Општина Гази Баба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Општина Гази Бабаопштина во состав на Град Скопје.

Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Гази Баба

Map of Gazi Baba Municipality, Macedonia.svg

Знаме на Општина Гази Баба Грб на Општина Гази Баба
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Скопје
Површина 110,86 км²
Демографија
Население 72.617 жители
- проценка од 31.12.2012 76.182 жители
Густина на население 655,03 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Тони Трајковски
Совет 27 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Гази Баба 1000 Скопје
Телефон 02 3226-655
Факс 02 3231-258
Портал Службен портал

Географиja[уреди]

Се наоѓа во северниот дел на Р. Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел се наоѓа во рамница под обработлива површина (65% од вкупната територија) со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел (Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината. Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково. Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км.

Површина: 92км2, голем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба.

Историja[уреди]

Просторот на кој се протега општината, со своите географски и стратешки обележја, се среќава низ речиси сите епохи.

Откривањето на археолошкото наоѓалиште "Тумба Маџари" од младото камено време (неолит), укажува на фактот дека на овие простори се живеело и се творело од самиот почеток на човештвото. Од наодите откриени во населбата се истакнуваат керамички модели на куќи оформени во вид на фигура на жена, кои во современото живеење на Општина Гази Баба стануваат дел од идентитетот и симболите на општината.

Името на Општина Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби - Гази Баба кој живеел во периодот на 14 век.

Подоцна низ вековите, територијата на која се протега денешната општина била препознатлива и како место кое изобилува со верски објекти и богати извори на вода.

Од современата историја на Општина Гази Баба за одбележување е повторното нејзино формирање на 3 ноември 1976 година, со што станува конститутивна организациона единица на градот Скопје. Од тогаш тој ден претставува патронен празник на општината.

Со осамостојувањето на Република Македонија Општина Гази Баба станува дел од главниот град на Републиката и негова комуникациска и сообраќајна порта.

Историски села[уреди]

На територијата на општината се наоѓа и историското село Виниче, на еден километар источно од с. Црешево.

Економија[уреди]

Општина Гази Баба е најголемата индустриска зона на градот Скопје и Република Македонија, и на нејзина територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија. Бруто домашниот производ по жител изнесува 11.964 USD (според попис од 2002г.). Квалитетно земјиште, поволна сообраќајна положба и вкупна комунална инфраструктура, стручна работна сила, научни, образовни, здравствени и други институции, потоа традиција во одвивање на одделни дејности, како и големината и квалитетот на економската структура, се битни потенцијали во развојната стратегија на Општина Гази Баба како дел од градот Скопје.

Демографија[уреди]

Број на жители: 72.222 (според пописот од 2002г.), и според бројот на жители претставува една од поголемите општини во Република Македонија.

Демографската структура на општината според етничката припадност: Македонци 73,5%, Албанци 17,3%, Срби 2,9%, Роми 2,9%, Турци 0,8%, Власи 0,3%, и останати 1,3%.

Просечна возраст: На населението е 32,9 години, до 20 години 31,3 %, до 40 години 62,6%, 60 години и повеќе 10,3%.

Општествени институции[уреди]

Администрација и политика[уреди]

Совет на Општина Гази Баба во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (7)
  ДУИ (1)
  ДПА (1)

Културни и природни знаменитости[уреди]

Збратимени Општини[уреди]

Редовни настани[уреди]

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]