Град Скопје
| Општини во Град Скопје | |
| 1. Центар | 6. Бутел |
| 2. Гази Баба | 7. Шуто Оризари |
| 3. Аеродром | 8. Карпош |
| 4. Чаир | 9. Ѓорче Петров |
| 5. Кисела Вода | 10. Сарај |
| Општи информации | |
| Површина | 571.46 km2 |
| Население | 515,419 жители |
| Густина | 3603,94 жители/km2 |
| Адреса на седиште | бул. „Илинден“ бб |
| Телефон | 02/3297 236, 02/3297 265 ,02/3297 255 |
| Факс | 02/3165 445 |
| Веб страница | www.skopje.gov.mk |
| Е-пошта | gragjani@skopje.gov.mk |
| Претставници | |
| Градоначалник | Коце Трајановски |
| Членови на совет | 45 |
Град Скопје е посебна административна единица во Република Македонија која се состои од 10 општини. Како таква единица, Скопје е главниот град на државата. Дел е од Скопски статистички регион (Скопски регион).
Поделбата на Град Скопје, како посебна единица на локална самоуправа е дефинирана во Законот за Град Скопје.
Град Скопје се граничи со Општина Чучер-Сандево и Србија на север, Општина Јегуновце и Општина Желино на запад, Општина Сопиште и Општина Студеничани на југ и Општина Илинден, Општина Липково и Општина Арачиново на исток.
Содржина |
[уреди] Општини
Десетте општини во градот Скопје се:
| Општина | HASC[1] | Центар на Општината | Површина (km2) |
Население (2002) |
|---|---|---|---|---|
| Аеродром | MK.AD | Аеродром | 21,85 | 72 009 |
| Бутел | MK.BU | Бутел | 54,79 | 36 154 |
| Гази Баба | MK.GB | Гази Баба | 110,86 | 72 617 |
| Ѓорче Петров | MK.GP | Ѓорче Петров | 66,93 | 41 634 |
| Карпош | MK.KX | Карпош | 35,21 | 59 666 |
| Кисела Вода | MK.VD | Кисела Вода | 34,24 | 57 236 |
| Сарај | MK.AJ | Сарај | 229,06 | 35 408 |
| Центар | MK.CE | Центар | 7,52 | 45 412 |
| Чаир | MK.CI | Чаир | 3,52 | 64 773 |
| Шуто Оризари | MK.SO | Шуто Оризари | 7,48 | 22 017 |
| Град Скопје | Вкупно | 571.46 | 515 419 | |
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 [2], Скопје има 506,926 жители. Најбројна етничка група се Македонците со 66.75% од населението, а потоа Албанците (20.49%), Ромите (4.63%), Србите (2.82%), Турците (1.70%), Бошњаците (1.50%) и Власите (0.50%).
97.5% од населението над 10 годишна возраст е писмено.
[уреди] Историја
- Во 1945 со закон, Македонија територијално се организира во 4 области, 32 подобласти и 894 народни општини.
- Од 1949 до 1952 се донесуваат шест закони за територијална организација.
- Во 1952 бројот на општините паѓа од 223 на 86, а на подобластите од 18 на 7.
- Во 1957 има 7 подобласти и 73 општини во 1965.
- Во 1965 со законот кој ги дефинирал границите на општините во СРМ, подобластите се укинуваат и бројот на општините станува 32.
- Од 1976 до 1996 Скопје е организирано како посебна социополитичка заедница од 5 општини: Гази Баба, Kарпош, Кисела Вода,Центар и Чаир.
- Од 1996 до 2004 Скопје се дефинира како посебна единица на локална самоуправа и има 7 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода,Центар, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.
[уреди] Белешки
- ↑ Хиерархиски кодови на административна поделба (HASC): поврзани со ISO субнационални кодови (сеуште недефинирани за македонските општини)
- ↑ Резултати од пописот на македонски и англиски (PDF)