Административна поделба на Македонија
| Република Македонија |
Оваа статија е дел од серијалот: |
|
|
|
|
Портал „Политика“ |
Административната поделба на Македонија ги опфаќа административните едници од кои е составена државата. Таа ги опфаќа општините, но тука се вбројуваат и регионите кои имаат статистички цели. Исто така оваа статија ги опфаќа административните поделби на Народна Република Македонија и Социјалистичка Република Македонија, каде имало и околии. Денес, единици на локалната самоуправа во Македонија се општините и Градот Скопје како посебна административна единица.
Содржина |
Историја [уреди]
1952 - 1955 [уреди]
Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на околии, потоа на градови, градски општини и општини.
1955 - 1957 [уреди]
Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 86 на број. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
| околија | општина | населени места |
|---|---|---|
| Битолска | ||
| Битола | ||
| Бистрица | ||
| Демир Хисар | ||
| Дихово | ||
| Долнени | ||
| Кривогаштани | ||
| Крушево | ||
| Кукуречани | ||
| Мориово | ||
| Новаци | ||
| Плетвар | ||
| Прилеп | ||
| Тополчани | ||
| Кумановска | ||
| Клечевце | ||
| Кратово | ||
| Крива Паланка | ||
| Куманово | ||
| Липково | ||
| Орашец | ||
| Ранковце | ||
| Старо Нагоричане | ||
| Табановце | ||
| Охридска | ||
| Асамати | ||
| Белчишта | ||
| Брод | ||
| Велешта | ||
| Дебар | ||
| Зајас | ||
| Кичево | ||
| Косел | ||
| Луково | ||
| Манастирец | ||
| Осломеј | ||
| Охрид | ||
| Ресен | ||
| Струга | ||
| Челопеци | ||
| Скопска | ||
| Бутељ | ||
| Ѓорче Петров | ||
| Драчево | ||
| Петровец | ||
| Ракотинци | ||
| Идадија | ||
| Кале | ||
| Кисела Вода | ||
| Саат Кула | ||
| Тетовска | ||
| Врапчиште | ||
| Гостивар | ||
| Жеровјани | ||
| Маврово | ||
| Ростуша | ||
| Сараќино | ||
| Тетово | ||
| Теарце | ||
| Титоввелешка | ||
| Богданци | ||
| Богомила | ||
| Валандово | ||
| Гевгелија | ||
| Градско | ||
| Демир Капија | ||
| Дојран | ||
| Извор | ||
| Кавадарци | ||
| Конопиште | ||
| Неготино | ||
| Отовица | ||
| Титов Велес | ||
| Чашка | ||
| Штипска | ||
| Берово | ||
| Босилово | ||
| Василево | ||
| Виница | ||
| Делчево | ||
| Кочани | ||
| Конче | ||
| Лакавица | ||
| Ново Село | ||
| Облешево | ||
| Пехчево | ||
| Пробиштип | ||
| Радовиш | ||
| Радање | ||
| Свети Николе | ||
| Струмица | ||
| Џумајлија | ||
| Штип | ||
| Извор: | „Службен весник на Народна Република Македонија“, среда29 јуни 1955 |
1957 - 1965 [уреди]
Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле вкупно 73, т.е. 61 на број според подоцнежното укинување на 12 општини. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
| околија | општина | населени места | белешка |
|---|---|---|---|
| Битолска | |||
| Битола | |||
| Бистрица | Населените места Буково, Крстоар и Орехово биле припоени кон Општина Битола. | ||
| Демир Хисар | |||
| Дихово | Населеното место Брусник било припоено кон Општина Битола. | ||
| Долнени | |||
| Кривогаштани | |||
| Крушево | |||
| Кукуречани | |||
| Мориово | |||
| Новаци | |||
| Плетвар | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Прилеп. | ||
| Прилеп | |||
| Тополчани | |||
| Кумановска | |||
| Клечевце | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била поделена на Општина Кратово, Општина Старо Нагоричане и Општина Орашац. | ||
| Кратово | |||
| Крива Паланка | |||
| Куманово | |||
| Липково | |||
| Орашац | |||
| Ранковце | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена Општина Крива Паланка. | ||
| Старо Нагоричане | |||
| Табановце | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била поделена на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане и Општина Липково. | ||
| Охридска | |||
| Белчишта | |||
| Брод | |||
| Дебар | |||
| Кичево | |||
| Косел | |||
| Осломеј | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Кичево. | ||
| Охрид | |||
| Ресен | |||
| Струга | |||
| Скопска | |||
| Бутељ | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била поделена на Општина Кале и Општина Саат Кула. | ||
| Ѓорче Петров | |||
| Драчево | |||
| Петровец | |||
| Ракотинци | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Кисела Вода. | ||
| Идадија | |||
| Кале | |||
| Кисела Вода | |||
| Саат Кула | |||
| Тетовска | |||
| Врапчиште | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Гостивар. | ||
| Гостивар | |||
| Жеровјани | |||
| Маврово | |||
| Сараќино | |||
| Тетово | |||
| Теарце | |||
| Титоввелешка | |||
| Богданци | |||
| Богомила | |||
| Валандово | |||
| Гевгелија | |||
| Градско | |||
| Кавадарци | |||
| Конопиште | |||
| Неготино | |||
| Отовица | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Титов Велес. | ||
| Титов Велес | |||
| Чашка | |||
| Штипска | |||
| Берово | |||
| Босилово | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била поделена на Општина Василево, Општина Струмица и Општина Ново Село. | ||
| Василево | |||
| Виница | |||
| Делчево | |||
| Кочани | |||
| Ново Село | |||
| Облешево | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Кочани. | ||
| Пехчево | |||
| Пробиштип | |||
| Радовиш | |||
| Свети Николе | |||
| Струмица | |||
| Џумајлија | Општината опстојувала од 1957 до 1962 кога била припоена со Општина Свети Николе. | ||
| Штип | |||
| Извор: | „Службен весник на Народна Република Македонија“, сабота 13 јули 1957 | „Службен весник на Народна Република Македонија, петок 9 февруари 1962 година“ |
1965 - 1996 [уреди]
Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.
1996 - 2004 [уреди]
| број | општина | населени места покрај центарот на општината |
|---|---|---|
| 1 | Берово | Будинарци, Владимирово, Двориште, Мачево, Митрашинци, Русиново, Стојмирово и Ратево |
| 2 | Пехчево | Негрево, Панчарево, Робово, Умлена, Црник и Чифлик. |
| 3 | Битола | Лавци, Брусник, Дихово, Нижеполе, Магарево, Трново, Братин Дол, Раштани, Долно Оризари, Горно Оризари, Логоварди, Поешево, Буково, Орехово, Трн, Карамани, Крклино и Снегово. |
| 4 | Бистрица | Барешани, Велушина, Злокуќани, Канино, Острец, Граешница, Кишава, Драгош, Лажец, Породин, Жабени, Кравари, Оптичари, Меџитлија, Кременица, Олевени, Крстоар, Горно Егри, Долно Егри и Средно Егри. |
| 5 | Новаци | Гнилеж, Тепавци, Балдовенци, Грумази, Долно Орехово, Паралово, Врањевци, Биљаник, Гнеотино, Рибарци, Суводол, Мегленци, Арматуш, Далбеговци, Долно Агларци, Горно Агларци, Добромири и Ново Село. |
| 6 | Бач | Гермијан, Живојно, Совиќ, Добровени, Брод, Велесело, Сливица, Полог и Скочивир. |
| 7 | Старавина | Маково, Рапеш, Зовиќ I, Зовиќ II, Градешница, Будимирци, Груништа, Орле, Брник, Ивени и Петалино. |
| 8 | Могила | Трновци, Свето Тодори, Подино, Новоселани, Лознани, Ивањевци, Долно Српци, Долна Чарлија, Горна Чарлија, Вашарејца, Беранци и Радобор. |
| 9 | Кукуречани | Црновец, Лопатица, Габалавци, Лисолај, Црнобуки, Облаково, Секирани, Драгожани, Драгарино, Ново Змирново, Старо Змирново и Древеник. |
| 10 | Цапари | Ротино, Српци, Рамна, Лера, Доленци, Ѓавото, Кажани, Маловиште, Стрежево, Свиниште, Метимир и Гопеш. |
| 11 | Добрушево | Мусинци, Алинци, Путурус, Мојно, Дедебалци, Црничани, Ношпал, Будаково и Трап. |
| 12 | Македонски Брод | Вир, Горно Манастирец, Долни Манастирец, Долно Крушје, Горно Крушје, Грешница, Девич, Драгов Дол, Дреново, Латово, Крапа, Модриште, Локвица, Сланско, Слатина, Суводол, Томино Село, Старо Село, Тополница, Требино, Црешнево, Ижиште, Русјаци и Ореовец. |
| 13 | Самоков | Ковач, Бенче, Битово, Елизанско, Брест, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Зркле, Заград, Звечан, Здуње, Калугерец, Ковче Косово, Лупште, Могилец, Тажево, Брезница, Белица, Рамне, Растеш, Требовље, Инче и Сушица. |
| 14 | Пласница | Преглово, Дворци и Лисичани. |
| 15 | Валандово | Бајрамбос, Башибос, Дедели, Казандол, Кочули, Прстен, Раброво, Собри, Татарли, Чалакли, Балинци, Брајковци, Грчиште, Јосифово, Марвинци, Удово, Ајранли, Аразли, Булунтули, Вејсели, Градец, Ѓулели, Пирава, Плавуш, Терзели, Честево, Баракли и Башали. |
| 16 | Виница | Виничка Кршла, Градец, Грљани, Драгобраште, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, . Лески, Пекљани, Трсино, Црн Камен и Лаки. |
| 17 | Блатец | Липец |
| 18 | Гевгелија | Кованци, Моин, Мрзенци, Негорци, Ново Коњско, Прдејци, Серменин, Хума, Конско и Богородица. |
| 19 | Миравци | Петрово, Габрово, Давидово, Милетково и Смоквица. |
| 20 | Богданци | Стојаково, Селемли и Ѓавато. |
| 21 | Стар Дојран | Нов Дојран, Фурка, Црничани, Ѓопчели, Николиќ, Сретеново, Куртамзали, Дурутли, Органџали, Севендекли, Чаушли и Хумабос. |
| 22 | Гостивар | Чајле, Балин Дол, Мало Турчане, Беловиште и Дебреше. |
| 23 | Неготино-Полошко | Ломница, Горјане, Гурѓевиште, Калиште, Градец, Добри Дол и Сенокос. |
| 24 | Врапчиште | Врановци, Зубрвце, Ново Село, Пожаране, Галате и Топлица. |
| 25 | Ростуша | Скудриње, Присојница, Јанче, Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјани, Лазарополе, Гари, Осој, Тресонче, Галичник, Болетин, Росоки, Селце, Сушица (Ростушка) и Могорче. |
| 26 | Маврови Анови | Маврово, Леуново, Никифорово, Врбен, Богдево, Кракорница, Беличица, Бродец, Ничпур, Нистрово, Бибај, Рибница, Нивиште, Грекај, Тануше, Волковија, Сенце, Жужње, Сретково, Церово, Орќуше, Дуф, Ново Село и Кичиница. |
| 27 | Чегране | Тумчевиште, Корито и Форино. |
| 28 | Долна Бањица | Сушица, Симница, Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица и Митрој Крсти. |
| 29 | Србиново | Лакавица, Куново, Трново, Страјане, Железна Река и Падалиште. |
| 30 | Вруток | Долно Јеловце, Горно Јеловце, Здуње, Лешница, Печково, Равен и Речане. |
| 31 | Дебар | Баниште, Долно Косоврасти, Горно Косоврасти, Кривци, Отишани, Рајчица, Селокуќи, Спас, Татар Елевци, Хаме, Џепиште, Бомово, Власиќи, Коњари, Трнаниќ и Оџовци. |
| 32 | Центар Жупа | Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Горенци, Елевци, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Праленик, Кочишта, Евла, Пареша, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Житинени, Црно Боци, Голем Папрадник и Долгаш. |
| 33 | Делчево | Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Драмче, Звегор, Илиово, Киселица, Косово, Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик. |
| 34 | Македонска Каменица | Дулица, Косевица, Костин Дол, Луковица, Моштица,Тодоровци, Цера и Саса. |
| 35 | Демир Хисар | Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаково, Журче, Загориче, Кутретино, Лесково, Ново Село, Обедник, Ракитница, Света, Сладуево, Слепче, Смилево, Стругово, Суводол, Утово, Прибилци, Кочиште и Растојца. |
| 36 | Сопотница | Велмевци, Мало Илино, Големо Илино, Железнец, Зашле, Брезово, Доленци, Бабино, Базерник, Жван, Радово, Слоештица, Суво Грло, Мренога, Вирово, Боиште и Церово. |
| 37 | Кавадарци | Бегниште, Ваташа, Возарци, Гарниково, Глишиќ, Дабниште, Добротино, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Кошани, Марена, Праведник, Раец, Ресава, Сопот, Фариш, Шешково, Шивец, Брушани, Галиште и Грбовец. |
| 38 | Конопиште | Рожден, Мајден, Р'жаново, Радња, Мрежичко, Бојанчиште, Куманичево, Бунарче, Страгово, Г. Бошава, Д. Бошава, Крњево, Чемерско, Бохула и Клиново. |
| 39 | Росоман | Рибарци, Сирково, Паликура, Манастирец, Трстеник, Камен Дол, Дебриште, Мрзен, Ораовец и Крушевица. |
| 40 | Кичево | Кпежино, Раштани, Трапчин Дол, Осој, Мамудовци и Лазаровци. |
| 41 | Другово | Србјани, Доленци, Брждани, Видрани, Пополжани, Долно Добреноец, Горно Добреноец, Подвис, Јудово, Лавчани, Малкоец, Кленоец, Попоец, Извор, Горна Душегубица, Долна Душегубица, Иванчишта, Ехловец, Манастирско, Доленци, Јаварец, Свињиште, Козица, Белица, Прострање, Мало Црско, Големо Црско, Цер и Кладник. |
| 42 | Осломеј | Бериково, Папрадиште, Јагол, Јагол Доленци, Туин, Поповјани, Арангел, Ќафа, Жубрино, Црвивци, Премка, Шутово, Србица, Ново Село, Стрелци и Гарани. |
| 43 | Вранештица | Староец, Карбуница, Челопеци, Бигор Доленци, Миокази, Речани, Челопечка, Орланци, Крушица, Светораче, Козичино, Патец, Рабетино, Дупјани и Атишта. |
| 44 | Зајас | Мидинци, Тајмиште, Колари, Бачишта, Речани, Зајашко, Лешница, Грешница, Длапкин Дол, Букојчани, Горно Страгомиште, Долно Страгомиште и Колибари. |
| 45 | Кочани | Бели, Горно Градче, Долно Градче, Јастребник, Лешки, Нивичани, Пантелеј, Полаки, Припор, Тркање, Црвена Нива, Пашаџиково, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци, Грдовци и Рајчани. |
| 46 | Чешиново | Жиганци, Лепопелци, Врбица и Соколарци. |
| 47 | Облешево | Ново Селани, Бурилчево, Кучичино, Теранци, Чифлик, Спанчево, Бања и Уларци. |
| 48 | Зрновци | Видовиште и Мородвис. |
| 49 | Оризари | Вранинци, Безиково, Пресека, Речани, Костин Дол, Ново Село, Прибачево, Главовица и Небојани. |
| 50 | Кратово | Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Железница, Живалево, Кетеново, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово, Шопско Рударе, Кнежево, Луково, Каврак, Емирица и Којково. |
| 51 | Крива Паланка | Б'с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Дренак, Дрење, Добровница, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњјак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т'лминци, Трново и Узем. |
| 52 | Ранковце | Отошница, Вржогрнци, Гулинци, Станча, Опила, Ветуница, Радибуш, Љубинци, Одрено, Петралица, Криви Камен, Милутинце, Гиновци, Псача, Герман, П'клиште, и Баратлија. |
| 53 | Куманово | Агино Село, Бедиње, Биљановце, Брзак, Вакв, Винце, Горно Коњаре, Д'лга, Доброшане, Долно Коњаре, Карабичане, Карпош, Лопоте, Љубодраг, Ново Село, Проевце, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен. |
| 54 | Липково | Лојане, Ваксинце, Слупчане, Оризари, Белановце, Алашевце, Извор, Гошинце, Р'нковце, Думановце, Стрима, Глажња, Отља, Злокуќане, Матејче, Виштица, Ропалце, Никуштак, Опае, Руница и Стража. |
| 55 | Орашац | Живење, Скачковце, Габреш, Кутлибег, Пезово, К'шање, Кокошиње, Кучкарево, Новосељане, Колицко и Градиште. |
| 56 | Клечовце | Довезанце, Орах, Бељаковце, Јачинце, Зубовце, Косматац, Мургаш, Војник, Стрезовце, Дренок, Ругинце и Облавце. |
| 57 | Старо Нагоричане | Стрновац, Драгоманце, Врачевце, Пузајка, Пелинце, Карловце, Коинце, Степанце, Жегљане, Враготурце, Малотино, М'гленце, Кокино, Рамно, Буковљане, Длабочица, Цветишница, Арбанашко, Бајловце, Дејловце, Брешко, Жељувино, Цвиланце, Макреш, Канарево, Аљинце, Добрача, Осиче, Алгуња, Никуљане, Челопек и Младо Нагоричане. |
| 58 | Крушево | Арилево, Бучин, Врбоец, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Милошево, Острилци, Пресил, Пуста Река, Свето Митрани, Алданци, Норово, Белушино, Јакреново, Саждево, Борино, Селце и Бирино. |
| 59 | Житоше | Локвени и Подвис. |
| 60 | Неготино | Брусник, Вешје, Војшанци, Горни Дисан, Долни Дисан, Дуброво, Криволак, Курија, Пепелиште, Пештерница, Тимјаник, Тремник, Црвени Брегови, Јаношево, Калањево, Липа, Џидимирци и Шеоба. |
| 61 | Демир Капија | Прждево, Бесвица, Дрен, Барово, Драчевица, Чифлик, Кошарка, Челевец, Иберли, Корешница, Бистренци, Клисура, Копришница и Стрмашево. |
| 62 | Охрид | Велестово, Елшани, Коњско, Љубаништа, Пештани, Подмоле, Рамне, Долно Лакочереј, Трпејца, Шипокно, Лескоец, Велгошти, Орман, Горно Лакочереј, Рача, Елешец, Долно Коњско, Населба Исток, Лагадин и Свети Стефан. |
| 63 | Белчишта | Велмеј, Горно Средоречие и Долно Средоречие, Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново, Злести, Ботун, Лешани, Песочани, Слатино, Слатински Чифлик, Оздолени, Сошани, Ново Село, Брежани, Црвена Вода, Грко Поле, Мраморец, Издеглавје, Сливово и Турје. |
| 64 | Косел | Скребатно, Вапила, Сирула, Ливоишта, Расино, Куратица, Свиништа, Плаќе, Речица, Завој и Опеница. |
| 65 | Мешеишта | Оровник, Горенци, Требеништа, Волино и Климештани. |
| 66 | Прилеп | Беловодица, Беровци, Варош, Волково, Галичани, Голем Радобил, Дабница, Дрен, Кадино Село, Крстец, Леништа, Мал Радобил, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Плетвар, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Царевиќ, Чумово, Штавица, Мажучиште, Мало Рувци, Големо Коњари I и II и Мало Коњари. |
| 67 | Долнени | Браилово, Саранлиново, Мало Мраморани, Сенокос, Забрчани, Дупјачани, Горно Село, Небрегово, Дреновци, Десово, Слепче, Гостиражни, Стровија, Маргари, Долгаец, Зрзе, Сливје, Костинци, Црнилиште, Секирци, Пешталево, Рилево, Ропотово, Дебреште, Кошино, Лажани, Средорек, Бело Поле, Вранче, Кутлешево, Новоселани, Заполжани, .Дабјани и Жабјани. |
| 68 | Тополчани | Тројкрсти, Загорани, Васелчани, Чепигово, Шелеверци, Алинци, Ерековци, Клепач, Канатларци, Марул, Бонче, Подмол и Лопатица. |
| 69 | Кривогаштани | Врбјани, Славеј, Обршани, Крушеани, Пашино Рувци, Бела Црква, Воѓани, Кореница, Годивје, Боротино, Мирче Ацев и Заполжани II. |
| 70 | Витолиште | Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Живово, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште и Гуѓаково. |
| 71 | Пробиштип | Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Дренок, Зарапинци, Калниште, Куково, Кундино, Лезово, Марчино, Неокази, Пестришино, Петршино, Пишица, Плешанци, Индустриска населба, Пуздерци, Стрисовци, Стрмош и Трооло. |
| 72 | Злетово | Лесново, Древено, Шталковица, Турско Рудари, Бунеш, Ратавица, Трипатанци , Јамиште и Зелениград. |
| 73 | Радовиш | Али Коч, Бучим, Воиславци, Дамјан, Инево, Калаузлија, Козбунар, Коџалија, Ораовица, Погулево, Прналија, Ралиш, Сулдурци, Супурге, Тополница, Шипковица, Штурово, Али Лобаси, Држани, Дурутлија, Каралобоси, Караџалар, Коселија, Сариѓол, Худаверлија, Чешме Маале, Ново Село, Шаинташ, Калуѓерица и Папавница. |
| 74 | Конче | Лубница, Скоруша, Загорци, Гарван, Габревци, Ракитец, Горни Липовик, Долни Липовик, Дедино, Негреновци,
Горна Враштица, Долна Враштица и Долни Радеш. |
| 75 | Подареш | Јаргулица, Покрајчево, Злеово и Смиланци. |
| 76 | Ресен | Асамати, Болно, Горно Крушје, Грнчари, Евла, Златари, Избишта, Јанковец, Козјак, Кривени, Курбиново, Лева Река, Подмочани, Претор, Рајца, Сопотско, Петрино, Илино, Долна Бела Црква, Дрмени, Долно Перово, Горна Бела Црква, Езерани, Горно Дупени, Покрвеник, Прељубје, Волкодери, Пурленци, -Брајчино, Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Лескоец, Љубојно, Стење, Коњско, Лавци, Крани, Арвати, Сливница, Отешево, Стипона и Царев Двор. |
| 77 | Свети Николе | Алакинце, Амзабегово, Арбасанци,
Богословец, Буриловци, Горно Ѓуѓанце, Долно Ѓуѓанце, Горно Црнилиште, Горобинци, Дедисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Кнежје, Крушица, Макреш, Малино, Мечкуевци, Мустафино, Немањица, Орел, Павлешенци, Патетино, Пеширово, Преод, Ранчинци, Сопот, Стануловци, Стањевци, Строиманци, Трстеник, Нова Мездра и Стара Мездра. |
| 78 | Лозово | Дурфулија, Каратманово, Милино, Ќоселари, Сарамзалино, Аџиматово, Гуземелци, Кишино, Бекирлија и
Аџибегово. |
| 79 | Струмица | Вељуса, Добрејци, Просениково, Баница, Водоча, Дабиље, Градско Балдовци, Попчево, Белотино и Рич. |
| 80 | Ново Село | Бадоле, Стиник, Барбарево, Бајково, Ново Коњарево, Зубово, Старо Коњарево, Самоилово, Држасево, Смолари, Мокриево, Колешино, Мокрино, Габрово, Борисово и Сушица. |
| 81 | Василево | Пиперово, Градошорци, Ангелци, Едрениково, Требичино, Варварица, Седларци, Владиевци, Сушево, Доброшинци, Нова Маала, Висока Маала, Чанаклија, Нивичино, Кушкулија, Дукатино и Радичево. |
| 82 | Босилово | Петралинци, Сарај, Гечерлија, Робово,
Еднокуќево, Бориево, Радово, Старо Балдовци, Дрвош, Хамзали, Турново, Иловица, Штука и Секирник. |
| 83 | Куклиш | Свидовица, Три Води, Костурино, Орманли, Дорломбос, Мемешли, Злешево, Чепели и Раборци. |
| 84 | Муртино | Моноспитово, Банско, Габрово, Сачево и
Борисово. |
| 85 | Струга | Горна Белица, Октиси, Драслајца, Биџево,
Ложани, Мороишта, Долна Белица, Враниште, Радолишта, Мали Влај, Заграчани, Франгово, Шум, Вишни, Мислешево, Калишта и Радожда. |
| 86 | Луково | Безово, Брчево, Дренок, Јабланица, Лакаица, Локов, Модрич, Нерези, Пискупштина, ’Ржаново, Селци,
Буринец, Збажди, Присовјани и Глобочица. |
| 87 | Делогожди | Богојци, Ливада, Корошишта, Мислодежда, Ново Село, Поум, Џепин и Тоска. |
| 88 | Лабуништа | Подгорци, Бороец и Ташмаруништа. |
| 89 | Велешта | Добовјани, Горно Татеши и Долно Татеши. |
| 90 | Вевчани | |
| 91 | Тетово | Фалише, Лавце, Вејце, Мала Речица, Селце, Голема Речица и Сараќино. |
| 92 | Џепчиште | Једоарце, Отуње, Сетоле, Порој и Ѓермо. |
| 93 | Теарце | Одри, Нераште, Непроштено, Доброште, Глоѓи, Пршовце, Брезно, Слатино, Варвара, Лешок, Јелошник и Првце. |
| 94 | Брвеница | Долно Седларце, Челопек, Милетино, Блаце, Стенче, Волковија, Гургурница, Радиовце и Теново. |
| 95 | Камењане | Урвич, Јеловјане, Синичане, Долно Палчиште, Горно Палчиште, Новаќе и Горно Седларце. |
| 96 | Боговиње | Пирок, Раковец, Ново Село, Селце, Кеч и Жеровјане. |
| 97 | Шипковица | Лисец, Гајре, Бродец, Бозовце и Вешала. |
| 98 | Желино | Стримница, Горна Лешница, Долна Лешница, Добарце, Седларево, Луковица, Ларце, Мерово, Чифлик, Копачин Дол, Ново Село, Рогле, Групчин, Церово, Палатица, Озормиште и Требош. |
| 99 | Јегуновце | Раотинце, Копанце, Подбреѓе, Јанчиште, Прељубиште, Туденце, Сиричино, Шемшево, Жилче и Ратае. |
| 100 | Вратница | Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје. |
| 101 | Велес | Бабуна, Башино Село, Белештевица, Бузалково, Ветерско, Горно Каласлари, Дреново, Долно Каласлари, Горно Оризари, Иванковци, Карабуњиште, Кликовец, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Отовица, Ораовец, Раштани, Рлевци Рудник, Превалец, Сливник, С'лп, Сојаклари, Сопот, Црквино, Чалошево, Џидимирци, Долно Оризари и Ново Село. |
| 102 | Богомила | Теово, Согле, Ореше, Нежилово, Папрадиште, Црешнево, Ораов Дол, Габровник, Мокрени, Капиниво, Плевење и Бистрица. |
| 103 | Градско | Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Грнчиште, Двориште, Долно Чичево, Кочилари, Ногаевци, Подлес, Скачинци, Убого, Уланци, Свеќани, Згрополци и Куридере. |
| 104 | Чашка | Војница, Раковец, Отиштино, Бањица, Бусилци, Голозинци, Горно Врановци, Мелница, Лисиче, Ново Село, Крива Круша, Крајници, Еловец и Витанци. |
| 105 | Извор | Долно Врановци, Уши, Оморани, Мартолци, Владиловци, Крнино, Попадија, Поменово, Степанци, Смиловци и Стари Град. |
| 106 | Штип | Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Јамуларци, Лакавица, Липов Дол, Љуботен, Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Софилари, Степанци, Суво Грло, Сушево, Танатарци, Три Чешми, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија, Шопур, Судик, Лесковица, Ново Село, Скандалци, Тестемелци, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Стар Караорман и Никоман. |
| 107 | Карбинци | Радање, Аргулица, Таринци, Козјак, Црвулево, Припечани, Руљак, Калаузлија, Вртешка, Кучица, Долни Балван, Горни Балван, Горно Трогерци, Долно Трогерци, Крупиште, Батање, Јунузлија, Прналија, Кепекчелија, Кучилат, Ебеплија, Мичак, Оџалија, Мал Габер, Нов Караорман, Голем Габер, Курфалија и Муратлија. |
| 108 | Арачиново | Мојанци, Грушино, Орланци и Брњарци. |
| 109 | Студеничани | Батинци, Драчевица, Долно Количани, Горно Количани, Црвена Вода, Алдинци, Цветово, Елово, Црн Врв, Маркова Сушица, Вртекица, Малчиште, Умово, Пагаруша, Калдирец, Осинчани, Рамни Габер и Морани. |
| 110 | Зелениково | Пакошево, Ново Село, Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Смесница, Страхојадица, Тисовица, Добрино, Таор, Палиград, Орешани и Железничка станица Зелениково. |
| 111 | Петровец | ’Ржаничино, Долно Коњари, Средно Коњари, Горно Коњари, Сушица, Дивље, Летевци, Катланово, Бадар, Брезница, Кожле, Блаце, Огњанци, Градманци и Ќојлија. |
| 112 | Идинден | Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци, Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровце. |
| 113 | Сопиште | Добри Дол, Долно Солње, Горно Солње, Чифлик, Јаболци, Патишка Река, Барово, Света Петка, Говрлево, Нова Брезница, Држилово и Ракотинци. |
| 114 | Сарај | Крушопек, Копаница, Грчец, Љубин, Арнакија, Матка, Ласкарци, Чајлане, Семениште, Буковиќ, Паничари, Раовиќ, Бојане, Рудник, Глумово и Шишево. |
| 115 | Кондово | Радуша, Горно Свиларе, Долно Свиларе, Дворце, Рудник Радуша и Рашче. |
| 116 | Чучер-Сандево | Кучевиште, Побожје, Танушевци, Мирковци, Бањане, Горњане, Блаце, Глуво, Бразда, Брест и Бродец. |
| 117 | Гази Баба | Инџиково, Маџари, Трубарево, Стајковци, Црешево, Булачани, Страчинци, Раштак, Смиљковци, Јурумлери, Идризово, Синѓелиќ, Населба Гоце Делчев и Колонија Идризово. |
| 118 | Ѓорче Петров | Ново Село, Оризари, Волково, Никиштане, Орман, Кучково и Грачани. |
| 119 | Карпош | Бардовци, Долно Нерези, Горно Нерези,
Влае и Злокуќани. |
| 120 | Кисела Вода | Горно Лисиче, Долно Лисиче, Населба Драчево, село Драчево и Усје. |
| 121 | Центар | |
| 122 | Чаир | Визбегово, Бутел, Радишани, Љубанци и Љуботен. |
| 123 | Шуто Оризари | Горно Оризари и Долно Оризари. |
2004–денес [уреди]
Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):
| Грб | Општина | HASC[13] | ISO 3166-2:MK | Седиште на општината | Површина (km2)[14] |
Население (2002) |
Регион | Општински службени јазици |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Вранештица | MK.VC | MK-15 | Вранештица | 109 | 1.322 | Југозападен | македонски турски |
|
| Другово | MK.DR | MK-28 | Другово | 383 | 3.249 | Југозападен | македонски | |
| Зајас | MK.ZA | MK-31 | Зајас | 161 | 11.605 | Југозападен | македонски албански |
|
| Осломеј | MK.OS | MK-57 | Осломеј | 137 | 10.420 | Југозападен | македонски албански |
Општини [уреди]
Општините ги опфаќаат населените места кои влегуваат во нивен состав, утврдени со закон. Граница на општина се границите на катастарските општини на населените места во нејзиниот состав, во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија.
Секоја општина има име и седиште на општината. Седиштето на општината е во едно од населените места кои се во нејзин состав.
Град Скопје [уреди]
Подрачје на Градот Скопје претставува градското подрачје утврдено со закон.
Граница на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се границите на општините во градот Скопје во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија. Седиштето на општините во градот Скопје е во градот Скопје.
Етно-демографските импликации на новата територијална организација [уреди]
Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Во противници на предложената територијалната поделба вклучуваа се вброија повеќе опозициони партии, како и некои познати интелектуалци кои сметаа дека целиот процес на подготовка на новата територијална поделба се извршил крајно нетранспарентно, спротивно од волјата на граѓаните и дека е конципиран да направи етничка поделба помеѓу македонски и албански "територии". Некои од фактите и мислењата кои тие ги наведуваа се следните:
- Општина Гостивар која според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново се намали бројот на Македонците на 19,77%,. Со ова одредбите од рамковниот договор не важат за Македонците на локално ниво како малцинство.
- Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци, со припојување на општините Џепчиште и Шипковица нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на Албанци од Косово, а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во Гостивар.
- Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта,Делогожди,Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%,а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.
- На руралната Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа ова историски-важно македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска.
- На Општина Долнени која се наоѓа во северниот дел на Пелагонија (Прилепското поле) и се придодаде општината Житоше па бројот на Македонци се намали од 41,79% на 36,57%,а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени станs предоминантно муслиманска општина.
- Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се одалечени и повеќе од 20 км од него.
- Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Општина Кичево, со седиште во градот Кичево. Етничката слика и тука се изменила (види Општина Кичево).
Поддржувачите на новата територијална организација, кои ги опфаќаа владејачките партии, како и некои невладини организации сметаа дека со оваа поделба се исполнуваат обврските од Рамковниот Договор, а исто така се овозможува поголема независност на општините, односно фискална и физичка децентрализација, која би била невозможна доколку би постоеле микро-општини како во претходната организација.
Силниот отпор од страна на противниците на новата поделба резултираше со организирање на референдум. На референдумот мнозинството се искажа Против новата територијална поделба, но не беше постигнат потребниот процент од 51% учество на вкупното население. Незадоволството од овие промени е значително во македонската јавност.
Статистички региони [уреди]
Регионите на Македонија се усвоени во Собранието на Македонија на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели. Покрај регионите, првостепена административна поделба на Македонија се општините.
Најголем регион по површина е пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија. Руралните општини се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите.
Населени места [уреди]
Населеното место може да биде во состав само на една општина. Под поимот населени места се подразбираат градовите, селата и населбите. Секое населено место има име. На подрачјето на една општина, две или повеќе населени места, по правило, не можат да имаат исто име. Населеното место и неговата катастарска општина можат да бидат во состав само на една општина. Имињата на општините и населените места се утврдуваат со закон и можат да се изменат само со закон.
Град [уреди]
Град, во смисла на административната поделба на Република Македонија, согласно закон, е населено место кое има повеќе од 3.000 жители; има развиена структура на дејности, а над 51% од вработените се вон примарните дејности; има изградена урбана физиономија со зони за домување, стопанство, рекреација и јавно зеленило, плоштад, изграден систем на улици и комунални служби и претставува функционално средиште на населените места во опкружувањето. Граница на град, како се утврдува со генерален урбанистички план.
Село [уреди]
Село, во смисла на административната поделба на Република Македонија, согласно закон, е населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција. Граница на село, како населено место, се утврдува со урбанистички план за населеното место.
Наводи [уреди]
- Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, “Сл. весник на Република Македонија” бр. 55/04 од 16.08.2004 година
- Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, “Сл. Весник на Република Македонија” бр. 49/96 од 14.09.1996 година
Поврзано [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Административна поделба на Македонија“ |