Општина Миравци

Координати: 41°18′28″N 22°26′5″E / 41.30778° СГШ; 22.43472° ИГД / 41.30778; 22.43472
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоименото село, видете Миравци.
Општина Миравци
денес дел од
Општина Гевгелија

Културниот дом во Миравци

Местоположба на поранешната општина Миравци
Знаме на Општина Миравци Грб на Општина Миравци
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Миравци
Регион Вардарски Регион
Основана 1996-2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 2319[1] жит.
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Миравципоранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Гевгелија. Седиште на општината било селото Миравци.[2]

Територијата на општина се наоѓала во регионот Бојмија. Најголема река во општината била Вардар. Општината се граничела со: Општина Гевгелија на југ, Општина Конопиште на запад, Општина Демир Капија на север и Општина Валандово на исток.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во општина Миравци живееле 2.626 жители. Според последниот попис од 2021 година, општината би имала 2.123 жители:

2002 2021
НАРОД број % број %
ВКУПНО 2.626 100 2.123 100
Македонци 2.604 99.16 2.036 95.9
останати 22 0.84 26 1.22
лица без податоци / / 61 2.87

Населени места[уреди | уреди извор]

ВКУПНО Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други Лица за кои податоците се преземени од административни извори
Општина Миравци 2.123 2.036 8 - - - 5 - 13 61
Габрово 5 5 - - - - - - - -
Давидово 302 299 - - - - - - - 3
Милетково 113 110 3 - - - - - - -
Миравци 1.392 1.335 5 - - - 2 - 8 42
Петрово 121 110 - - - - - - 1 10
Смоквица 190 177 - - - - 3 - 4 6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јули 2017.
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°18′28″N 22°26′5″E / 41.30778° СГШ; 22.43472° ИГД / 41.30778; 22.43472