Драчевица (Скопско)

Координати: 41°52′56″N 21°26′32″E / 41.88222° СГШ; 21.44222° ИГД / 41.88222; 21.44222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драчевица

Панорама на Драчевица

Драчевица во рамките на Македонија
Драчевица
Местоположба на Драчевица во Македонија
Драчевица на карта

Карта

Координати 41°52′56″N 21°26′32″E / 41.88222° СГШ; 21.44222° ИГД / 41.88222; 21.44222
Регион  Скопски
Општина  Студеничани
Област Торбешија
Население 305 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1050
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25043
Надм. вис. 490 м
Драчевица на општинската карта

Атарот на Драчевица во рамките на општината
Драчевица на Ризницата

Драчевица — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на надморска височина од 490 м. Атарот е ридски и зафаќа површина од 16,7 км2[2] Низ добар дел од атарот тече потокот Тими Дол, кој во северниот дел се влева во реката наречена Река, а таа пак, посеверно, завршува како притока на Маркова Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Стари опстанати куќи.

Подрачјето на Драчевица е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од градиштето Кале на 1,3 км југоисточно од селото.[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 г. Драчевица се состоела од 150 Арнаути муслимани.[4]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 424 жители.[5]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Драчевица (Dračevica) како албанско село.[6]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ја обележал Драчевица како албанско село.[7]

Сепак, имајќи ги предвид македонските родови иселени од Драчевица во други села, јасно е дека ова село било изворно македонско. Доселените Албанци кои потоа ја спровеле албанизацијата биле дојдени од северна Албанија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Драчевица има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 985,1 ха шуми, 375,4 ха обработливи површини и 263,1 ха пасишта.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948616—    
1953655+6.3%
1961643−1.8%
1971645+0.3%
1981584−9.5%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994380—    
2002250−34.2%
2021305+22.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслиманско домаќинство. На овој попис биле забележани 45 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 96 жители.[8]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 424 жители.[5]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во селото Драчевица живееле 150 жители, сите Албанци[9] од муслиманска вероисповед.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Горно Количани и има 462 жители.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[11]

Интересен е податокот што на пописите од 1961 и 1971 г. огромен дел од населението се изјаснило како Турци,[12] бидејќи имало голем интерес за иселување во Турција. Почнувајќи од 1970-тите населението почнало да се намалува и денес е значајно помало од тогашното. Жителите не се заведени во 1991 г. поради одлуката да го бојкотираат пописот. Во 1994 г. селото имало 380 жители, албанско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Драчевица живееле 250 жители, од кои 248 Албанци и 2 останати.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 305 жители, од кои 1 Македонец, 268 Албанци и 36 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 150 616 655 643 645 584 0 380 250 305
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Училиштето.
  • Основно училиште - тоа се наоѓа на влезот на селото, односно на северниот дел на Драчевица

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Старата џамија.
Новата џамија.
Џамии
Археолошки наоѓалишта
  • Кале — градиште од римско и доцноантичко време

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Драчевица во подалечното минато се иселиле низа родови. Старите иселеници се македонски, додека поновите се албански. Според истражувања од 1950-тите родовите се следниве (дадени според тековното живеалиште):

Македонски
  • Горно Лисиче, Оп. Аеродром: Дандаровци (2 куќи), доселени таму во првите децении/средината на XIX век. Во периодот 1900-1920 живееле во Трубарево, за потоа многу кратко да живеат во Маџир Маало (иако некои Дандаровци останале сè уште во Трубарево), и на крај повторно да се вратат во Горно Лисиче[19][20]
  • Јурумлери, Оп. Гази Баба: Ѓечовци (4 куќи), доселени таму откако прво се преселиле во Драчево[21]
Албански
  • Батинци, Оп. Студеничани: Исовци (4 куќи) и Бајрамовци (9 куќи)[19]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 113. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 372. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  6. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  7. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  8. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  9. Албанците биле забележани како Арнаути.
  10. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  12. Драчевица — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  13. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. 19,0 19,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
  20. Никола Милошевски (галабија Дандаровци). Историски познавања и сеќавања на фамилијата Дандаровци од Горно Лисиче. Пристапено на 20 јуни 2021.
  21. Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]