Локални избори во Македонија (2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
 Македонија
Локални избори 2013 година
81 градоначалничко место
24 март 2013 (прв круг)
7 април (втор круг)
Прва партија Втора партија Трета партија
ВМРО-ДПМНЕ-Лого.svg BDI.jpg Logo of the SDUM.jpg
Лидер Никола Груевски Али Ахмети Бранко Црвенковски
Партија ВМРО-ДПМНЕ ДУИ СДСМ
Лидер од 2002 2002 2009
Лидер до Скопје Тетово Скопје
Последни избори 56 места 13 места 7 места
Освоени места 57 места 14 места 4 места
Разлика  +1 +1 -3
Број на гласови - - -
Процент - - -
Пресврт - - -
Четврта партија Петта партија Шеста партија
Logo pdsh.jpg
Лидер Мендух Тачи - Драгиша Милетиќ
Партија ДПА Независни кандидати СНСМ
Лидер од 2008 -  ?
Лидерско место Тетово - Скопје
последни избори 1 место - 0 место
Освоени места 2 места 2 место 1 место
Разлика  +1 +2 +1
Народни гласови - - -
Процент - - -
Пресврт - - -
Резултати од локалните избори 2009. Градоначаници по општини и партија.
Резултати од локалните избори 2013. Градоначаници по општини и партија.

Локалните избори 2013 во Република Македонија се оддржале на 24 март и 7 април 2013 со цел избирање на кандидати за советници и градоначалници во општините во Република Македонија. Изборите биле распишани на 11 јануари 2013 од страна на спикерот на парламентот, Трајко Вељаноски. Во избирачкиот список за гласање на биле запишани вкупно 1.743.403 избирачи[1].

Позадина[уреди]

Пратеничката група на СДСМ инсистирала заедно со локалните да се одржат и парламентарни избори, но ова било одбиено од страна на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ со нивниот лидер Никола Груевски. На распишувањето на изборите му претходело и собраниски бојкот од страна на СДСМ поради настаните од 24 декември. Во почетокот на март, во Македонија пристигнала европска делегација за надминување на политичката криза. По неколкучасовни разговори со политичките лидери, еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европскиот парламент Јежи Бузек, лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски се согласил да учествува на престојните избори[2].

Кампања[уреди]

Изјави[уреди]

Никола Груевски И овојпат, во овој втор изборен круг победија делата, победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, победија работата, остварените ветувања, победи остварениот однос кон граѓаните, работата и трудот, победи концептот кој со труд, со остварувања, со работа и со одговорен пристап кон работата, искрен однос кон народот во минатите години неуморно работеше и неуморно создаваше дела. Територијалната поделба во 2004 година за која што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија укажуваше дека не е соодветнана, се покажа како кобна на овие избори за Кичево и Струга. Ние како влада остануваме максимално да помагаме и на Струга и на Кичево како неотуѓив дел од нашето ткиво.
Бранко Црвенковски Овие избори не поминаа во фер и демократска атмосфера и затоа тие се нелегитимни. Работите во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромна цена за овие погрешни политики, а цената ќе ја платиме сите. И за тоа сите што мислат дека на овие избори СДСМ беа поразени, сакам да им кажам дека грдно се лажат, на овие избори губи нашиот народ и целата наша земја.
Али Ахмети Ова е најголема победа во нашата историја. Освен ова, ДУИ и нејзините активисти помогнаа и за голема победа на Зијадин Сеља во Струга.
Мендух Тачи Не беше невозможна мисија, туку нерамноправна борба, со многу притисоци и уцени од сите сегменти на власта, на ДУИ. Непринципиелно се здружија со македонските партии, со ВМРО, со СДСМ, па и НДП на Руфи Османи.
Граѓанска асоцијација МОСТ Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 27 регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 7-ми април беше спроведено во генерално мирна атмосфера со незначително намален број на нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на Избирачкиот список и довербата во истиот. Најчести нерегуларности за кои известуваа нашите набљудувачи се: семејно гласање, некористење на УВ ламбата и спрејот, фотографирање на гласачките ливчиња, како и непочитување и злоупотреба на процедурата за гласање на лица кои не можат да гласаат сами. Обврска на избирачките одбори е да ги спречат ваквите нерегуларности.

Резултати[уреди]