Општини во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“
Карта на општините во Македонија (2004-2013).
Карта на руралните и урбаните општини во Македонија.

Општините во Македонија се административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.

Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Општина Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км², а најмала е Општина Чаир со површина од 3,5 км².

Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Општина Кичево, со седиште во градот Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Голем број граѓани не се согласувале со оваа промена, слично како промените во општините Струга, Чашка, Долнени, Сопиште, меѓу другите.

Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.

Историја[уреди]

1952 - 1955[уреди]

Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на околии, потоа на градови, градски општини и општини.

1955 - 1957[уреди]

Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 86 на број. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.

1957 - 1965[уреди]

Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле вкупно 73, т.е. 61 на број според подоцнежното укинување на 12 општини. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.

1965 - 1996[уреди]

Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.

1996 - 2004[уреди]

Во 1996 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија со кој се укинал законот на СР Македонија. Според тој закон Македонија имала 123 општини кои претставувале првостепена и единствена административна поделба.

Општини[уреди]

Во следната табела се наведени сите општини во Македонија по азбучен ред. Покрај тоа, во табелата има информации за седиштата на општините, кодовите, површината, населението и регионот во кој се наоѓаат истите. За знамињата и грбовите, видете ги галериите за општински знамиња и грбови.

Грб Општина HASC[1] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[2]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици[1]
Coat of arms of Aerodrom Municipality, 2012-present.svg Аеродром[3] MK.AD MK-01 Аеродром (населба) 21,85 72.009 Скопски македонски
Coat of arms of Aračinovo Municipality.svg Арачиново MK.AR MK-02 Арачиново 38 11.597 Скопски македонски
албански
Coat of arms of Berovo Municipality.svg Берово MK.BR MK-03 Берово 597 13.941 Источен македонски
Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола MK.TL MK-04 Битола 790 95.385 Пелагониски македонски
Coat of arms of Bogdanci Municipality.svg Богданци MK.BG MK-05 Богданци 114 8.707 Југоисточен македонски
Coat of arms of Bogovinje Municipality.svg Боговиње MK.VJ MK-06 Боговиње 141 28.997 Полошки македонски
албански
Coat of arms of Bosilovo Municipality.svg Босилово MK.BS MK-07 Босилово 143 14.260 Југоисточен македонски
Coat of arms of Brvenica Municipality.png Брвеница MK.BN MK-08 Брвеница 164 15.855 Полошки македонски
албански
Coat of arms of Butel Municipality.svg Бутел[4] MK.BU MK-09 Бутел (населба) 60,79 36.154 Скопски македонски
албански
Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Валандово MK.VA MK-10 Валандово 331 11.890 Југоисточен македонски
Coat of arms of Vasilevo Municipality.svg Василево MK.VL MK-11 Василево 231 12.122 Југоисточен македонски
Coat of arms of Vevčani Municipality.svg Вевчани MK.VV MK-12 Вевчани 35 2.433 Југозападен македонски
Coat of arms of Veles Municipality.png Велес MK.VE MK-13 Велес 518 55.108 Вардарски македонски
Coat of arms of Vinica Municipality.png Виница MK.NI MK-14 Виница 432 19.938 Источен македонски
Coat of arms of Vrapčište Municipality.svg Врапчиште MK.VH MK-16 Врапчиште 157 25.399 Полошки македонски
албански
турски
Coat of arms of Gazi Baba Municipality.svg Гази Баба[5] MK.GB MK-17 Гази Баба (населба) 92 72.617 Скопски македонски
Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија MK.GV MK-18 Гевгелија 484 22.988 Југоисточен македонски
Grb-gostivar.jpg Гостивар MK.GT MK-19 Гостивар 375 81.042 Полошки македонски
албански
турски
Grb-gradsko.jpg Градско MK.GR MK-20 Градско 291 3.760 Вардарски македонски
Grb-debar.jpg Дебар MK.DB MK-21 Дебар 85 19.542 Југозападен македонски
албански
Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебaрца MK.DA MK-22 Белчишта 423 5.507 Југозападен македонски
Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево MK.DL MK-23 Делчево 423 17.505 Источен македонски
Coat of arms of Demir Kapija Municipality.svg Демир Капија MK.DK MK-24 Демир Капија 312 4.545 Вардарски македонски
Coat of arms of Demir Hisar Municipality.jpg Демир Хисар MK.DM MK-25 Демир Хисар 480 9.497 Пелагониски македонски
Grb-dojran.png Дојран MK.SD MK-26 Стар Дојран 129 3.426 Југоисточен македонски
Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени MK.DE MK-27 Долнени 418 13.568 Пелагониски македонски
албански
Coat of arms of Ǵorče Petrov Municipality.svg Ѓорче Петров[6] MK.GP MK-29 Ѓорче петров (населба) 63 41.634 Скопски македонски
Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино MK.ZE MK-30 Желино 201 24.390 Полошки македонски
албански
Grb-zelenikovo.png Зелениково MK.ZK MK-32 Зелениково 177 4.077 Скопски македонски
албански
Coat of arms of Zrnovci Municipality.jpg Зрновци MK.ZR MK-33 Зрновци 52 3.264 Источен македонски
MMCA(Ilinden).png Илинден MK.IL MK-34 Илинден (населба) 97 15.894 Скопски македонски
Coat of arms of Jegunovce Municipality.svg Јегуновце MK.JG MK-35 Јегуновце 174 10.790 Полошки македонски
албански
Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци MK.AV MK-36 Кавадарци 998 38.741 Вардарски македонски
Grb-karbinci.jpg Карбинци MK.KB MK-37 Карбинци 231 4.012 Источен македонски
Coat of arms of Karpoš Municipality.svg Карпош[7] MK.KX MK-38 Карпош (населби) 21 59.666 Скопски македонски
MMCA(Kisela Voda).png Кисела Вода[8] MK.VD MK-39 Кисела Вода (населба) 43 57.236 Скопски македонски
Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево MK.KH MK-40 Кичево 838 56.734 Југозападен македонски
албански
Grb-konce.jpg Конче MK.KN MK-41 Конче 233 3.536 Југоисточен македонски
Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани MK.OC MK-42 Кочани 357 38.092 Источен македонски
Coat of arms of Kratovo Municipality.svg Кратово MK.KY MK-43 Кратово 375 10.441 Североисточен македонски
Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка MK.KZ MK-44 Крива Паланка 482 20.820 Североисточен македонски
Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани MK.KG MK-45 Кривогаштани 88 6.150 Пелагониски македонски
Coat of arms of Kruševo Municipality.svg Крушево MK.KS MK-46 Крушево 190 9.684 Пелагониски македонски
албански
влашки
Coat of arms of Kumanovo Municipality.svg Куманово MK.UM MK-47 Куманово 432 105.484 Североисточен македонски
албански
Coat of arms of Lipkovo Municipality.jpg Липково MK.LI MK-48 Липково 270 27.058 Североисточен македонски
албански
Grb-lozovo.jpg Лозово MK.LO MK-49 Лозово 166 2.858 Вардарски македонски
Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуша MK.MR MK-50 Ростуша 856 8.618 Полошки македонски
турски
Coat of arms of Makedonska Kamenica Municipality.svg Македонска Каменица MK.MK MK-51 Македонска Каменица 189 8.110 Источен македонски
Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод MK.MD MK-52 Македонски Брод 875 7.141 Југозападен македонски
Coat of arms of Mogila Municipality.svg Могила MK.MG MK-53 Могила 255 6.710 Пелагониски македонски
Coat of arms of Negotino Municipality.svg Неготино MK.NG MK-54 Неготино 414 19.212 Вардарски македонски
Grb-novaci.png Новаци MK.NV MK-55 Новаци 755 3.549 Пелагониски македонски
Голем грб на Општина Ново Село.svg Ново Село MK.NS MK-56 Ново Село 257 11.567 Југоисточен македонски
Coat of arms of Ohrid Municipality.svg Охрид MK.OD MK-58 Охрид 392 55.749 Југозападен македонски
Grb-petrovec.jpg Петровец MK.PE MK-59 Петровец 222 8.255 Скопски македонски
албански
Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево MK.PH MK-60 Пехчево 208 5.517 Источен македонски
Grb-plasnica.jpg Пласница MK.PN MK-61 Пласница 54 4.545 Југозападен македонски
турски
Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп MK.PP MK-62 Прилеп 1.198 76.768 Пелагониски македонски
Coat of arms of Probištip Municipality.svg Пробиштип MK.PT MK-63 Пробиштип 326 16.193 Источен македонски
Coat of arms of Radoviš Municipality.svg Радовиш MK.RV MK-64 Радовиш 502 28.244 Југоисточен македонски
Coat of arms of Rankovce Municipality.svg Ранковце MK.RN MK-65 Ранковце 240 4.144 Североисточен македонски
Coat of arms of Resen Municipality.svg Ресен MK.RE MK-66 Ресен 549 16.825 Пелагониски македонски
Coat of arms of Rosoman Municipality.svg Росоман MK.RM MK-67 Росоман 133 4.141 Вардарски македонски
Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај[9] MK.AJ MK-68 Сарај (населба) 230 35.408 Скопски македонски
албански
Former coat of arms of Sveti Nikole Municipality.svg Свети Николе MK.SL MK-69 Свети Николе 483 18.497 Вардарски македонски
Grb na Sopište.png Сопиште MK.SS MK-70 Сопиште 223 5.656 Скопски македонски
албански
Grb-staro nagoricane.jpg Старо Нагоричане MK.NA MK-71 Старо Нагоричане 515 4.840 Североисточен македонски
српски
Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга MK.UG MK-72 Струга 469 63.376 Југозападен македонски
албански
Coat of arms of Strumica Municipality.svg Струмица MK.RU MK-73 Струмица 311 54.676 Југоисточен македонски
Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани MK.SU MK-74 Студеничани 276 17.246 Скопски македонски
албански
Coat of arms of Tearce Municipality.svg Теарце MK.TR MK-75 Теарце 137 22.454 Полошки македонски
албански
Coat of arms of Tetovo Municipality.png Тетово MK.ET MK-76 Тетово 262 86.580 Полошки македонски
албански
Грб на Општина Центар.svg Центар[10] MK.CE MK-77 Центар (населба) 9 45.412 Скопски македонски
Coat of arms of Centar Župa Municipality.svg Центар Жупа MK.CZ MK-78 Центар Жупа 107 6.519 Југозападен македонски
турски
Coat of arms of Čair Municipality.svg Чаир[11] MK.CI MK-79 Чаир (населба) 53 64.773 Скопски македонски
албански
Caska grb1.jpg Чашка MK.CA MK-80 Чашка 727 7.673 Вардарски македонски
албански
Coat of arms of Češinovo-Obleševo Municipality.svg Чешиново-Облешево MK.CH MK-81 Облешево 133 7.490 Источен македонски
Čučer Sandevo grb so boi.JPG Чучер Сандево MK.CS MK-82 Чучер Сандево 215 8.493 Скопски македонски
албански
српски
Coat of arms of Štip Municipality.svg Штип MK.ST MK-83 Штип 583 47.796 Источен македонски
Coat of arms of Šuto Orizari Municipality.svg Шуто Оризари[12] MK.SO MK-84 Шуто Оризари (населба) 6 22.017 Скопски македонски
ромски

Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):

Грб Општина HASC[13] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[14]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици
Coat of arms of Vraneštica Municipality.png Вранештица MK.VC MK-15 Вранештица 109 1.322 Југозападен македонски
турски
Coat of arms of Drugovo Municipality.svg Другово MK.DR MK-28 Другово 383 3.249 Југозападен македонски
Coat of arms of Zajas Municipality.svg Зајас MK.ZA MK-31 Зајас 161 11.605 Југозападен македонски
албански
Coat of arms of Oslomej Municipality.png Осломеј MK.OS MK-57 Осломеј 137 10.420 Југозападен македонски
албански

Означени карти со врски[уреди]

Карта на општините во Македонија од 2004 до 2013 година
Карта на општините во Македонија од 2013 година

Белешки[уреди]

  Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
  Хиерархиски административни поделбени кодови (HASC): поврзани со ISO поддржавните кодови

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]