Канарево

Координати: 42°11′12″N 21°55′9″E / 42.18667° СГШ; 21.91917° ИГД / 42.18667; 21.91917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Канарево
Канарево во рамките на Македонија
Канарево
Местоположба на Канарево во Македонија
Канарево на карта

Карта

Координати 42°11′12″N 21°55′9″E / 42.18667° СГШ; 21.91917° ИГД / 42.18667; 21.91917
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 48 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1314
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17043
Надм. вис. 498 м
Канарево на општинската карта

Атарот на Канарево во рамките на општината
Канарево на Ризницата

Канарево — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948509—    
1953466−8.4%
1961518+11.2%
1971465−10.2%
1981307−34.0%
ГодинаНас.±%
1991145−52.8%
1994129−11.0%
200281−37.2%
202148−40.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Канарево имало 81 жител, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 44 Македонци и 4 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 322 400 509 466 518 465 307 145 129 81 48
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Канарево е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ѓоринци (9 к.), Џамбасци (9 к.), Стојановци (7 к.), Куравци (4 к.), Баба-Достинци (3 к.), Галагинци (3 к.), Бели-Вусци (3 к.), Аџијини (1 к.), Бошковци (1 к.), Поповци (11 к.) и Церовци (2 к.)
  • Доселеници: Поповци (5 к.) и Дренчанци (3 к.) доселени се во различен период од селото Дренок кај Крива Паланка; Стојановци (1 к.) потекнуваат од православен Ром. Доселени се од селото Бајловце; Костадиновци (4 к.), Мацанци (3 к.), Додинци (3 к.), Прчовчанци (3 к.), Јовановци (1 к.) и Павлевци (1 к.) доселени се во различен период од селото Аљинце; Ѓуринци (4 к.) и Дејловчанци (3 к.) доселени се од селото Жељувино; Николинци (9 к.) и Милосковци (5 к.) доселени се од селото Калово кај Трговиште (Горна Пчиња).[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]