Брешко

Координати: 42°12′35″N 21°57′49″E / 42.20972° СГШ; 21.96361° ИГД / 42.20972; 21.96361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брешко
Брешко во рамките на Македонија
Брешко
Местоположба на Брешко во Македонија
Брешко на карта

Карта

Координати 42°12′35″N 21°57′49″E / 42.20972° СГШ; 21.96361° ИГД / 42.20972; 21.96361
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17011
Надм. вис. 500 м
Брешко на општинската карта

Атарот на Брешко во рамките на општината
Брешко на Ризницата

Брешко — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Козјачија, крај реката Петрошница. Се наоѓа во ридски предел на најзападните падини на планината Герман, на надморска височина од 600 м. Атарот е мошне мал, со површина од само 1,6 км2[2]

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Брешко било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Брешка (Брѣшка) имало 108 жители, Македонци христијани.[3][4]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брежко имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5] Според бугарски извори, сите 12 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Според податок од 1998 г. Брешко поседува 65,8 ха обработливо земјиште 70,6 ха пасишта и 5,4 ха шуми.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194877—    
195378+1.3%
196168−12.8%
197153−22.1%
198145−15.1%
ГодинаНас.±%
199128−37.8%
199416−42.9%
200216+0.0%
20218−50.0%

Според пописот од 2002 година, во селото Брешко имало 16 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 108 80 77 78 68 53 45 28 16 16 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Брешко е македонско село.

Родови во селото се:

  • Доселеници: Џамбасци (3 к.) доселени се од селото Аљинце. Таму биле тројца браќа, двајца останале во Алинце а третиот се иселил во Брешко; Копиљаци (3 к.) и Џакерци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.[12]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Според истражувањата направени во XX век, родови со потекло од Брешко има во следниве населени места:

  • Руѓинце, Оп. Ст. Нагоричане: Брештанци (6 куќи) — забележано во 1971 г.[12]
  • Миладиновци, Оп. Илинден: Максимови (1 куќа), доселени во 1926 г. — забележано во 1953 г.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 39. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  6. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област.
  13. Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955,

Надворешни врски[уреди | уреди извор]