Старо Лагово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Старо Лагово
Старо Лагово во рамките на Македонија
Старо Лагово
Местоположба на Старо Лагово во Македонија
Старо Лагово на карта

Карта

Координати 41°17′40″N 21°32′8″E / 41.29444° СГШ; 21.53556° ИГД / 41.29444; 21.53556Координати: 41°17′40″N 21°32′8″E / 41.29444° СГШ; 21.53556° ИГД / 41.29444; 21.53556
Општина  Прилеп
Население 30 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20100
Старо Лагово на општинската карта

Атарот на Старо Лагово во рамките на општината
Старо Лагово на Ризницата

Старо Лагово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото лежи 7 километи јужно од Прилеп. Негови соседни населби се: Ново Лагово, Волково, Чумово и Беровци. Во селото има 3 извора кои на лето пресушуваат. Во дворовите на куќите има бунари. Старо Лагово — село од збиен тип. Селото е мало и не се дели на маала. Потезите во околу селото се нарекуваат: Бел Камен, Каменица, Боздо, Чекут, Подово, Гладница, Арапица, Слива, Ѓупски Маала и Дујгас.

Историја[уреди | уреди извор]

До 1912 година селото се нарекувало Лагово. Истата година на 2,5 километри е основана колонистичка населба населена со Срби од Далмација - Ново Лагово. Од тогаш селото се вика Старо Лагово. Старо Лагово било читлукајбијско село. Жителите биле момоци во читлуците. Поради тоа во селото нема стари родови. За време на Турците во Старо Лагово ниедна христијанска куќа земја немала. Во 1912 година затекнати се 5 читлуци: Сулејманов, Фајков, Мединче, Тарагоски и Селим-Чосески. Сопствениците живееле во Прилеп. Турчинот Мединче во 1909 година изградил убава триспратна кула која постои и денес. Денес е манастир на Православната Охридска Архиепископија. Постојниот параклис и манастир и е посветен на Успение на Пресвета Богородица. После 1912 година селаните си откупиле поголем дел од земјата. Само Заревци од Прилеп (со потекло од Зрзе) со аграрната реформа добиле околу 30 хектари земја. Таа земја им е одземена во 1949 година. Старо Лагово нема црква до 2002 година. Селските гробишта се источно од селото. Селска слава е вториот и третиот ден од Велигден.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194895—    
1953205+115.8%
1961161−21.5%
197193−42.2%
198174−20.4%
ГодинаНас.±%
199147−36.5%
199449+4.3%
200217−65.3%
202130+76.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Старо Лагово живееле 80 жители, сите Македонци.[2] Според податоците на секретарот на егзархијатаДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]

Во 1954 година има 14 стално населени куќи. Четири семејства преку лето живеат таму, а на зима во Прилеп. Бројот на домаќинства низ годините изнесувал:

  1. 1921 - 10;
  2. 1948 - 18;
  3. 1961 - 37;
  4. 1971 - 22.

Според пописот од 2002 година, селото Чумово брои 17 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 27 Македонци и 3 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 96 95 205 161 93 74 47 49 17 30
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Старо Лагово е македонско село.

Во Старо Лагово ги има следните родови:

  1. Карамановци (две куќи - слава Митровден), познати по тоа дека како момци секаде шетале по селата. Во Старо Лагово дошле од селото Карамани, Битола.
  2. Ташковци (една куќа - слава Митровден). Дошле во 1910 година од Мало Коњари, а претходно живееле во Галичани.
  3. Славевци (една куќа - слава Свети Никола). Дошшле во 1916 година од Прилепец.
  4. Мариовци (четири куќи - слава Свети Никола). Дошле во 1926 година од Вепрчани, Мариово.
  5. Лешковци (четири куќи - слава Свети Никола). Дошле во 1926 година од Сланско, Поречие.
  6. Дурлевци (една куќа - слава Света Петка). Дошле во 1930 година од соседно Волково.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1431 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 313. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]