Избори во Македонија
| Република Македонија |
Оваа статија е дел од серијалот: |
|
|
|
|
|
Портал „Политика“ |
По воведувањето на политичкиот плурализам во тогашната Социјалистичка Република Македонија во 1989, беше дозволено формирањето политички партии и во 1990 беа одржани првите слободни и повеќепартиски избори. Во Република Македонија се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, за Претседател на Републиката и локални избори за советници и градоначалници.
Содржина |
Парламентарни избори [уреди]
По воведувањето на политичкиот плурализам, во Република Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори и два предвремени парламентарни избори во 2008 и 2011 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата се уште беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независност во 1991 година.
- Македонски парламентарни избори, 1990
- Македонски парламентарни избори, 1994
- Македонски парламентарни избори, 1998
- Македонски парламентарни избори, 2002
- Македонски парламентарни избори, 2006
- Македонски парламентарни избори, 2008
- Македонски парламентарни избори, 2011
Претседателски избори [уреди]
Досега се одржани четири избори за Претседател на Републиката. Првиот мандат на Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија.
- Претседателски избори 1994 година
- Претседателски избори 1999 година
- Претседателски избори 2004 година
- Претседателски избори 2009 година
Локални избори [уреди]
Досега се одржани шест локални избори во Република Македонија. Карактеристика за локалните избори во Република Македонија се честите промени на границите на општините.
- Локални избори 1990 година
- Локални избори 1996 година
- Локални избори 2000 година
- Локални избори 2005 година
- Локални избори 2009 година
- Локални избори 2013 година
Референдуми [уреди]
Досега два пати е распишан референдум на државно ниво. Првиот референдум во 1991 е по барање на Собранието, а во 2004 по барање на најмалку 100.000 гласачи.