но за возврат добила гаранција дека следниот претседател на преодната влада задолжен за тековните работи во текот на 100-те дена пред следните избори би дошол од оваа етничка група.[6] Коалициската влада ја добила поддршката и од Демократската партија на Албанците и изгласала доверба во парламентот на 30 август 2020 година.

По тешкиот пораз на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, Зоран Заев најавил намера да поднесе оставка од раководството на партијата и владата. Една недела подоцна, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски најавил дека ќе поднесе предлог за гласање на недоверба со поддршка на Движењето Беса, досега член на парламентарното мнозинство, но не успеал со еден глас на гласањето во 11-ти ноември.[7]

На 6 декември, Зоран Заев склучил договор со албанската Алтернатива за замена на Беса во парламентарното мнозинство, со што обезбедил стабилност на владината коалиција. Димитар Ковачевски бил избран во декември за претседател на СДСМ со комфорно мнозинство, а на 29 декември му бил доверен мандатот за состав на нова влада откако Заев и формално поднел оставка.[8]

Тој ја презентирал својата програма и неговиот тим пред пратениците на 16 јануари 2022 година, кои му ја дале довербата со 62 гласа „за“.

На 28 јануари 2024 година, Талат Џафери станува претседател на владата на Македонија, првиот албанец во земјата што стигнал до оваа функција. Тој бил избран од Собранието со 65 гласа за, 3 против и ниту еден воздржан. Џафери бил на чело на техничка влада која ќе ја води сто дена, до парламентарните избори на 8 мај.[9]

Изборен систем[уреди | уреди извор]

Шесте изборни единици во Македонија

Од 123 пратенички места во Собранието на Републиката, 120 се избираат од шест изборни единици со 20 пратенички места во Македонија со пропорционална застапеност од затворена листа, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Преостанатите три места ги избираат Македонците кои живеат во странство,[10] но на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претсавништва на Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Македонија.

Политички партии[уреди | уреди извор]

Табелата подолу ги наведува партиските групи претставени во Собранието на Републиката како резултат на изборите од 2020 година.

Име Идеологија Политичка ориентација Лидер 2020 Сега Статус
СДСМ Социјалдемократски сојуз на Македонија Социјалдемократија, Социјален либерализам, Проевропеизам, Прогресивизам Центар-лево Димитар Ковачевски
46 / 120
39 / 120
Власт
ВМРО-ДПМНЕ Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство Македонски национализам, Конзерватизам, Демохристијанство, Економски либерализам, Антикомунизам, Десен популизам Центар-десно накај десно крило Христијан Мицкоски
44 / 120
44 / 120
Опозиција
ДУИ Демократска унија за интеграција Проевропеизам, Албански малцински интереси Центар-лево Али Ахмети
15 / 120
13 / 120
Власт
AA Алијанса за Албанците Конзерватизам, Проевропеизам, Албански малцински интереси Центар-десно Зијадин Села
8 / 120
8 / 120
Власт
ААА Алтернатива Албански малцински интереси Центар-десно Африм Гаши
4 / 120
2 / 120
Опозиција
Левица Левица Демократски социјализам, Левичарски Национализам, Анти-НАТО Лево крило Димитар Апасиев
2 / 120
2 / 120
Опозиција
ДПА Демократска партија на Албанците Албански малцински интереси Центар-десно Мендух Тачи
1 / 120
1 / 120
Поддршка
ДД Демократско движење Албански малцински интереси Центар-десно Изет Меџити одвоени од ДУИ
3 / 120
Опозиција
Беса Движење Беса Социјален конзервативизам, Албански малцински интереси Центар-десно Биљал Касами одвоени од СДСМ
1 / 120
Опозиција
ЛДП Либерално-демократска партија Либерализам Центар Моника Зајкова одвоени од СДСМ
2 / 120
Власт
ДОМ Демократска обнова на Македонија Зелена идеологија Центар-лево Маја Морачанин одвоени од СДСМ
1 / 120
Поддршка
ДС Демократски сојуз Проевропеизам Центар-лево Павле Трајанов одвоени од СДСМ
1 / 120
Опозиција
НД Народно движење Проевропеизам, Албански малцински интереси Центар Скендер Реџепи одвоени од Алтернатива
1 / 120
Поддршка
ЕДП Европска демократска партија Проевропеизам, Албански малцински интереси Центар Бастри Бајрами одвоени од Беса
1 / 120
Поддршка
Независен пратеник Хусни Исмаили одвоени од Алтернатива
1 / 120
Поддршка

Изборни листи[уреди | уреди извор]

Поднесени биле 17 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувала 61 партија. Од нив, 11 настапиле самостојно, а 50 во пет коалиции.[11]

  1. Коалиција „За европска иднина“ (СДСМ, ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ПДТ, ДСВМ, СРМ, Странка на демократска акција на Македонија, ДОМ, Десница, ПОПГМ, ПДПР, ПОЕН и ССМ)
  2. Коалиција „Твоја Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, ДПСМ, ДС, МААК, ДНЕТ, СНСМ, БНП, ДСР, ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, ГЛАС за Македонија, НЛП, СДУ, РОМ, ДПР, РЗПРМ, ОПЕР, Достоинство, ТМРО, Обединети за Македонија и Македонски Концепт)
  3. Коалиција „Храбро за Македонија“ (ГРОМ, Интегра и ПЦЕР)
  4. Коалиција „Европски Фронт“ (ДУИ, Алијанса за Албанците[б 1], ДПА, ЕДП, НД, ДПТ, Унија на Ромите, БДС)
  5. Левица
  6. Коалиција „Вреди“ (Беса, Алтернатива, Демократско Движење)[б 2]
  7. Движење ЗНАМ - За наша Македонија
  8. Единствена Македонија
  9. Нова Алтернатива
  10. Аваја
  11. Група избирачи Џула Челику
  12. Македонска Ера Трета
  13. Твоја
  14. Родина
  15. Десна
  16. Демократи
  17. Работничка партија

Изборни листи по изборни единици[уреди | уреди извор]

Бр. Партија/Коалиција I II III IV V VI
1 Коалиција „За европска иднина“ x x x x x x
2 Коалиција „Твоја Македонија“ x x x x x x
3 Коалиција „Храбро за Македонија“ x x x x x x
4 Коалиција „Европски Фронт“ x x x x x x
5 Левица x x x x x x
6 Коалиција „Вреди“ x x x x x x
7 Движење ЗНАМ - За наша Македонија x x x x x x
8 Единствена Македонија x x x x x
9 Нова Алтернатива x x x x
10 Аваја x x x x
11 Група избирачи Џула Челику x
12 Македонска Ера Трета x x x x x x
13 Твоја x x x x
14 Родина Македонија x x x x x x
15 Десна x x x x
16 Демократи x x x x x x
17 Работничка партија x x

Партиски слогани[уреди | уреди извор]

Партија/Коалиција Слоган
СДСМ „Нема откажување од иднината“
ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно твоја“
Храбро за Македонија „Храбро за Македонија“
Европски Фронт „Искуство, искреност, посветеност“
Левица „Го враќаме достоинството на нацијата“
Коалиција Вреди „Промената е важна“
ЗНАМ „Максимум за Македонија“

Дебати[уреди | уреди извор]

Дебати за парламентарни избори (2024)
Лидери на политички партии и коалиции
Датум Организатор Канал Видео запис     П  Присутен    O  Поканет, но отсутен   НП  Непоканет 
3 април Само вистина Канал 5 прв дел
втор дел
трет дел
П П НП НП НП НП НП

ИЕ1[уреди | уреди извор]

Дебати за парламентарни избори (2024)
Изборна единица 1
Датум Организатор Канал Видео запис     П  Присутен    O  Поканет, но отсутен   НП  Непоканет 
18 април Само вистина Канал 5 прв дел
втор дел
НП НП П НП О НП НП НП П НП НП НП НП НП НП
20 април Сител Сител врска П НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП
22 април Сител Сител врска НП П НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП

ИЕ2[уреди | уреди извор]

Дебати за парламентарни избори (2024)
Изборна единица 2
Датум Организатор Канал Видео запис     П  Присутен    O  Поканет, но отсутен   НП  Непоканет 
19 април Сител Сител прв дел НП П НП НП НП НП НП НП НП

ИЕ3[уреди | уреди извор]

Дебати за парламентарни избори (2024)
Изборна единица 3
Датум Организатор Канал Видео запис     П  Присутен    O  Поканет, но отсутен   НП  Непоканет 
Николов
25 април Телевизија 24 Телевизија 24 врска П П НП НП П НП П НП НП НП НП НП НП НП НП
25 април Само Вистина Канал 5 дел еден
дел два
П П НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП НП

Митинзи и средби со граѓани[уреди | уреди извор]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите коалициони партнери, своите програми ги претставувале на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите помали партии и коалиции тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Политичките партии од албанскиот политички блок своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население.

Партија/Коалиција СДСМ ВМРО-ДПМНЕ Европски Фронт Левица Вреди ЗНАМ
Датум Локација Локација Локација Локација Локација Локација
18 април Демир Капија, Гевгелија Охрид Скопје, Куманово Велес Скопје, Струга Куманово
19 април Струга, Охрид Ранковце, Кратово, Крива Паланка Врапчиште Берово Берлин (Германија) Велес, Скопје
20 април Тетово Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево Тетово Битола Цирих (Швајцарија) Ресен, Новаци, Могила, Битола
21 април Скопје Сарај, Чаир, Аеродром, Гази Баба Скопје Скопје Приштина (Косово), Гостивар Илинден
22 април Свети Николе, Велес Лозово, Карбинци, Пробиштип, Штип Чаир Кичево, Гостивар Скопје Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово, Струмица
23 април Богданци, Валандово, Гевгелија
24 април Изборен ден (прв круг претседателски избори)
25 април Охрид, Струга, Кичево
26 април
27 април
28 април
29 април
30 април
1 мај
2 мај
3 мај
4 мај
5 мај
6 мај
7 мај Изборен молк
8 мај Изборен ден

Анкети на јавното мислење[уреди | уреди извор]

Движечки просек на главните политички партии во годините пред изборите во 2024 година.
Анкета Период Големина на
примерок
СДСМ и коалиција Коалиција „Вреди“ Коалиција „Европски Фронт“ ВМРО-ДПМНЕ Левица ЗНАМ Други Водство
СДСМ ЛДП/ДОМ Беса ДД А АА ДУИ ДПА
МКД.мк 8–13 април 2024 1200 22.8 9.9 12.7 41.2 6.5 6.1 0.8 18.4
МКД.мк 15–24 март 2024 1200 16.0 11.5[б 3] 1.6 13.0 40.8 7.9 8.2 0.7 24.8
IPIS 20 февруари 2024 1212 21.8 8.6 4.1 11.5 38.6 6.0 5.0 2.4 18.8
IPDV 5–9 ноември 2023 1050 23.0 4.4 3.3 1.6 8.2 9.7 35.6 5.9 8.2 12.6
IPIS 29 октомври 2023 1055 21.8 4.4 1.9 3.5 3.9 10.8 36.2 6.8 5.6 2.1 17.4
IPIS 23–26 мај 2023 1112 21.6 4.4 5 12.4 38.2 12.3 5.7 0.8 16.6
IRI 8 април – 4 мај 2023 1204 17 7 2 8 14 32 11 7[б 4] 15
NDI 13–14 април 2023 1003 23.6 6.6 6.3 11.4 39.6 10.3 3.1 2 16
IPIS март 2023 1114 27.1 8.5 4.9 27.1[б 5] 39.2 10.1 9.2 11.1
IDSCS 22 февруари – 9 март 2023 1002 24 2 7 18 38 9 14
МКД.мк 6–16 февруари 2023 1200 22.3 0.2 4.1 6.7 14.7 39.2 8.1 3.4 16.9
IRI 19 декември 2022 1200 16.3 7.0 7.8 13.3 33.3 12.3 8.8 17
МКД.мк 7–13 ноември 2022 1200 20.3 0.9 7.3 3.5 3.9 13.6 0.7 40.9 8.9 1.1 20.6
IPIS 4–6 мај 2022 1111 30.1 2.8 1.9 7.1 13.4 39.4 5.4 9.3
IPIS 19–22 октомври 2021 1102 28.9 2.8 2.6 8.0 11.0 37.7 6.6 8.8
Локални избори — Град Скопје 17 октомври 2021 24.04 4.20 1.00 5.17 11.91 35.89 9.19 4.17[б 6] 11.9
Kantar TNS Brima 27 август – 9 септември 2021 1201 30.8 7.4 9.5 11.4 1.7 27.6 7.4 3.2
Kantar TNS Brima 28 мај – 16 јуни 2021 1194 33.0 6.8 10.3 11.0 2.8 28.5 7.5 4.5
Kantar TNS Brima 4–6 април 2021 1222 27.9 6.6 8.2 11.5 1.6 27.9 9.8 0.0
IPIS 1–4 март 2021 1109 31.9 1.7 8.9 10.4 34.7 6.6 2.8
M-Prospect 16–24 декември 2020 1000 31.7 4.1 0.9 7.8 11.4 2.4 30.8 10.6 0.3[б 7] 0.9
Парламентарни избори 15 јули 2020 35.89 8.95 11.48 1.53 34.57 4.10 3.49 1.3

Предвидување на пратенички места[уреди | уреди извор]

Анкета Период Изборни

единици

СДСМ и коалиција Вреди[б 8] АА Европски Фронт ВМРО-ДПМНЕ и коалиција Левица ЗНАМ Водство
МКД.мк април 2024 Вкупно 30 12 15 53 5 5 23
ИЕ I 5 2 2 9 1 1 5
ИЕ II 4 2 3 8 1 2 4
ИЕ III 6 12 1 1 6
ИЕ IV 7 12 1 5
ИЕ V 6 1 2 9 1 1 3
ИЕ VI 2 7 8 3 1
МКД.мк 15–24 март 2024 Вкупно 28 11 3 14 53 6 5 25
ИЕ I 4 2 2 9 2 1 5
ИЕ II 4 2 3 8 1 2 4
ИЕ III 5 13 1 1 8
ИЕ IV 7 12 1 5
ИЕ V 6 1 1 2 8 1 1 2
ИЕ VI 2 6 2 7 3 1

Резултати[уреди | уреди извор]

Партија Гласови % Мандати +/–
Коалиција „Твоја Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останати)
Коалиција „За европска иднина“ (СДСМ, ЛДП, ДОМ, ВМРО-НП, НСДП и останати)
Коалиција „Европски Фронт“ (ДУИ, Алијанса за Албанците, ДПА, ДПТ и останати)
Коалиција „Вреди“ (Беса, Алтернатива и Демократско Движење)
Левица
Движење ЗНАМ - За наша Македонија
Коалиција „Храбро за Македонија“ (ГРОМ, Интегра и ПЦЕР)
Единствена Македонија
Нова Алтернатива
Аваја
Група избирачи Џула Челику
Македонска Ера Трета
Твоја
Родина
Демократи
Десна
Работничка партија
Неважечки гласови
Вкупно 100 120
Регистрирани гласачи
Извор:

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Фракцијата на Зијадин Села од Алијанса за Албанците
  2. Ја вклучува и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците
  3. Ја вклучува и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците
  4. ДПТМ 2%
  5. ДУИ и СДСМ се заедно
  6. Зелен хуман град
  7. Интегра
  8. Ја вклучува и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „North Macedonia's President Asks Kovachevski To Form New Government“. Radio Free Europe/Radio Liberty (англиски). 30 December 2021. Посетено на 2022-02-23.
  2. 2,0 2,1 „En Macédoine du Nord, les sociaux-démocrates au défi de former un nouveau gouvernement“. Le Monde.fr (француски). 2020-07-16. Посетено на 2024-04-06.
  3. „Législatives en Macédoine du Nord: courte victoire des sociaux-démocrates sur les nationalistes“. TV5MONDE (француски). 2020-07-15. Архивирано од изворникот на 2020-07-16. Посетено на 2024-04-06.
  4. „North Macedonia's ruling SDSM and DUI close to agreement on new government“. www.intellinews.com (англиски). 2020-08-09. Посетено на 2024-04-06.
  5. „N. Macedonia's president hands Zaev mandate to form new govt“. SeeNews (англиски). Посетено на 2024-04-06.
  6. „Macédoine du Nord: Zoran Zaev de nouveau premier ministre“. Le Figaro (француски). 2020-08-18. Посетено на 2024-04-06.
  7. „North Macedonia coalition blocks no confidence vote in parliament“. euronews (англиски). 2021-11-11. Посетено на 2024-04-06.
  8. „North Macedonia's Dimitar Kovacevski elected as new Prime Minister“. euronews (англиски). 2021-12-30. Посетено на 2024-04-06.
  9. „Talat Xhaferi prend aujourd'hui ses fonctions de Premier ministre de la Macédoine du Nord“. KOHA.net (француски). 2024-01-29. Посетено на 2024-04-06.
  10. Electoral system IPU
  11. „Листа на кандидати по политичка партија“. candidatelist.sec.mk. Посетено на 2024-04-05.