Општина Белчишта

Координати: 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° СГШ; 20.83028° ИГД / 41.30278; 20.83028
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоименото село, видете Белчишта.
Општина Белчишта
денес дел од
Општина Дебрца

Поглед кон поранешната општинска зграда во Белчишта

Местоположба на поранешната општина Белчишта.
Општи податоци
Седиште Белчишта
Регион Југозападен Регион
Основана 1996-2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 2.940[1] жит.
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Белчиштапоранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Мешеишта и дел од територијата на Општина Охрид ја создале новата Општина Дебрца. Седиште на општината било селото Белчишта.[2]

Територијата на општина се наоѓала во регионот Дебрца. Најголема река во општината била Сатеска. Општината се граничела со: Општина Мешеишта и Општина Косел на југ, Општина Делогожди и Општина Луково на запад, Општина Другово на север и Општина Сопотница на исток.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Заедно со Општина Мешеишта, Општина Белчишта според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:[1]

Статистички податоци кои се водат и одделно за Општина Мешеишта и Општина Белчишта според пописот од 2002 година, етничкиот состав е следен:

Националност Општина Мешеишта Општина Белчишта
Македонци 2.403 2.921
Албанци 153 0
Турци 2 0
Роми 0 0
Власи 1 0
Срби 2 6
Бошњаци 0 0
останати 6 13

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 7 август 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° СГШ; 20.83028° ИГД / 41.30278; 20.83028