Враготурце

Координати: 42°17′9″N 21°52′54″E / 42.28583° СГШ; 21.88167° ИГД / 42.28583; 21.88167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Враготурце
Враготурце во рамките на Македонија
Враготурце
Местоположба на Враготурце во Македонија
Враготурце на карта

Карта

Координати 42°17′9″N 21°52′54″E / 42.28583° СГШ; 21.88167° ИГД / 42.28583; 21.88167
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 27 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17019
Надм. вис. 926 м
Враготурце на општинската карта

Атарот на Враготурце во рамките на општината
Враготурце на Ризницата

Враготурце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948175—    
1953183+4.6%
1961174−4.9%
1971158−9.2%
1981132−16.5%
ГодинаНас.±%
199173−44.7%
199468−6.8%
200255−19.1%
202127−50.9%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Враготурце имало 55 жители, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 21 Македонец и 6 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 214 258 175 183 174 158 132 73 68 55 27
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Враготурце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

  • Стари родови со непознато потекло: Павловци (8 к.), Танасковци (5 к.), Петровци (3 к.), Величковци (2 к.), Даринци (1 к.) и Ѓеринци (1 к.)
  • Доселени: Кметовци (5 к.) потекнуваат од предокот Стојан, кој се доселил од некое село во ќустендилско, Бугарија. Он во старото место убил некој човек, па пребегнал во Враготурце, тогаш селото имало само 3-4 куќи, во турско време овој род бил многу богат, држел околу 200 овци; Мачиштанци (2 к.) порано живееле на местото викано Мачиште, и по тоа го добиле името, тоа место припаѓа на манастирот Прохор Пчински, по местото каде живееле и го добиле името; Стајинци (1 к.) доселени се однекаде, они се најмал род.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]