Стевчо Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стевчо Јакимовски
Градоначалник на Општина Карпош
На должноста
2021 – во служба
Претходник Стефан Богоев
Градоначалник на Општина Карпош
На должноста
2009 – 2017
Претходник Андреј Петров
Наследник Стефан Богоев
Градоначалник на Општина Карпош
На должноста
2000–2003
Претходник ?
Наследник Андреј Петров
Министер за економија
На должноста
2 јуни 2004 – 15 ноември 2004
Премиер Владо Бучковски
Претходник Илиjа Филиповски
Наследник Фатмир Бесими
Министер за труд и социјална политика
На должноста
15 ноември 2004 – 28 август 2006
Премиер Владо Бучковски
Претходник Јован Манасиевски
Наследник Љупчо Мешков
Лични податоци
Роден(а) 27 август 1960
Подржи Коњ, Крива Паланка
Националност Македонец
Партија ЛДП
СДСМ
ГРОМ

Стевчо Јакимовски (р. 27 август 1960 во с. Подржи Коњ, Кривопаланечко) — претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и градоначалник на Општина Карпош.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

Јакимовски е оженет, има два сина, Дамјан и Гоце Јакимовски, кој е сопственик и управител на „Транс Медитор“ ДООЕЛ, претпријатие што претежно се занимава со патен транспорт.[2]

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Стевчо Јакимовски влегол во политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија. Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија и министер за труд и социјална политика. Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии: најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.[3]

Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат.[2] За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувано одредиште за живеење, според анкетата на Центарот за истражување и анализа (ЦИА) спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а општина Карпош стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.

Во 2013 година, Стевчо Јакимовски ја формирал политичка партија Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), со која првпат настапил на претседателските избори во 2014 година, како и на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

На локалните избори во 2017 година, Јакимовски повторно се кандидирал за градоначалник, како кандидат на ГРОМ.[4] Кампањата за локалните избори ја завршил со хомофобен говор.[5]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Стевчо Јакимовски за својата активност е добитник на повеќе меѓународни награди и признанија.

  • „Најградоначалник за Југоисточна и Средна Европа – 2012“, награда доделена од страна на дирекцијата на Агенцијата за избор на најменаџери од Босна и Херцеговина, за Југоисточна и Средна Европа, 5 јули 2012 година, Сараево
  • „Златна плакета за поддршка на претприемништвото“ во регионални рамки, награда доделена од Унијата на претприемачи и занаетчии од Регионот на Јужна Србија, 18 декември 2012, Ниш
  • „Климатска ѕвезда 2016“,[6] наградата доделена од Климатската алијанса, 6 октомври 2016 година, Кремс, Долна Австрија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјална страница“. Архивирано од изворникот на 2017-04-22. Посетено на 2017-02-07.
  2. 2,0 2,1 Ирена Мулачка, „Синот на Стевчо Јакимовски превезува нафта“, Фокус, број 1119, 17 март 2017, стр. 28-33.
  3. На grid.mk
  4. http://grom.mk/?page_id=8504
  5. http://makfax.com.mk/daily-news/видео-јакимовски-својот-противканди/
  6. „Објава во весникот Вечер“. Архивирано од изворникот на 2016-11-01. Посетено на 2017-02-07.