Обединети за Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обединети за Македонија
ВодачЉубе Бошкоски
Основана2009
ШтабСкопје
Идеологијацентар-десно, конзервативна, про-европска
Меѓународна припадностнема
БоиЖолта и црна
Мрежно место
http://om.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Обединети за Македонија (скр. ОМ) — македонска центар-десно, конзервативна политичка партија создадена во 2009 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Обединети за Македонија е основана од страна на Љубе Бошковски во 2009. Во 2008 година, Бошкоски се враќа во Македонија од Шевенинген, ослободен од обвинение од Хашкиот суд за воени злодела. Набргу потоа Бошкоски не можејќи да најде заеднички јазик за соработка во рамките ВМРО-ДПМНЕ, тој се дистанцира од партијата и на претседателските избори во 2009 настапува како единствен независен кандидат, промовирајќи се и како критичар на власта и Никола Груевски и освојува околу 150 илјади гласови. По изборите Бошкоски ја формира Обединети за Македонија. Мисијата на партијата е да го подобри животот на сите граѓани и во најбрз можен рок да се оствари членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

На 29 мај 2009 во Скопје се одржува основачко собрание на партија „Обединети за Македонија“. Нејзин основач и водач е Љубе Бошкоски.[1] Претседателот на Обединети за Македонија е уапсен на 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори. Неговото апсење и пресуда е третирано како политички мотивирано од повеќе домашни и меѓународни релевантни организации.

По излегувањето на Бошкоски од затвор партијата настапила во коалиција со ВМРО-НП и Достоинство под името „ВМРО за Македонија“ и освоила 25 илјади гласови на парламентарните избори во 2016. Претседател на партискиот подмладок „Обединета младина на Македонија“ е Ѓорѓи Станковски.[2]

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Идеологија[уреди | уреди извор]

Според самата партија, нејзината идеологија е европска, прогресивна, центар-десно, народна партија, затоа што ги прифаќа европските стандарди и иднината на Македонија ја гледа во Европа, а партијата во семејството на центар-десните, конзервативни партии. Партијата има соработка со ЕКР - Европските конзервативци и реформатори.[3]

Симбол[уреди | уреди извор]

Партискиот симбол е црн лав поставен на жолто златен штит, кој претставува хералдичка стилизација на традиционалниот земски грб на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Чомовски, Александар (29 мај 2009). „„Обединети за Македонија" - нова партија во Македонија“. Deutsche Welle. Посетено на 2009-11-11.
  2. „ОММ“ Архивирано на 15 јуни 2021 г., „Официјално мрежно место на Обединети за Македонија“
  3. „ОМ и ЕКР“, „Официјална Фејсбук на Обединети за Македонија“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]