Максим Димитриевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Максим Димитриевски
Градоначалник на Општина Куманово
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Претходник Зоран Дамјановски
Пратеник во македонското Собрание
Лични податоци
Роден(а) 29 ноември 1975
Куманово, Република Македонија
Националност Македонец
Партија ЗНАМ
Деца 3
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Професија правник
Вероисповед православен христијанин

Максим Димитриевски (роден на 29 ноември 1975 во Куманово) — македонски политичар и градоначалник на Општина Куманово од 2017 година.

Максим Димитриевски

Образование[уреди | уреди извор]

Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куманово“.

Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.

Живот[уреди | уреди извор]

Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово а во 2021 година е реизбран за градоначалник на Општина Куманово на локалните избори на 31-ви Октомври како независен кандидат.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]