Цветишница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветишница
Цветишница во рамките на Македонија
Цветишница
Местоположба на Цветишница во Македонија
Цветишница на карта

Карта

Координати 42°18′03″N 22°00′55″E / 42.30083° СГШ; 22.01528° ИГД / 42.30083; 22.01528Координати: 42°18′03″N 22°00′55″E / 42.30083° СГШ; 22.01528° ИГД / 42.30083; 22.01528
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17104
Надм. вис. 1000 м
Цветишница на општинската карта

Атарот на Цветишница во рамките на општината
Цветишница на Ризницата

Цветишница (или Цветишинци) — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Козјачија и е од разбиен тип, така што надморската висина се движи од 900 до 1.000 м. Атарот зафаќа површина од 4,3 км2[2] Североисточниот дел на атарот се граничи со Србија (Општина Трговиште).

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Цветишница било мало македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Цветишинци имало 140 жители, сите Македонци христијани.[3][4]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Цветишници имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5]

За време на Првата светска војна Цветишница била во состав на Општина Рамно и броела 69 жители.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Според податок од 1998 г. Цветишница има 196 ха обработливо земјиште, 170 ха шуми и 48 ха пасишта.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948107—    
1953128+19.6%
1961141+10.2%
197193−34.0%
198143−53.8%
ГодинаНас.±%
199119−55.8%
199430+57.9%
200221−30.0%
20213−85.7%

Според пописот од 2002 година, во селото Цветишница имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 80 107 128 141 93 43 19 30 21 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Родови[уреди | уреди извор]

Цветишница е македонско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 310. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  6. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 32“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-09.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]