Демократски сојуз

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Демократскиот сојуз (ДС) е политичка партија која себеси се профилира како партија на редот и поредокот. Основана е на 25 март 2000 година. Нејзин претседател е Павле Трајанов.

На парламентарните избори 2002 година ДС освои 1,2% од гласовите и не успеа да освои мандат. Во декември 2003 година стапи во коалиција „Трет пат“, заедно со Демократската алтернатива и со Социјалистичката партија на Македонија. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните избори 2005 година, ДС продолжи да биде во коалиција со СПМ, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори за пратеник во Собранието на Република Македонија е избран претседателот на партијата, Павле Трајанов.

Член на Демократскиот сојуз може да стане секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, без разлика на својата национална и етничка припадност, пол, вероисповед, социјална положба и занимање, кој е државјанин на Република Македонија и е со постојано живеалиште во Република Македонија.

1. Основни цели и задачи на Демократскиот сојуз се: • поттикнување и развој на демократските процеси и владеење на правото; • заштита и унапредување на основните човекови права и слободи; • заштита на националните и државните интереси, суверенитетот територијалниот интегритет на Република Македонија; • остварување на економски, социјални, политички, културни и други права и уверувања на граѓаните; • ефикасна борба против организираниот криминал, корупцијата и наркоманијата; • вклучување на граѓаните во креирањето и решавањето на актуелните животни прашања; • слобода на информирањето и воспоставување на јавноста како коректор на извршната, законодавната и судската власт; • учество во постапката за избор на претставници во органите


Надворешни врски[уреди]