Руѓинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руѓинце
Руѓинце во рамките на Македонија
Руѓинце
Местоположба на Руѓинце во Македонија
Руѓинце на карта

Карта

Координати 42°8′51″N 21°58′30″E / 42.14750° СГШ; 21.97500° ИГД / 42.14750; 21.97500Координати: 42°8′51″N 21°58′30″E / 42.14750° СГШ; 21.97500° ИГД / 42.14750; 21.97500
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 35 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1314
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17088
Надм. вис. 535 м
Руѓинце на општинската карта

Атарот на Руѓинце во рамките на општината
Руѓинце на Ризницата

Руѓинце — село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Козјачија, околу 18 км североисточно од општинското средиште Старо Нагоричане. Северно од самото село минува автопатот А2, поточно делницата Куманово - Крива Паланка. Низ источниот дел на атарот, покрај неколку маала минува потокот Ругински Дол.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Веља Страна.[2]

На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ругинци имало 520 Македонци, сите под Егзархијата, и во селото работело бугарско училиште.[3][4] Според тајна преписка на Бугарскиот конзулат во Скопје, во 1906 г. сите 65 куќи во селото под притисок на српската пропаганда го признале врховенството на Цариградската патријаршија.[5]

Во учебната 1907/08 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото има работело српско патријаршиско училиште.[6]

За време на Првата светска војна Ругинци имало 437 жители.[7]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948612—    
1953712+16.3%
1961692−2.8%
1971550−20.5%
1981308−44.0%
ГодинаНас.±%
1991137−55.5%
1994124−9.5%
200275−39.5%
202135−53.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Руѓинце имало 75 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 30 Македонци, 1 Србин и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 520 612 712 692 550 308 137 124 75 35
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови[уреди | уреди извор]

Руѓинце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Нешинци (6 к.), Ивковци (6 к.) и Павловци (6 к.)
  • Доселеници: Паланчанци (6 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Брештанци (6 к.) доселени се од селото Брешко; Калинци (5 к.) доселени се од селото Димонце; Чичарејци (1 к.) доселени се од селото Куклица кај Кратово; Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Орах; Николовци (4 к.) доселени се од некое околно село, козјачко; Додаци (6 к.), Мишаци (6 к.), Партурци (4 к.), Јовановци (2 к.), Милошовци (11 к.), Шолевци (1 к.), Мечкарци (2 к.) и Газдевци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Арсевци (3 к.) они се православни Роми.[15] Доселени се од селото Коњух.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

После Втората светска војна многу население се иселиле во разни градови од бивша Југославија.

Постари и понови иселеници имало и во Макреш (Младенови), Анѓеловци се иселиле некаде во Србија. А исчезнале и Глогинци.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“
Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 126–127..
  5. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
  6. Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I. Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
  7. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 31“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-02-20.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
  16. „Цркви“. Архивирано од изворникот на 2014-04-15. Посетено на 2010-07-31.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]