Македонски претседателски избори (2024)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски претседателски избори (2024)
Македонија
2019 ←
24 април (прв круг)
8 мај (втор круг)
→ 2029

Регистрирани 1.814.317
Излезност 905.971 (49,93%)
Избројани гласови
100%
( 25.4.2024 )
 
Stevo Pendarovski (29-10-2023).jpg
GordanaSiljanovskaDavkovka1.jpg
Stevco Profuilna slika za Wikipedia.JPG
Кандидат Стево Пендаровски Гордана Силјановска-Давкова Стевчо Јакимовски
Партија СДСМ ВМРО-ДПМНЕ ГРОМ
Припадност За европска иднина Твоја Македонија Храбро за Македонија

 
Bujar Osmani official portrait 2020 (cropped 1).jpg
BiljanaVankovskalevica.jpg
Arben Taravari (2023).jpg
Кандидат Бујар Османи Билјана Ванковска Арбен Таравари
Партија ДУИ Левица АА
Припадност Европски Фронт Вреди

 
Максим_Димитриевски2024.jpg
Кандидат Максим Димитриевски
Партија ЗНАМ




Теков. претседател

Стево Пендаровски
СДСМ



Македонски претседателски избори (2024)седми по ред претседателски избори во Македонија. Претседателските избори се најавени за на 24 април, среда (прв круг) и 8 мај, среда (втор круг) 2024 година заедно со парламентарните избори.[1] Гласачите ќе избираат претседател со мандат од пет години. Актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, се кандидирал за реизбор. Неговиот противкандидат на претходните избори во 2019 година, професорката Гордана Силјановска-Давкова, повторно се кандидирала за позицијата претседател. Ова ќе биде првиот претседателски реванш во македонската историја, а Стево Пендаровски ќе стане прв кој се кандидрал за претседател на три последователни изборни циклуси (изборите во 2014 и 2019). Заедно со претседателските избори во 2009 година, на овие избори ќе има најголем број на кандидати во првиот круг, вкупно седум.

ЕУ интеграциите, надворешната политика, Францускиот предлог и уставните измени, владеењето на правото, одбраната и безбедноста на државата, како и изборот на претседател да се одвива во Собранието се очекува да бидат водечки теми во кампањата.

Изборен систем[уреди | уреди извор]

Според македонските закони, кандидатот за претседател можел да победи во прв круг доколку освоел над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Доколку ова не се случи, се одржува втор круг на избори, во кој се натпреваруваат двата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.[2]

Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.[2]

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години, а најмногу еден претседател може да биде на должноста два мандати.[2]

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, се спроведиле во среда, ден што Владата го прогласил како неработен. Исто така, овие избори се поклопиле со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно била со апарати за биометриска идентификација.[3]

За изборите за претседател во Избирачкиот список биле запишани 1.814.317 избирачи. Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласале ден пред изборите односно во вторник на 23 април.

Во дијаспората се спровело гласање во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Канбера, Копехаген, Лондон, Љубљана, Минхен, Мелбурн, Њујорк, Осло, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Торонто, Хаг, Чикаго, Анкара, Варшава, Мадрид, Пекинг и Софија.

Кандидати[уреди | уреди извор]

Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенција во Скопје за свој претседателски кандидат ја избрале професорката Гордана Силјановска-Давкова. Таа ја добила довербата на 444 од присутните 448 делегати, друг кандидат немало. Силјановска-Давкова била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претходните избори во 2019 година. СДСМ на свој конгрес ја потврдиле кандидатурата за втор мандат за претседател на Стево Пендаровски.

Кандидати во прв круг[уреди | уреди извор]

Кандидат, години, политичка партија Поддржан од Бр. Политички позиции Објавена кандидатура Начин на кандидатура
Стево Пендаровски (61)

Независен

Stevo Pendarovski СДСМ 1
  • Советник за национална безбедност (2001–2004)
  • Претседател на Државната изборна комисија (2004–2005)
  • Советник за национална безбедност и надворешна политика (2005–2009)
  • Пратеник во Собранието на РМ (2016–2019)
  • Претседател на РМ (2019–2024)
28 февруари[4] 10.000 потписи
ЛДП
ДОМ
НСДП
ПДТ
ВМРО-НП
ПОПГМ
СРМ
Гордана Силјановска-Давкова (70)

Независна

ВМРО-ДПМНЕ 2
  • Член на Уставна комисија на Собранието на РМ (1990–1992)
  • Министер без ресор (1992–1994)
  • Пратеничка во Собранието на РМ (2020–2024)
22 февруари[5] 30 пратеници
СПМ
Стевчо Јакимовски (63)

ГРОМ

Stevco Jakimovski ГРОМ 3 21 февруари[6] 10.000 потписи
Интегра
Бујар Османи (44)

ДУИ

Bujar Osmani ДУИ 4 22 февруари[7] 10.000 потписи
Билјана Ванковска (64)

Независна

BiljanaVankovskalevica Левица 5 7 февруари[8] 10.000 потписи
Арбен Таравари (51)

Алијанса за Албанците

Arben Taravari АА 6 15 февруари[9] 10.000 потписи
Беса
Алтернатива
Демократско движење
Максим Димитриевски (48)

ЗНАМ

Максим Димитриевски ЗНАМ 7 22 февруари[10] 10.000 потписи

Кандидати кои не успеале да ги соберат потребните потписи[уреди | уреди извор]

Кандидат Партија/Коалиција Објавена кандидатура Собрани потписи
Вело Марковски Независен[б 1] 19 октомври 2023[11] 1.668
Господин Попоски Независен 15 февруари[12] 147
Ѓорѓи Манасков Независен[б 2] 16 февруари[13] 496
Мерсиха Смаиловиќ Бошњачки демократски сојуз 21 февруари[14] 3.246
Зорица Цветковска Десна 24 февруари[15] 293
Гоце Ристов Независен 4 март 2024 6
Драган Николовски Независен 6 март 2024 8

Кандидати кои се повлекле од претседателската трка[уреди | уреди извор]

Кандидат Партија/Коалиција Објавена кандидатура Повлечена кандидатура Собрани потписи[16]
Томе Николоски Независен 22 февруари[17] 23 февруари[18] 0

Партиски слогани[уреди | уреди извор]

Кандидат Слоган
Стево Пендаровски „Нашиот претседател Стево“
Гордана Силјановска-Давкова „Македонија повторно горда“
Стевчо Јакимовски „Храбро за Македонија“
Бујар Османи „Искуство, искреност и посветеност“
Билјана Ванковска „Го враќаме достоинството на нацијата“
Арбен Таравари „Промената е важна“
Максим Димитриевски „Максимум за Македонија“

Дебати[уреди | уреди извор]

Претседателски избори (2024)
Датум Организатор Канал Видео запис     П  Присутен    O  Поканет, но отсутен   НП  Непоканет 
4 април Клик плус ТВ 21 врска НП НП НП П НП П НП
21 април 360 степени МРТ врска П П П П П П П

Интервјуа и емисии[уреди | уреди извор]

Претседателски избори (2024)
Датум Организатор Канал Видео запис     П  Присутен    O  Поканет, но отсутен   НП  Непоканет 
4 април МИА МИА врска НП НП П НП НП НП НП
5 април МИА МИА врска НП НП НП П НП НП НП
6 април МИА МИА врска НП НП НП НП НП НП П
6 април МИА МИА врска НП НП НП НП НП П НП
8 април МИА МИА врска НП НП НП НП П НП НП
8 април Ја сакам Македонија Сител врска НП П НП НП П НП НП
8 април Клик плус ТВ 21 врска П НП НП НП НП НП НП
8 април Аргумент плус Телевизија 24 врска НП НП НП НП НП НП П
8 април Топ тема Телма врска НП НП НП НП П НП НП
8 април 360 степени МРТ врска НП НП НП НП НП П НП
8 април 360 степени МРТ врска НП НП НП П НП НП НП
9 април МИА МИА врска П НП НП НП НП НП НП
9 април Топ тема Телма врска НП НП НП НП НП П НП
10 април Топ тема Телма врска НП НП П НП НП НП НП
10 април Ја сакам Македонија Сител врска НП НП НП НП НП НП П
10 април Зум анализа Телевизија M врска НП НП НП НП НП НП П
10 април Клик плус ТВ 21 врска НП НП НП НП НП НП П
11 април Топ тема Телма врска НП НП НП НП НП НП П
11 април Само интервју Канал 5 врска НП НП НП НП НП П НП
11 април Алсат Алсат врска П НП НП НП НП НП НП
11 април Аргумент плус Телевизија 24 врска НП НП НП НП П НП НП
12 април Инфомакс Инфомакс врска НП НП П НП НП НП НП
12 април МИА МИА врска НП П НП НП НП НП НП
15 април 360 степени МРТ врска НП НП НП НП П НП НП
15 април Аргумент плус Телевизија 24 врска НП НП П НП НП НП НП
15 април 360 степени МРТ врска НП НП П НП НП НП НП
17 април Зум ТВМ2 врска НП НП НП НП НП НП П
17 април Топ тема Телма врска П НП НП НП НП НП НП
17 април Радио Лидер Радио Лидер врска НП НП П НП НП НП НП
22 април Инфомакс Инфомакс врска НП НП П НП НП НП НП
22 април Само интервју Канал 5 дел 1
дел 2
П НП НП НП НП НП НП
22 април Само интервју Канал 5 дел 1
дел 2
НП П НП НП НП НП НП
22 април Аргумент плус Телвизија 24 врска НП НП НП НП НП П НП

Митинзи и средби со граѓани[уреди | уреди извор]

Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска-Давкова своите програми ги претставувале на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите кандидати тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Кандидатите од албанската националност своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население.

Прв круг[уреди | уреди извор]

Кандидат Стево Пендаровски Гордана Силјановска-Давкова Стевчо Јакимовски Бујар Османи
Датум Локација Локација Локација Локација
4 април Кривогаштани, Крушево, Прилеп Скопје Тетово Липково
5 април Пробиштип, Штип Вевчани, Струга, Ресен Гостивар, Кичево Студеничани, Шуто Оризари
6 април Македонски Брод, Кичево Демир Капија, Неготино, Кавадарци Крушево Брвеница, Боговиње, Гостивар
7 април Белчишта, Вевчани, Струга, Охрид Зрновци, Виница, Кочани Ѓорче Петров Скопје, Теарце, Шемшево
8 април Кисела Вода, Аеродром Новаци, Демир Хисар, Битола Кичево Шуто Оризари
9 април Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево Теарце, Јегуновце, Брвеница, Ѓорче Петров, Куманово Неготино, Кавадарци, Прилеп Чаир
10 април Демир Капија, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци Босилово, Василево, Радовиш, Струмица
11 април Дојран, Богданци, Валандово, Гевгелија Долнени, Македонски Брод, Кичево Радовиш, Штип
12 април Илинден, Петровец, Карпош, Центар Дебар, Гостивар, Тетово Карпош Скопје
13 април Желино, Јегуновце, Теарце, Брвеница, Тетово Зелениково, Бутел, Карпош Крива Паланка Охрид
14 април Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце, Крива Паланка, Куманово Петровец, Центар, Кисела Вода Прилеп Долнени, Крушево
15 април Сарај, Чаир, Ѓорче Петров, Гази Баба Кривогаштани, Крушево, Прилеп Дебар, Центар Жупа
16 април Чашка, Свети Николе, Велес Дојран, Валандово, Гевгелија Скопје Дебар
17 април Дебар, Ростуше, Гостивар Чашка, Свети Николе, Велес Струга, Охрид, Битола Пласница, Кичево
18 април Чешиново-Облешево, Виница, Кочани Охрид Гевгелија, Ново Село, Струмица Скопје, Куманово
19 април Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Бутел Ранковце, Кратово, Крива Паланка Скопје Врапчиште
20 април Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш, Струмица Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево Карпош Тетово
21 април Скопје Сарај, Чаир, Аеродром, Гази Баба Скопје Скопје
22 април Демир Хисар, Ресен, Битола Лозово, Карбинци, Пробиштип, Штип Ѓорче Петров, Карпош Чаир
23 април Изборен молк
24 април Изборен ден (прв круг)
Кандидат Билјана Ванковска Арбен Таравари Максим Димитриевски
Датум Локација Локација Локација
4 април Струмица Дебар Крушево
5 април Штип Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани
6 април Прилеп, Демир Хисар Скопје, Куманово Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија
7 април Волково, Тетово Тетово, Попова шапка Вевчани, Струга, Охрид
8 април Богданци, Гевгелија Тетово Охрид, Дебрца, Велмеј, Лешани
9 април Гази Баба Скопје Јегуновце, Брвеница, Теарце, Тетово
10 април Карпош, Лисиче Лозово, Свети Николе, Штип
11 април Гази Баба, Куманово Чаир
12 април Чаир, Тетово Демир Капија, Неготино, Росоман, Кавадарци
13 април Струга, Охрид Сарај, Куманово Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани, Прилеп
14 април Кавадарци Скопје
15 април Центар, Кисела Вода Велес, Желино Скопје, Гостивар
16 април Виница, Кочани Струга, Дебар Скопје
17 април Чаир, Липково Чучер-Сандево, Бутел
18 април Велес Скопје, Струга Куманово
19 април Берово Берлин (Германија) Велес, Скопје
20 април Битола Цирих (Швајцарија) Ресен, Новаци, Могила, Битола
21 април Скопје Приштина (Косово), Гостивар Илинден
22 април Кичево, Гостивар Скопје Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово, Струмица
23 април Изборен молк
24 април Изборен ден (прв круг)

Втор круг[уреди | уреди извор]

Кандидат Стево Пендаровски Гордана Силјановска-Давкова
Датум Локација Локација
25 април
26 април
27 април
28 април
29 април
30 април
1 мај
2 мај
3 мај
4 мај
5 мај
6 мај
7 мај Изборен молк
8 мај Изборен ден (втор круг)

Претседателска кампања[уреди | уреди извор]

Стево Пендаровски[уреди | уреди извор]

Стево Пендаровски

Програма[уреди | уреди извор]

Програмата на кандидатот Пендаровски била составена од пет клучни столба, односно Глас на граѓаните – заштитник на правата и слободите; Промотор на младите ранливите и маргинализираните заедници; Заштитник на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество; Борба за правна држава ослободена од кнаџите на организираниот криминал и корупција; Европска интеграција како двигател на целосната трансформација.[19]

Кампања[уреди | уреди извор]

Кампањата на Пендаровски за овие претседателските избори, во главно го содржела неговиот силен став и посветеност за патот кон евроинтеграцијата во секој аспект, како и ветувањето дека тој и понатаму би бил претседател кој својот мандат ќе го завршува без дамка, и дека доколку граѓаните го изберат повторно, тој и понатаму би бил претседател на сите граѓани, без исклучок.[20]

За разлика од минатите претседателски избори, оваа кампања ја водел со посмирена динамика. Пендаровски за главен противкандидат ја сметал професорката Гордана Силјановска-Давкова, па со тоа и кампањата била насочена најмногу пртоив неа.[20]

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • Република Македонија нема друг пат, да не си прави никој илузии, освен европскиот интегративен и затоа, со сите наши ресурси, мораме да се движиме забрзано натаму.
  • Не се согласувам претседателот на државата да се избира во собранието затоа што со сегашните надлежности кои извираат од директниот избор од граѓаните, тој има многу поголема морална сила и поткрепа.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Пендаровски бил поддржан од својата матична партија СДСМ, министрите, пратениците и градоначалниците од СДСМ како и поранешните премиери на Македонија од редовите на СДСМ, Зоран Заев и Владо Бучковски, но не и основачот на СДСМ и поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој останал неутрален. Пендаровски бил поддржан и од партиите кои биле дел од коалицијата предводена од СДСМ, како ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ПДТ, СРМ, ДОМ, ПОПГМ, ПДПР, ССМ и други.

Пендаровски не ја добил поддршката од политичката партија ДУИ во првиот круг, кого го поддржале во изборите во 2019 година и биле дел од владата предводена од СДСМ.

Гордана Силјановска-Давкова[уреди | уреди извор]

Гордана Силјановска-Давкова

Програма[уреди | уреди извор]

Гордана Силјановска-Давкова својата кампања ја водела под мотото „да ја направиме Македонија повторно горда“, па и програмата се насочила кон таа тематика. Силјановска-Давкова својата програма ја поделила на неколку подтеми, а најмногу внимание посветила на владеење на правото, надворешната политика и односи со соседните држави, дипломатијата, безбедноста и одбраната на државата, животната средина, дијаспората и културата.[21]

Во делот за владеење на правото, професорката предложила враќање на практиката на отворени канцеларии и директен контакт со граѓаните, вклучително и можност за поднесување на граѓански иницијативи и петиции. Повеќе обраќања пред пратениците, со цел градење на национален консензус за важни прашања. Предложила употреба на вето за подобрување на квалитетот на законите, не како израз на претседателска сила, туку за заштита на Уставот и правата на граѓаните. Ја истакнала важноста на консултации и сигурни гаранции пред давање на мандат за формирање на влада, како и конструктивни односи со владата и реакција во случај на кршење на Уставот.[21]

Силјановска-Давкова најавила создавање на експертски тим за обезбедување на транспарентност и отчетност во преговорите со Европската Унија, како и барање за влез во единствениот пазар. Покрај тоа се залага за иницирање постапки за пристап до европските фондови и усогласување со стандардите на Организацијата за економска соработка и развој. Во однос на европската интеграција ја нагласува потребата за заштита на македонскиот идентитет и интегритет, како и за спроведување на промени според копенхагенските критериуми, без измени на Уставот.[21]

Во однос на безбедноста, се залагала за проактивната улога на Советот за безбедност, потребата за центар за извонредност за жени, мир и безбедност, како и соработка со НАТО за промоција на улогата на жените во безбедносните и одбранбените системи, прецизирање на условите за промоција во АРМ и обезбедување на тренинзи за реинтеграција на војниците во цивилната служба, како и поставувањето на воени аташе во македонските дипломатско-конзуларни претставништва.[21]

Во однос на дипломатијата, Силјановска-Давкова најавила целосна професионализација на дипломатската служба, како и влез на македонските дипломати во меѓународните организации, потоа разработка на централен конзуларен центар за координирање на конзуларните активности и заштита на интересите на македонските граѓани низ светот и кампања за лобирање за непостојан член во Советот за безбедност.[21]

Силјановска-Давкова најавила на подобрување на односот кон ромската заедница и лицата со попреченост, воведување на позиција во Кабинетот – советник за млади, формирање Форум за млади под покровителство на претседателот и формирање на меѓународна школа за лидери.[21]

Во однос на дијаспората, Гордана најавила формирање на национален совет за соработка со дијаспората, македонски бизнис хаб, како и годишна меѓународна конференција и инвестициски форум.[21]

Кампања[уреди | уреди извор]

Предизборната кампања на кандидатката Силјановска-Давкова помалку наликува на кампања за парламентарни избори, на која најчесто, наместо кандидатката за претседателка на државата, на собирите и средбите со граѓаните, главен промотор на нејзината кампања бил претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. И кампањата на кандидатката Силјановска Давкова се водела против, или во натпревар со противкандидатот Пендаровски, како и на претходните избори, и покрај другите кандидати.[20]

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • Уставните измени не се гаранција за брзо чекорење кон ЕУ, ниту за почит, а уште помалку за самопочит.
  • Ќе дојде одговорен претседател, ќе дојде одговорен парламент што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува, ќе дојде нов состав на Уставен суд што ќе го брани уставот. Тогаш ние еден ден со една уставна промена, важна, ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Сите пратеници и градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и голем број на поранешни функционери, меѓу нив и четвртиот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, веднаш ја поддржале кандидатурата на Силјановска-Давкова, додека поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски останал неутрален. Од друга страна пак, првиот претседател и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски му дал поддршка на Стево Пендаровски.

Голем број на помали политички партии како Социјалистичка партија на Македонија, ДПСМ, ДНЕТ, ПОДЕМ, Нова либерална партија, Демократски сојуз, Глас за Македонија, МААК, СНСМ, ДСР, Роми обединети од Македонија и други, кои биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дале поддршка на професорката Гордана Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова била поддржана и од голем број пратеници и функционери од десничарско ориентирани партии во Европа, членови на Европската народна партија, како Маргарета Седерфелт, пратеник на шведскиот Риксдаг, која учествувала на некои од митинзите организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Стевчо Јакимовски[уреди | уреди извор]

Стевчо Јакимовски

Програма[уреди | уреди извор]

Како претседател на Република Македонија, Јакимовски би инсистирал на јакнење на позициите на државата во НАТО и почит кон македонските граѓани од страна на НАТО, како и стратешките партнери САД и ЕУ.[22][23]

Јакимовски јасно би ставил до знаење дека за влезот во Европската унија би биле подготвени да чекаме најкасно до 2030 година, би ги направиле сите реформи кои се потребни, а доколку по 2030 година не би биле примени во ЕУ, не би се откажале од европскиот пат, но би барале сопствен пат за развој на Републиката, а пред сѐ за носење на инвестиции и за отворање на работни места.[22][23]

Тој исто така би се залагал за јакнење на економската дипломатија, а во исто време би инсистирал Македонија да подготви проекти за најмалку 50 милијарди евра со коишто би се побарале директни странски инвестиции и нашите компании би се подготвиле да учестуваат во обновата на Украина.[22][23]

Кампања[уреди | уреди извор]

Кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој е и единствениот кандидат кој е на американската црна листа за корупција, водел кампања дека Македонија треба да има и други алтернативи, а не само Европската Унија.

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • „СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, односно главата им е ставена во песок и на заканите и уцените од Османи и Таравари никако не одговараат. Јас јавно ги прашувам дали ќе се одважат еднаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а одговорот е дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада.
  • Ние треба да им кажеме, подготвени сме да чекаме до 2030-та година да чекаме влез во Европска Унија, нели влеземе до 2030-та година. Вие нема да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема да се откажуваме, но ние мораме да си бараме пат за развој на државата.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ, покрај од својата партија бил поддржан и од партиите Интегра и ПЦЕР со кој бил заедно во коалицијата „Храбро за Македонија“.

Бујар Османи[уреди | уреди извор]

Бујар Османи

Програма[уреди | уреди извор]

Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи се залагал за еднаква држава за сите, каде што и покрај ограничената моќ, како иден претседател би станес авторитет кој би ги обединил различните политички и етнички наративи и активен адвокат на правата на граѓаните, во борба против било која форма на дискриминација.[24]

Османи се залагал изборот на претседател да се одвива во Собранието со двојно мнозинство, за партнерство и стратешки дијалог со САД, формирање на меѓународен одбор со САД, ЕУ и НАТО за сертифицирање на сите носители на јавни функции, зајакнување на Армијата согласно стандардите на НАТО, соодветното меѓународно етаблирање преку надворешната политика, задржувањето на младите, образованието и иновациите и зелената агенда.[25]

Кампања[уреди | уреди извор]

Кампањата на Османи за овие претседателски избори главно се состела од тоа што земјата немала друга алтернатива освен членството во Европската Унија и силно партнерство со САД. Според него, членството би се случило само со неговата политичка коалиција промовирајќи ја мултиетничноста на коалицијата,каде што биле застапени сите етнички заедници освен македонската. Кампањата ја водел главно во албанските средини.[26]

Во јавните настапи настапувал со мотото „искуство, чесност и посветеност“, бидејќи, според него, додека ги вршел и врши државните функции, секогаш се придржува до овие постулати.

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација. вашиот глас не е само еднократен избор. Туку е инвестиција за иднината. Инвестиција која ќе изгради ѕид против овој одмаздољубив национализам, кој може да се постави кај нас за неколку дена
  • Останува уште една последна тврдина на етничкиот монопол. Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Бујар Османи како член на ДУИ бил поддржан од коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, која ги вклучувала и партиите Алијанса за Албанците (фракцијата на Зијадин Села), ДПА, ЕДП, НД, ДПТ, Унија на Ромите и БДС.

Билјана Ванковска[уреди | уреди извор]

Билјана Ванковска

Програма[уреди | уреди извор]

Најважните насоки во кои Ванковска би била ангажирана за време на вршењето на претседателската функција би биле: иницијативата за создавање Македонска платформа за обединување околу националните интереси, иницијатива за донесување на граѓански устав заснован на принципите на социјална правда, за ставање на крај на бинационалната држава и процсот на федерализација како и раскинувања на Преспанскиот договор и договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.[27]

Во однос на надворешната политика, Ванковска била главен поборник за напуштање на членството во НАТО и преиспитување на политиката на асоцијација во ЕУ по секоја цена и прогласување воена неутралност и одржување на сопствен систем за самоодбрана согласно со повелбата на ОН. Од друга страна била главен застапник за приближување до земјите на БРИКС заради поголема економска соработка, барање на посматрачки статус во Движењето на неврзаните, поголема економска агилност во рамки на иницијативата Појас и пат, како и вклучување во глобалните еколошки иницијативи за заштита на животот на планетата.[27]

Ванковска имала и иницијатива за поголемо вклучување на дијаспората во реализација на националните проекти за економски и технолошки развој како и мерки за јакнење на соработката со македонското и другите малцинства во соседните држави.[27]

Како нов проект, Ванковска се залагала за доделување на посебни награди и признанија за најдобрите во повеќе области и категории на годишно ниво (најдобри студенти, научници, иноватори, земјоделци, уметници, спортисти), доделување на признанија на професионални групи и организации, како и посебно признание за борбата против корупцијата.[27]

Кампања[уреди | уреди извор]

Кандидатката Билјана Ванковска во својата изборна програма наведува дека доколку би била избрана за претседател на Република Македонија, ќе се води од неколку фундаментални принципи, кои произлегувале од заедничката нишка во која се преплетуваат патриотизмот и левата идеологија.

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • Во државава сме доведени до ситуација на политика на уцена во која македонскиот народ и Македонецот се уценети од сите страни – од надвор го уценуваат и соседи и ЕУ и Америка, а дома Албанците.
  • Прво што би направила е раскинување на договорот со Бугарија, како и отворање на уставна дебата и процедура за промена на целиот Устав, не „овде ќе закрпиме, овде ќе залепиме или ќе додадеме“, туку комплетно нов Устав.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Профсорката Билјана Ванковска како независен кандидат била поддржана од политичката партија Левица. Ванковска добила поддршка и од ирските европратеници Клер Дејли и Мик Волас.

Арбен Таравари[уреди | уреди извор]

Арбен Таравари

Програма[уреди | уреди извор]

Изборната програма на Таравари се темелела на четири главни столба: интеграција со Европската Унија, безбедност, владеење на правото и консезуалната демократија.[28]

Надборешната политика би се засновала на европски и прозападни вредности и стремеж кон зачленување на Македонија во Европската Унија најкасно до 2030 година. Таравари се залагал за излегување од иницијативата Отворен Балкан, а бил застапник на имплементација на Преспанскиот договор и договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.[28]

Таравари се залагал за обезбедување на стабилен буџет за одбрана на ниво од 2% од БДП, како и развој на нови капацитети и модернизација на силите во согласност со критериумите на НАТО. Бил застапник за зголемување на придонесот на Македонија во мировните мисии и операции на ЕУ во светот, јакнење на улогата на земјата во регионалните безбедносни структури, како и ставање на крај на енергетската зависност од Русија.[28]

Како претседател на државата, Таравари би се борел против корупцијата на политичкиот систем, би превзел конкретни чекори за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и би ја заштитил консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото во сите ситуации.[28]

Кампања[уреди | уреди извор]

Предизборната кампања на Таравари била насочена на силната поддршка на евроинтеграциите на Република Македонија, јасна определеност и поддршка на членството во НАТО, со ветувања за уредување на правниот систем,

Таравари ветил дека доколку стане претседател, би работел на излегување од иницијативата Отворен Балкан и на избирање претседател на државата во Собранието. Забележително во кампањата на Таравари било дека се натпреварувал со кандидатот на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • Европската интеграција останува главната работа за државата во овој период, а улогата на претседателот е да тежнее тој процес да се заврши побрзо.
  • Останувам на ставот претседателот на државата да се избира во собранието, а не како досега на непосредни избори.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Арбен Таравари бил поддржан од коалицијата „Вреди“, која била составена од партиите Беса, Алтернатива и Демократско Движење како и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Таравари добил поддршка и од премиерот на Косово, Албин Курти и неговата партија Движење за самоопределување, кои активно се вклучиле во кампањата на Таравари.

Максим Димитриевски[уреди | уреди извор]

Максим Димитриевски

Програма[уреди | уреди извор]

Димитриевски поддршката и довербата од граѓаните ја побарал со својата програма наречена Манифест за Македонија. Во неа биле наведени пет стратешки начела и на пет, приоритети во првите 200 дена од преземањето на претседателската функција.

Начело број 1 – Единствени во надворешната политика, зајакнување на улогата на претседателот во надворешните односи, влез во ЕУ само со заштита и почитување на националните интереси, развивање на односи со сите соседни држави и со државите од регионот, засновани на спроведување на договорите на база на реципроцитет и интензивирање и зајакнување на улогата на Македонија на глобалната сцена.

Начело број 2 – Глас на разумот и обединувањето, поттикнување и одржување редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика, развој на меѓуетничките односи и реален соживот во Македонија и залагање за солидарно општество,со почитување на слободите и правата, без дискриминација, со развиена демократија и владеење на правото.

Начело број 3 – Поцврсти во одбраната и безбедноста, зајакнување на капацитетите на македонската армија и вложување напори за да се валоризира членството во НАТО.

Начело број 4 – Силни институции за заштита на граѓанинот и државата.

Начело број 5 – Вклученост и одговорност, транспарентност и јавност на своето дејствување како Претседател на Републиката, како и отчетност и одговорност на носителите на јавните функции, како основа за искоренувањето на корупцијата.

Клучни изјави[уреди | уреди извор]

  • Со сите имам принципиелни односи, но во било каков момент исклучувам било каква соработка со ова актуелно раководство на СДСМ, бидејќи тоа ја сноси најголемата одговорност зошто една државотворна партија се трансформираше во партија каква што е денеска, партија која се откажа од Крушевските и АСНОМ-ските принципи, тоа е недозволиво.
  • Јас го ЗНАМ вистинскиот пат, затоа ги повикувам граѓаните по Илинден и АСНОМ да се вклучат во Изборното востание.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

Максим Димитриевски како лидер и основач на партијата ЗНАМ, најголемата поддршка ја добил од својата партија.

Анкети на јавното мислење[уреди | уреди извор]

Прв круг[уреди | уреди извор]

Анкета Период Големина на

примерок

Stevo Pendarovski Stevo Pendarovski Stevco Jakimovski Bujar Osmani BiljanaVankovskalevica Arben Taravari Максим Димитриевски Водство
Пендаровски Силјановска-Давкова Јакимовски Османи Ванковска Таравари Димитриевски
СДСМ ВМРО-ДПМНЕ ГРОМ ДУИ Левица АА ЗНАМ
CRPC 8–13април 2024 1210 28.8 35.0 2.1 11.5 4.5 13.6 4.6 6.2
МКД.мк април 2024 1200 16 26.2 1.1 7.7 3.7 7.2 5.2 10.2
МКД.мк 15–24 март 2024 1200 19.8 36.5 1.5 14.3 4.9 10.5 12.1 16.7
CRPC 4–7 март 2024 1085 29.3 35.5 2.0 9.6 4.3 14.3 5.1 6.2
IPIS[б 3] 20 февруари 2024 1212 22.3 39.2 12.2 6.4 13.4 5.8 16.9
Претседателски избори 21 април 2019 44.8 44.2 11.1[б 4] 0.6

Втор круг[уреди | уреди извор]

Анкета Период Големина на

примерок

Stevo Pendarovski Stevo Pendarovski Водство
Пендаровски Силјановска-Давкова
СДСМ ВМРО-ДПМНЕ
МКД.мк 15–24 март 2024 1200 44.2 55.8 11.6
Претседателски избори 5 мај 2019 53.6 46.4 7.2

Изборен ден[уреди | уреди извор]

Прв круг[уреди | уреди извор]

Набљудувачи[уреди | уреди извор]

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирале за следење на Претседателските избори. Според ДИК, заклучно до 19 април биле акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни биле од ОБСЕ/ОДИХР – 375. Од домашните најбројни биле набљудувачите на Здружението за развој на опшествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје со 182 набљудувачи.

Излезеност[уреди | уреди извор]

Излезноста до 9 часот на претседателските избори била 4.06%, односно 70.997 гласачи, според податоците од Државната изборна комисија, по обработени 95.15% од изборните места.[29]

Излезноста до 11 часот била 12.76%, односно 229.417 гласачи, пресметана врз основа на 97.43% од обработените избирачки места. Најголема излезност според податоците имало во Крива Паланка каде гласале 24.5% од избирачите, односно 4.016 луѓе. Во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола, 12.450. Најмалку излезност имало во општините Студеничани (3.82%) и Пласница (3.97%).[30]

Излезноста до 13 часот била 24.65%, односно 438.840 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (42.87%) и Крива Паланка (42.00%), најмала во Пласница (8.27%) и Центар Жупа (9.12%).[31]

Излезноста до 15 часот на претседателските избори била 34.59%, односно 614.053 гласачи, по обработени 96.61% од изборните места. Општина Новаци имала најголема излезност од 57.69%, а во апсолутни бројки најмногу гласале во Аеродром – 29.852. Во однос на изборите од 2019 година излезеноста во 15 часот била за 6% поголема.[32] Најмала излесност имало во Пласница (12.57%) каде правото на глас го искористиле само 661 гласач.

Излезноста до 17 часот била 42.38%, односно 747.059 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (67.19%), а најмала во Пласница (15.35%) и Центар Жупа (15.57%).[33] Во однос на изборите од 2019 година излезеноста во 17 часот била за 9% поголема.[34]

Излезноста на крајот на изборниот ден била 49.93%, односно 905.958 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (74.06%), а најмала во Центар Жупа (17.36%). Во однос на изборите од 2019 година излезеноста била за 8% поголема.[34]

Неправилности[уреди | уреди извор]

Гласањето не било започнато на неколку места во предвиденото време, а на неколку било почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст.[35]

Во општина Чаир била пронајдена испукана димна бомба, која од страна на тим за антитероризам била отстранета.

Биле забележани и помали инциденти, како фотографирање на гласачки ливчиња, организирано гласање, како и кршење на предизборниот молк.

На 3 места во Куманово гласањето било прекинато поради технички проблеми, но затоа што станувало збор за мал број на гласови кои немале влијание врз крајниот исход, ДИК го поништило гласањето и соопштило дека нема да има прегласување.[36]

Втор круг[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

Кандидат Прв круг Втор круг
Бр. на гласови % Бр. на гласови %
Гордана Силјановска-Давкова 363.086 40.08%
Стево Пендаровски 180.500 19.92%
Бујар Османи 121.088 13.37%
Максим Димитриевски 83.856 9.26%
Арбен Таравари 83.393 9.20%
Билјана Ванковска 41.331 4.56%
Стевчо Јакимовски 8.121 0.90%
Вкупно 905.971 100 100
Важечки гласови 881.376 97.28
Неважечки гласови 24.562 2.72
Вкупно / Излезност 905.971 49.93 100
Регистрирани гласачи 1.814.317 100 100
Извор

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Член на ВМРО-ДПМНЕ кој се кандидирал без поддршка од неговата партија
  2. Член на ВМРО-ДПМНЕ кој се кандидирал без поддршка од неговата партија
  3. Анкетата била спроведена пред некој од кандидатите да се квалификува да биде на гласачкото ливче
  4. Различен кандидат (Блерим Река), поддржан од сите партии од коалицијата Вреди, освен од Демократско движење, која не постоела во 2019 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „На 8 мај ќе се гласа на двојни избори – падна договор на лидерската“. Радио Слободна Европа. 2023-12-04. Посетено на 2024-02-07.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Устав на Република Северна Македонија - Викиизвор“. mk.wikisource.org. Посетено на 2024-04-22.
  3. „Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април“. 24.mk (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  4. Телма. 21 февруари 2024 https://telma.com.mk/2024/02/21/pretsedatelski-izbori-pendarovski-protiv-siljanovska-po-vtorpat-stevche-jakimovski-objavi-kandidatura-bujar-osmani-ke-istrcha-utre-na-listata-na-koja-veke-gi-cheka-vankovska/. Отсутно или празно |title= (help)
  5. Телма. 21 февруари 2024 https://telma.com.mk/2024/02/21/pretsedatelski-izbori-pendarovski-protiv-siljanovska-po-vtorpat-stevche-jakimovski-objavi-kandidatura-bujar-osmani-ke-istrcha-utre-na-listata-na-koja-veke-gi-cheka-vankovska/. Отсутно или празно |title= (help)
  6. „Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на ГРОМ“. Телевизија 24. 21 февруари 2024.
  7. https://www.evropaelire.org/a/zgjedhjet-maqedoni-bujar-osmani-kandidat-president-bdi/32830735.html. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Левица ја одбра професорката Билјана Ванковска за кандидат за претседател“. Телевизија 24. 7 февруари 2024.
  9. „ЕСП ѝ фрла ракавица на ДУИ“. Дојче Веле. 15 февруари 2024.
  10. https://360stepeni.mk/maksim-dimitrievski-e-kandidat-za-pretsedatel-na-znam-vreme-e-za-promena-na-politichkata-stsena-vo-makedonija/. Отсутно или празно |title= (help)
  11. „Вело Марковски најави независен настап на претседателските избори, но вели оти очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ“. 360 степени. 19 октомври 2023.
  12. https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02Vy55m45wSFznVakEvqDgN4hUJAiAfUK59CF6MtNdTrxk5MdN4Lw83KSifa18QvCul&id=100072601965158. Отсутно или празно |title= (help)
  13. https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid07ywBbvhZE1sETecnaRQq4QWV7NJJHhq522vZ3qGWUZc3tqbC2MnJpd1ErPHXHKbsl&id=100076836254667. Отсутно или празно |title= (help)
  14. „Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија – Мерсиха Смаиловиќ“. ТВ 21. 21 февруари 2024.
  15. https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=122113549142211383&id=61556341516987&substory_index=371709315634942. Отсутно или празно |title= (help)
  16. Макфакс, А. П. / (2024-02-24). „Над 1000 потписи имаат Османи, Ванковска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи“. МАКФАКС. Посетено на 2024-03-01.
  17. „Томе Николовски Facebook“.
  18. „Томе Николовски Facebook“.
  19. „Нашиот Претседател - Стево“. Нашиот Претседател - Стево. Посетено на 2024-04-22.
  20. 20,0 20,1 20,2 Tahiri, Diana (2024-04-22). „ПОЛИТИЧКИ КАТАЛОГ: Сите претседателски кандидат(к)и“. CivilMedia (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 „programa GSD 2024.pdf“. Google Docs. Посетено на 2024-04-22.
  22. 22,0 22,1 22,2 🇲🇰 Како претседател на Република Македонија ќе инсистирам на јакнење на нашите позиции во НАТО и почит кон македонските граѓани од страна на НАТО,... | By Stevco JakimovskiFacebook, Посетено на 2024-04-08
  23. 23,0 23,1 23,2 „jakimovski_programa_compressed“ (PDF).
  24. „Бујар Османи вели дека ќе се залага за еднаква држава за сите“. Радио Лидер. Посетено на 2024-04-08.
  25. „10-заложби на Бујар Османи – ги претстави пред лидерите на Европскиот фронт“. mk.tv21.tv (англиски). 2024-03-31. Посетено на 2024-04-08.
  26. Tahiri, Diana (2024-04-22). „ПОЛИТИЧКИ КАТАЛОГ: Сите претседателски кандидат(к)и“. CivilMedia (англиски). Посетено на 2024-04-22.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 „ИЗБОРНА ПРОГРАМА 2024“.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 „Арбен Таравари Програма“ (PDF).
  29. „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Посетено на 2024-04-24.
  30. „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Посетено на 2024-04-24.
  31. „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Посетено на 2024-04-24.
  32. „Излезноста на претседателските избори до 15 часот е за 6% поголема од изборите во 2019 година“. Радио МОФ (англиски). 2024-04-24. Посетено на 2024-04-24.
  33. „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Посетено на 2024-04-24.
  34. 34,0 34,1 „telma.com.mk“.
  35. Ивановска, Кристина (2024-04-24). „ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија“. Слободен печат. Посетено на 2024-04-24.
  36. Дејан, Дејан (2024-04-25). „ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово“. telma.com.mk. Посетено на 2024-04-25.