Осолница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Осолница

Воздушен поглед на селото Осолница

Осолница во рамките на Македонија
Осолница
Местоположба на Осолница во Македонија
Осолница на карта

Карта

Координати 41°27′20″N 20°33′38″E / 41.45556° СГШ; 20.56056° ИГД / 41.45556; 20.56056Координати: 41°27′20″N 20°33′38″E / 41.45556° СГШ; 20.56056° ИГД / 41.45556; 20.56056
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08028
Надм. вис. 700 м
Осолница на општинската карта

Атарот на Осолница во рамките на општината
Осолница на Ризницата

Осолница — раселено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на падините на планината Стогово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри.[2]

До селото води земјен пат, кој се исклучува од локалниот асфалтен пат за селото Праленик, кој пак се издвојува од регионалниот пат 2249.

Историја[уреди | уреди извор]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 4,9 км2.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948110—    
195372−34.5%
196119−73.6%
197110−47.4%
198110+0.0%
ГодинаНас.±%
19913−70.0%
19940−100.0%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 40 домаќинства со 34 жители христијани (Македонци) и 63 муслимани (Турци).[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Осолница живееле 330 жители, од кои 130 жители христијани Македонци и 200 муслимани Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осолница имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 50 Турци.[7]

Селото е наполно раселено по 1991 година, кога што броело тројца жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Осолница немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 144 110 72 19 10 10 3 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Осолница е турско село, а порано во него живеело македонско православно население.[13]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Асанлар (13 к.), се делат на Мифталар (1 к.), Екремлер (3 к.), Сеферлер (2 к.), Селамлар (2 к.), Абединлер (1 к.), Џемилер (1 к.), Рушидлар (1 к.) и Сефединлер (1 к.). Посебни родови се Мифтарлар (1 к.), наведените родови се доселени од Коџаџик и Дурмишлер (1 к.), доселени се од Броштица.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1954 година од селото се иселиле преку 20 семејства во Турција, сите се населиле во градот Адапазар.[13]

Од Македонците до 1954 година има иселеници во Видин, Скопје (населбата Ѓорче Петров), Белград, Софија, Солун, Цирих, Тетово, Петрич, Битола, Дебар, Кочани.[13]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Осолница било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0567 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Праленик.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 187 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[17]
Џамии[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 225.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 13,2 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/75-734. Посетено на 8 февруари 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  17. 17,0 17,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]