Јурумлери

Координати: 41°58′1″N 21°33′24″E / 41.96694° СГШ; 21.55667° ИГД / 41.96694; 21.55667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јурумлери

Поглед на дел од селото Јурумлери

Јурумлери во рамките на Македонија
Јурумлери
Местоположба на Јурумлери во Македонија
Јурумлери на карта

Карта

Координати 41°58′1″N 21°33′24″E / 41.96694° СГШ; 21.55667° ИГД / 41.96694; 21.55667
Општина Гази Баба
Население 3.256 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1047
Шифра на КО 25069, 25569
Надм. вис. 227 м
Јурумлери на општинската карта

Атарот на Јурумлери во рамките на општината
Јурумлери на Ризницата

Јурумлери — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Скопското Поле, на 7 километри источно од Скопје и 43 километри северно од Велес, во југоисточниот дел на подрачјето на Општина Гази Баба и на десната страна од патот Скопје-Велес. Селото е рамничарско, на надморска височина од 227 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

За настанокот на селото и неговото име е забележана една легенда дека Хавзи-паша од Скопје на почетокот на XIX век тука доселил Грци од епирскиот град Јанина кои биле вешти во правењето шалитра[2]. По нив селото го добило името (веројатно од турскиот назив за нив). Потоа тие бргу исчезнале, голем дел изумреле, а некои се преселиле во Скопје.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948542—    
1953637+17.5%
19611.057+65.9%
19711.246+17.9%
19812.061+65.4%
ГодинаНас.±%
19913.256+58.0%
19943.326+2.1%
20022.983−10.3%
20213.256+9.2%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Урумлер и било христијанско, каде имало 26 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 90 мажи христијани, со 10 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 154 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јурумлери живееле 285 жители, од кои 180 Турци и 95 Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јурумлери имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 други жители.[7]

Јурумлери е мошне големо село, со значителна емиграција на населението. Така, тоа во 1961 година имало 1.057 жители, од кои 846 биле Македонци, 34 Албанци, 2 Турци, 19 Срби и 156 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 3.326 жители, од кои 2.865 биле Македонци, 28 Албанци, 308 Роми, 4 Власи, 69 Срби и 52 останати.

На пописот од 2002 година, селото имало 2.983 жители, од кои 2.523 Македонци, 25 Албанци, 331 Ром, 2 Власи, 58 Срби и 43 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.256 жители, од кои 2.522 Македонци, 54 Албанци, 342 Роми, 7 Власи, 62 Срби, 15 останати и 254 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 542
1953 506 23 3 92 8 ... 3 637
1961 846 34 2 ... ... 19 ... 156 1.057
1971 1.012 14 168 ... 28 ... 24 1.246
1981 1.728 12 237 50 ... 34 2.061
1991 2.745 28 306 1 72 104 3.256
1994 2.865 28 308 4 69 52 3.326
2002 2.523 25 331 2 58 43 2.983
2021 2.522 54 342 7 62 15 254 3.256

Родови[уреди | уреди извор]

Јурумлери е мешано село.

Според истражувањата од 1953 година родови во селото се:

Македонски

  • Доселеници: Робевци (5 к.) најстар македонски род во селото. Доселени се во првата половина на XIX век од селото Булачани на Скопска Црна Гора, таму имале кумови наречени Јаневи; Савески (2 к.) доселени се во XIX век, но не знаат од каде точно; Дуњечковци (2 к.) доселени се во XIX век од Долно Лисиче. Една нивна гранка прешла во Јурумлери, а од таму во Кадино; Корабџиовци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде точно; Кумановци (2 к.) доселени се од селото Идризово. А таму од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Трубарево и Мралино; Јовевчиња (2 к.) доселени се од Горно Водно; Стојанови (1 к.) и Илијоски (4 к.) доселени се од селото Идризово во текот на Првата светска војна; Ѓечовци (4 к.) доселени се од Драчево, а таму од Драчевица. Во Драчево имаат роднини; Ицкови (4 к.) доселени се во 1922 година од селото Раштак. Таму припаѓале на родот Николови. По преданието овој род потекнувал од предок Албанец-католик од околината на Скадар во северна Албанија. Од таму предците се доселиле во селото Рашче, па потоа некој предок заминал во Раштак. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 40 г. во 1953 година) Димитрија-Димо-Ристо-Ѓорче, кој прешол од Рашче во Раштак. Николови поради тоа што порано биле католици го имаат прекарот латини; Гурмешови (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште на Скопска Црна Гора. Таму имале роднини; Емширови (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Кучевиште; Патлиџанои (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Соње. Таму имале роднини, подалечно потекло од Кумановско; Пунџови (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Соње; Спасови (3 к.) доселени се во 1937 година од селото Горно Соње. Таму биле староседелци; Водњани (2 к.) доселени се во 1930 година од Горно Водно, таму имале роднини; Калајџиови (3 к.) доселени се во 1942 година од селото Раштак. Они се деленици од Ицкови; Стојкови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Раштак; Младеновчиња (1 к.), Тутуној (1 к.), Бачови (2 к.) и Младенови (2 к.) доселени се во 1942 и 1944 година од Горно Соње; Пупунчеви (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Раштак; Караманови (1 к.) и Ѓевкови (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Раштак; Јосифои (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Горно Соње. Таму имале роднини, подалечно потекло од Дебарско; Николеи (1 к.) и они се од Горно Соње; Пометкои (1 к.) доселени се од Сопиште. Таму биле староседелци; Петкоски (1 к.) доселени се од селото Орах кај Куманово.

Ромски

  • Доселеници: Селимовци (2 к.), Дурчевци (4 к.), Бафтијарови (2 к.), Џемаилови (2 к.), Идризови (3 к.), Беќирови (1 к.), Дестанови (1 к.) и Шаин Алија (1 к.) овде живеат уште од турско време.

Албански

Срби

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.91
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 207.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
  12. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]