Љупчо Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Љупчо Георгиевски
Ljubco Georgievski.jpg
Љупчо Георгиевски, 10 мај 2012
Роден Љубчо Георгиевски
17 јануари 1966
Штип, СР Македонија (денес Македонија)
Познат политичар, политички активист во Македонија
Занимање политичар
Сопружник Снежана Георгиевска
Деца Лав Георгиевски


Љупчо Георгиевски[1] или Љубчо Георгиевски[2](17 јануари 1966, Штип) е претседател на ВМРО-Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија. По несогласувањата со актуелниот водач на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Георгиевски се повлекол од матичната партија и ја формирал ВМРО-Народна партија.

Во 2006 година, Георгиевски добил бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и декларирана бугарска национална свест, со потпис на указ од потпретседателот на Бугарија.[3] и доби адреса во Благоевград, со што во Македонија и Бугарија предизвика бројни полемики за вистинските мотиви за ваквиот чин.

На парламентарните избори во јуни 2011 година, како носител на гласачка листа на партијата ВМРО-Народна партија, освоил само 1300 гласови, со што го доживеа неговиот најкатастрофален политички дебакл, освојувајќи помалку гласови дури и од тогашниот претседател на ВМРО-Народна партија.

Во јуни 2012 год. ја објавил својата автобиографска книга „Тоа сум јас“, во која говори за својот личен живот и политичка кариера.[4]

Надворешни врски[уреди]

Белешки[уреди]

  1. Правопис на македонскиот литературен јазик XVI издание, Б. Видеоски и други, Просветно дело, Скопје, 2007, стр. 84, § 191
  2. Оваа верзија на името е според бугарскиот правопис, односно за разлика од македонскиот кај бугарскиот јазик нема изедначување на согласките по звучност, па така согласката „б“ не се менува во „п“
  3. Агенция за българите в чужбина. Издаване на удостоверение за български произход. (бугарски)
  4. „Тоа сум јас“, нова книга на Љубчо Георгиевски; преземено од Плус Инфо, 25.06.2012