Зрновци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зрновци
Zrnovci.jpg

Панорама на Зрновци

Зрновци се наоѓа во Македонија
Зрновци
Зрновци (Македонија)
Координати 41°51′15″ СГШ 22°26′39″ ИГД / 
Регион Кочанско Поле
Општина Grb-zrnovci.jpg Општина Зрновци
Население 2.221
Поштенски број 2305
Повикувачки број 033
Надморска височина 481 м.
Zrnovci Municipality.svg

Карта на Општина Зрновци со селските атари.

Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg


Зрновци е село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.221 жител.

Содржина

Етимологија [уреди]

За самиот назив Зрновци, постои предание меѓу народот дека настанал од "зрно и овци", што говори дека овој крај изобилувал со зрнени култури и со мошне развиено сточарство.

Географиja и местоположба [уреди]

Зрновци се наоѓа на 8 км јужно од градот Кочани, во подножјето на планината Плачковица. Тоа е на:

Зрновци се наоѓа на надморска висина од 481 м и како дел на Кочанска Котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговски Планини, а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица.

Демографија [уреди]

Според пописот од 2002 година[1], во општината Зрновци живеат 2.221 жители од кои:

Историска демографија [уреди]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 1880 жители, од кои 700 Македонцо, 1000 Турци и 180 Роми.[2] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 720 христијани[3]

Историja [уреди]

За постанокот на Зрновци, како и за многу други селски населби во Кочанската котлина, не се располага со конкретни изворни податоци кога е основано како населба. Плодната обработлива земја и поволните климатски услови го привлекле вниманието за населувањето уште од најстари времиња пред нашата ера. Меѓу најстарите жители било и племето Меди, кое припаѓало на народот Трачани. Меѓутоа, во II век пред нашата ера од 148 година, Кочанскиот регион потпаѓа под власт на Римјаните. Нивното владеење има позитивно влијание, и е од мошне големо значење, бидејќи ја култивизираат оваа географска средина и го интензивираат земјоделското производство. Со доаѓањето на словените од VI-VIII век, создаваната цивилизација со векови на ова тло, започнува да исчезнува. Значајни трагови од римското владеење постојат во Зрновци, Видовиште, Истибања и др. Меѓутоа, Словенскиот елемент преовладувал уште во првата половина на VII-иот век, создавајќи една компактна етничка основа која се одржала до денес.

Во средновековниот период за Зрновци, па и за многу други населби од Кочанската котлина не постојат поверодостојни податоци за нивниот постанок и развој. Постои едно народно предание од првата половина на XIV век за време на владеењето на Цар Душан и деспотот Јован Оливер. Имено, според него, еден богат човек од с. Зрновци имал три ќерки: Мара, Вида и Трајанка, кои ги омажил — Мара во Мородвис, Вида во Видовиште и Трајанка во Теранци. Така што по нивните имиња се претпоставува дека ги добиле имињата наведените села. Таткото на тие девојки наредил на подножието од планината Плачковица да се изгради канал за вода за наводнување, кој се протегал од с. Зрновци на исток, до с. Теранци на запад. Тој канал за вода и денес постои.

По смртта на деспотот Јован Оливер 1355 година со Зрновци и Кочанско-Виничкиот регион владееле браќата Константин и Јован Драгаш, а црковно потпаѓале под Мороздвиската, а потоа Злетовската епископија. Кон крајот на XIV век поточно 1395 година со доаѓањето на Турците овој крај потпаѓа под турска власт. Поради теророт на Турците над незаштитеното македонско население, дел од него мигрира од овој крај, а дел оди во ајдути, така што од Зрновци и другите селски населби во Кочанската котлина се повеќе се зголемува бројот на турското население.

Се претпоставува дека селото Зрновци, потоа Лески, Теранци, Блатец и други села во Кочанската котлина егзистирале во средниот век и во кои постоеле стари Словено-македонски родови "Корењаци". За положбата на населението "рајата" од Зрновци како и од цела Македонија, општопознато е дека била мошне тешка. Покрај теророт над македонското население, бес-платната работа - "ангарија" на селаните кај богатите турски бегови, тоа било оптоварено со многубројни и разновидни по својот карактер, даноци. Покрај тоа, населението било изложено на асимилаторската пропаганда од соседните Балкански буржоазии и нивните верски институции, меѓу кои посебно од Бугарската егзархија и Грчката патријаршија.

Со основањето на Бугарската егзархија 1870 година, откако македонскиот народ не успеал да основа своја посебна македонска афтокефална црква (да ја обнови Охридската архиепископија укината 1767 година), а бидејќи и понатаму не сакал да остане под јурисдикција на Цариградската патријаршија, најголем дел од населението од овој крај па и цела Македонија, влегол под водомството на Бугарската егзархија. Ставајќи се под ресорот на Бугарскиот, отколку грчкиот за нив туѓ јазик, македонското население од турските власти бил запишан во пописните тефтери ("нуфузи") како БУЛГАР МИЛЕТ т.е. бугарски народ, додека помал дел од кој и натаму останал под јуриздикција на Цариградската патријаршија, во турските пописни тефтери се водел како РУМ-МИЛЕТ т.е. грчки народ. Ваквото национално определување, турската власт го вршела според своето шеријатско право, според кое ако еден народ има своја призната црква од турските власти, тогаш, Високата порта му ја признавала неговата етничка посебност, а бидејќи македонскиот народ немал своја призната црква од турската власт, бил третиран како "Бугарски" односно "Грчки народ". Така што од 42 села во Кочанската каза во крајот на 19 век, од вкупно 19.500 жители, 18.000 биле егзархисти, од кои 720 во с. Зрновци односно 58% од населението во ова каза биле егзархиско.

Осетен удар на револуционерното движење во Зрновци и Кочанско-Виничкиот регион му било нанесено со познатата "Виничка афера" од декември 1897 година, со која практично била провалена Организацијата, а голем дел од нејзините членови уапсени или убиени. Конкретно, од селото Зрновци во извештајот на австроунгарскиот конзул од Скопје од 22 декември 1897 година № 228 во врска со Виничката афера се изнесува дека, турските власти по откривањето на оружјето на револуционерната ораганизација превзеле масовни репресивни мерки. Имено, турските војници и полицијата извршиле многубројни злочини, убиства, мачења, силувања и сл. во многу села меѓу кои во с. Зрновци. Во извештајот е речено дека поп Никола од с. Зрновци бил мачен со вжештено железо.

Според списокот на лицата тепани и масакрирани, силувани и убиени во с. Зрновци биле мачени и тепани речиси повеќето од селаните. Некои од нив се многу тепани. Меѓу последните е и учителот Ѓорѓи Коцев. Масакрирани: селскиот свештеник Никола обесен три часа за нозете, за рацете 24 часа, поставен во ладна вода неколку часа, горен со вжештено железо во задникот. Левата рака веќе му е осакатена. Тасо Мишев обесен и горен, Ѓорѓи Ампов обесен исто така . . ." се вели во извештајот на австроунгарскиот конзул во Скопје. И покрај тешкиот удар Организацијата од овој крај, дел од широките маси во Илинденското востание иако не масовно, сепак се вклучени. Во времето на Хуриетот односно младотурската револуција, Кочанската револуционерна организација била во рацете на луѓето на Тодор Александров, која со извесна недоверба гледала кон младотурската револуција организирајќи повеќе бомбашки или т.н. “магарешки атентати„ во Кочани, Штип и др. места.

Во текот и по Балканските војни Зрновци заедно со Кочанскиот регион потпаѓа под српска власт и тоа е крај на турското владеење во овој крај на и Македонија vоопшто. Со одлуките на Версајскиот мировен договор од 1919 година (непосредно по Првата светска војна) цела Вардарска Македонија била припоена кон новоформираното Кралство на СХС (Срби,Хрвати и Словенци).

Во денешно време со осамостојувањето на РМ како самостојна држава, општина Зрновци е прогласена како посебна единица на локална самоуправа во 1996 год. Во својот состав ги има трите села: Зрновци, Мородвис и Видовиште.

Економија [уреди]

Зрновци има основно училиште, амбуланта, летна бавча, кафулиња, зграда, кино сала, парк, пошта, интернет кафеа, ресторан, локален кабелски оператор итн.

Општествени институции [уреди]

ОУ “Тодор Арсов“

Од јавни објекти присутни се: О.У. "Тодор Арсов" 490 ученика во 28 паралелки и 40 вработени, Дом на културата со околу 250 седишта и кино сала со кино проектор, Соколана ( објект со широка сала ), Фудбалско игралиште со трибини, Летна бавча - ресторан со околу 400 седишта,локален пазар со неколку тезги,амбуланта, пошта и др.

Администрација и политика [уреди]

Градоначалник на Општина Зрновци е Блаже Станков. Советот на општината брои 13 членови.

Наводи [уреди]

Поврзано [уреди]

Портал „Македонија

Надворешни врски [уреди]