Загорци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Загорци
Загорци во рамките на Македонија
Загорци
Местоположба на Загорци во Македонија
Загорци на карта

Карта

Координати 41°32′51″N 22°18′18″E / 41.54750° СГШ; 22.30500° ИГД / 41.54750; 22.30500Координати: 41°32′51″N 22°18′18″E / 41.54750° СГШ; 22.30500° ИГД / 41.54750; 22.30500
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22016
Надм. вис. 515 м
Загорци на општинската карта

Атарот на Загорци во рамките на општината
Загорци на Ризницата

Загорци — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче.

Историја[уреди | уреди извор]

Местото е населено уште од железното време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Манастир кое се наоѓа на 200-300 м југоисточно од селото.[2]

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948222—    
1953246+10.8%
1961222−9.8%
1971158−28.8%
198164−59.5%
ГодинаНас.±%
199114−78.1%
199412−14.3%
200210−16.7%
20211−90.0%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 210 жители, сите Македонци.[3] Според податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne), во селото во 1905 година живееле 232 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 10 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 232 222 246 222 158 64 14 12 10 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Загорци е македонско село.[10]

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Староседелци: Калешковци (6 к.). Анчовци (9 к.). Стојчовци (6 к.). Гоговци (2 к.) и Бочваровци (2 к.)

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Загорци, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1615 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Манастир — населба од железното време и средновековен сакрален објект

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 мај 2016.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]